Уште една жртва на сообраќајка, загина 19 годишно момче кај Гевгелија


Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Струмица. Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на […]

Николоски во Миравци пушти во употреба новоизграден пазар


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија, најави дека се обезбедени 30 милиони денари за изградба на „Западен булевар“ во Гевгелија за кој очекува набрзо да започне неговата изградба. Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, […]

Кај Миравци пронадејни 14 мигранти


Вкупно 14 мигранти од кои 11 Авганистанци и тројца од Пакистан се пронајдени вчера попладне после клучката Миравци на автопатот Гевгелија – Скопје. Како што соопшти МВР, полицијата најпрво го забележала, а потоа и тргнала по возилото „Хонда“ во кое биле мигрантите. Се движело кон Скопје со голема брзина, имало скопски регистарски таблички, а со […]

Патнички воз прегази жител на Миравци


Шеесет и четиригодишен жител на гевгелиското Миравци загина во несреќа што се случи на влезот од железничката станица во селото. Според полицијата, вчера околу 11.55 часот, возот што сообраќал од Гевгелија кон Миравци удрил во С.Г. (64), кој починал на самото место. По увидот, телото е предадено за обдукција.