Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок што го воведе претходната влада, но Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. До компаниите е доставен предлог исплатата на солидарниот данок да […]

Со арбитражата, Казандол ја изгуби и концесијата, рудникот нема да се отвори, вели Мицкоски


Со губењето на спорот пред меѓународниот арбитражен суд, изгубена е и концесијата за рудникот Казандол, така што рудникот нема да се отвори. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на парапшања на новинарите по отворањето нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани. „Вистинското прашање е како во минатото пракса беше да се губат […]

Мицкоски: Македонија е шеста држава во привлекување на странски инвестиции во однос на БДП


Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Ние сме шеста држава по бројот, обемот и […]

Растот на платите ќе биде во зависност од растот на продуктивноста, најави Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата размислува зголемувањето на платите да биде врзано со растот на продуктивноста.  „Во делот на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста, односно поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по презентацијата на новопристигнатата […]

Мицкоски би платил политичка цена за мерки против скапотијата


  Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната најава дека Владата сака да донесе „не популарни, туку долгорочни решенија“ […]

Мицкоски сака сите работници да земаат по 1.000 евра минимална плата, но…


Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1.000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдкалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски. […]

Вјоса Османи за антиалбанските скандирања: Косово ќе го брани достоинството на Албанците, каде и да живеат


Косовската претседателка Вјоса Османи и пратениците од партиите што беа во опозиција минатиот мандат остро реагираа на антиалбанските скандирања за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија, што се одржа во Куманово на 2 август. Османи изјави дека антиалбанските скандирања што се слушаат во Куманово се неприфатливи и „го нарушуваат духот на соживотот […]

Мицкоски: Жртвата на претците нè потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите после нас


Премиерот Христијан Mицкоски, придружуван од вицепремиерот Изет Меџити, како и министерката за образование Весна Јаневска, положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред зградата на Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“. […]

Мицкоски: Оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро


Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за самостојност и […]

Мицкоски задоволен од намалените царини од САД, очекува да одат уште подолу


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази благодарност до САД за намлување на царините за извоз на македонски производи во оваа земја од 33 на 15 отсто, но истовремено рече дека очекува во наредниот период оваа стапка дополнително да се намали. „Ние сме од 33 проценти намалени на 15 отсто. Преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме, ословно […]

Владата ќе прави економски зони за производство на оружје и воена опрема


Владата ќе развива нов модел на привлекување странски директни инвестици со кој што ќе се обиде да доведе во земјава компании од воената индустрија. Ова денес во Собранието го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговарајќи на пратеничко прашање за странските директни инвестиции рече дека такво нешто веќе се разгледува од страна на Владата. Одговарајќи на […]

Мицкоски им порача на синдикатите и на работодавачите да зборуваат бројките, а не празната реторика


Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики. Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна […]

Мицкоски очекува убави вести од Вашингтон за царините


Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа какви импликации ќе има трговскиот договор постигнат викендот меѓу ЕУ и САД, рече дека очекува убави вести од Вашингтон за македонските извозници во САД. -Тоа што се постигна вчера беше усогласена заедничка изјава помеѓу Европската Унија и САД и бидејќи јавноста можеше да […]

Мицкоски за повикот на САД за царини кон Русија: Ќе ја следиме ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање за повикот на САД земјите од Европа да стават стопроценти царина на руските производи, рече дека ние како држава со усогласена политика со ЕУ ќе го следиме тој процес. -Ние сме прва држава од регионот која има стопроцентна усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, така […]

Мицкоски со нов став за пензиите: Процентуалното зголемување ќе се распредели подеднакво на сите


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска го модифицираше ставот за зголемување на пензиите – наместо претходно бомбастично најавените во интервју за Канал 5 илјада денари во септември и исто толку во март идната година, тој сега вели дека износот од процентуалното зголемување ќе се распредели на сите пензионери подеднакво. Ова е трето менување на ставот на […]

Мицкоски сака пет, а не една потрошувачка кошница


Премиерот Христијан Мицкоски денеска предложи да има пет потрошувачки кошница, за разни категории население, а не една како што сега. Тој смета дека треба да има одделни потрошувачки кошница за самци, за млади брачни парови, за тричлено  и четиричлено семејство и за пензионер.  “Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошница […]

„Одредете си цена за вашите деца“: Тешки детали од средбата на родителите од Кочани со премиерот Мицкоски


  Брегот не стигна кај родителите, затоа тие отидоа кај брегот. Неколку месеци родителите на загинатите и повредените млади луѓе од Кочани ги чекаат премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги посетат во нивниот град и отворено пред јавноста да разговараат за нивната тага, за опустошените семејства, за истрагата, за виновниците, за финансискиот […]

Владата пред избори подготвува повторно линеарно зголемување на пензиите. Еве за колку


Владата е „многу блиску“ до донесување одлука за линеарно зголемување на пензиите во октомври годинава и во април идната година за по илјада денари. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија при штпо рече дека тоа би се реализирало или преку закон по скратена постапка од страна на […]

Владата без конкретни мерки против поскапувањата, уште правела анализи


До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека сеуште се прават анализи и дека се размислува за неколку пристапи, не откривајќи повеќе детали. – Се уште се анализираат параметрите, имаме во голема мера […]

Мицкоски очекува растот на БДП во вториот квартал да е меѓу 4 и 6 отсто


Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека растот на домашниот бруто-производ во вториот квартал ќе го надмине оној од првите три месеци годинава и дека ќе изнесува меѓу 4 и шест отсто. Тој денеска изјави дека во мај индустриското производство бележи историски раст од 9,4 проценти, извозот на земјоделски производи е поголем за 57 отсто во првите […]