Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка


Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата […]

Минчев: Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на унапредување на условите за работа


По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати благодарност кон сите работници за нивниот труд, одговорност и секојдневна посветеност, со што, како што посочи министерот, директно придонесуваат за развојот на општеството. – Посебно сакам да ја истакнам улогата на административните службеници, кои со својата професионалност и ангажман […]

И Црна Гора ќе ни помага за јавната администрација да проработи


 Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството за јавна администрација на Црна Гора, со посебен акцент на реформите во јавната администрација и развојот на административните капацитети, стои во соопштението од […]

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции


Нема повеќе доживотни функции и недопирливи позиции во државната администрација. Управните одбори ќе се сведат на три члена, а статусот вршител на должност ќе биде исклучок, строго временски и правно ограничен. Ова денеска го истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите. На […]

Со дигитална алатка ќе се следи примената на Стратегијата за реформа на јавната администрација


Министерството за јавна администрација денеска ја промовираше унапредената ИТ алатка за следење на примената на Стратегијата за реформа на јавната администрација. На настанот организиран од Министерството за јавна администрација зборуваа министерот Горан Минчев и Маја Ханџиска Трендафилова – директор на Регионалната школа за јавна администрација ReSPA. Министерот Минчев, презентирајќи ги можностите на унапредената алатка, кажа […]

Дури 730 огласи за вработување пред избори, а Минчев најави крај на партиските вработувања


Во пресрет на есенските локални избори во Македонија, веб-страницата на Агенцијата за администрација е преплавена со огласи за вработување. Се бараат административни работници за во министерствата, општините, јавните претпријатија, болниците, а огласите се отворени до крајот на јули, по што започнуваат да важат изборните правила, согласно кои постапките треба да се стават во мирување, освен […]

Минчев: Усвоените реформски закони ќе значат крај за партиските вработувања


Усвоените реформски закони, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници ќе значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи што со години служеа како параван за нефункционалност, порача денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев. Тој на прес-конференција информираше дека овие […]

До 2026 година ќе се знае кој каде работи и колку плата зема


Министерството за јавна администрација денеска го презентираше Информацискиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) со кој за првпат во државата ќе има целосна и транспарентна слика за тоа кој каде е вработен, но и колкава плата добива. Очекувањата се дека на единствената дигитална платформа ИСУЧР, која е целосно во државна сопственост, до 2026 година […]

Законот за правична застапеност ќе биде испратен до Венецијанската комисија, при вработувањето ќе се регулира со подзаконски акти


Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а дури потоа ќе влезе во собраниска процедура.  Предлог-законот, како што денеска изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, е подготвен од група уставни експерти. Правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти откако ќе се […]

Министерот Минчев за вицепремиерот Меџити: „Алиса во Земјата на чудата“


  Дојде и до јавно големо спротивставување во рамките на Владата, па дури и потценување и омаловажување на првиот вицепремиер. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, му порача на вицепремиерот Изет Меџити, да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата и да не ветува вработувања за Албанците во администрацијата, затоа што тоа го […]

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто се преголема сума


По најавата за протест на 14 јануари на вработените во дел од министерствата, доколку не се прифати барањето да добијат 30 проценти додаток на плата, министерот за јавна администрација Горан Минчев изјави дека протестот е демократско право.  Во интервју за ТВ 24, тој кажа дека тоа прашање треба да се разговара со повеќе министерства, пред […]

Минчев: Управувањето со квалитет е клучно за модерна и одговорна јавна администрација


Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обратил на иницијалниот состанок на Координативното тело за управување со квалитет, каде што учествувале претставници од SIGMA, Европскиот институт за јавна администрација (EIPA), Регионалното училиште за јавна администрација (РЕСПА), како и членови на Координативното тело. Како што информираат од Министерството за јавна администрација, Минчев ја истакнал важноста […]

Кратењето на вработени во јавната администрација ќе почне од ресорното министерство


Реформата во јавната администрација со сите аномалии кои ги има, не е процес кој може да се заврши преку ноќ. Прво тоа е процес на носење закони, но тие мора да бидат содржајни, квалитетни и применливи, за понатаму да следи втората фаза, односно примената на овие закони. Во право сте, имаме преголема, пребавна јавна администрација. […]

Минчев ги слушна желбите на синдикалците пред промените во законите за јавната администрација


 Поголемо внимание да се посвети на постапката на вработување во јавната администрација и при вработувањето покрај образованието во предвид да се земат и компетенциите и неформалното образование, да се промени делот на пресметка на платите во јавниот сектор и тие да бидат врзани со просечната плата, бидејќи во предложеното решение тие се помали отколку во […]

Минчев: Постојат две можности делот за правична застапеност да биде имплементиран во законите


Постојат две можности делот за правична застапеност да биде имплементиран во законите. Првата е во Предлог-законот за административни службеници, Предлог-законот за вработените во јавниот сектор и Предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се во фаза на разгледување, а втората е да се оди со посебно законско решение кое што ќе биде […]

Минчев: Време е да сопрат партиските, етничките и роднинските вработувања во администрацијата


Регионалната школа за јавна администрација – ReSPA, го започна четвртиот модул од Регионалната академија за Процесот на креирање политики врз основа на докази, со фокус на „Креирање политики во дигиталниот свет“. Со повеќе од 35 претставници на владини институции, професионалци од средно и повисоко ниво вклучени во планирањето и координацијата на политиките во јавниот сектор, […]

Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд


  Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“, законското решение ќе почека додека нема конечна одлука, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово. Тој потенцираше дека лично ја […]

Општините вклучени во дебата за професионална и квалитетна јавна администрација


Во рамките на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ денеска во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС се одржа јавна дискусија за предлог законите за административни службеници, за вработени во јавниот сектор и за стручно усовршување и обука на административните службеници со учество на општинската администрација, а во […]

(Во живо) По состанокот во ЗЕЛС за подобра јавна администрација


Министерот за јавна администрација, Горан Минчев организираше јавна дискусија за предлог законите со учество на општинската администрација организирана од Министерството за јавна администрација со поддршка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”. 

Балансерот за министерот Минчев е завршена работа, за „Вреди“ тоа е нефункционално решение


Коалициските партнери во Владата ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ и вчера со реакции околу Балансерот. На изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека темата за Балансерот е завршена, архивирана и веќе се спроведува, од коалицијата „Вреди“ велат дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет за злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат […]