Берлинале: Приказната за штипјанката што скокна по крстот ја возбуди филмската критика
Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, што е во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, денеска во 9 часот беше прикажан пред новинарите и филмската критика. Проекцијата беше проследена со аплауз, а прес-конференцијата предизвика голем интерес кај новинарите. На бројните прашања одговараа режисерката Стругар Митевска, продуцентката и актерка Лабина […]