Синдикатот, работодавачите и Владата ќе ги вкрстат аргументите за минималната плата


Барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска треба да се најде на седница на Економско-социјалниот совет, која според најавите, треба да се одржи во 15 часот. За Сојузот на синдикати на Македонија, ова е последниот рок, а доколку не се постигне договор, најавуваат генерален штрајк. Од Владата велат дека минималната плата треба […]

Како до минимална плата од 18 илјади денари, ССМ бара веднаш, Владата повикува на дијалог


Во среда е закажан Економско-социјалниот совет на кој ќе се одлучува за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останти плати и за враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор. Од Сојузот на синдикати се закануваат со штрајк доколку […]

Тренчевска: Со ССМ денеска ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000


Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари, вели министерката за труд и […]

Зголемувањето на минималната плата не доведува до отпуштање работници


Зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите, покажува анализата што е изработена на барање на Сојузот на синдикати […]

Тренчевска: Со повисока минимална плата вработените ќе имаат поголема продуктивност


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната презентација на студијата за „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работење на фирмите“, во организација на Сојузот на синдикатите, поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт, рече дека анализата доаѓа во вистинско време кога отворено се зборува за зголемување на минималната плата на […]

Презентација на анализа за минималната плата и ефектите врз работењето на фирмите


Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), канцеларија Скопје заедно со професорите​ Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски и Драган Тевдовски изработија​ студија/анализа „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“ која ќе биде презентирана денеска во ССМ. Анализата ќе ја презентираат професорите Виктор Стојкоски и Бранимир […]

До крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, вели министерката Тренчевска


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека попладнево е остварена средба меѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски на која се разговарало за зголемувањето на минималната плата. Министерката, како што се посочува во соопштението, истакнала дека заложбата на Владата е зголемување на минималната плата на 18.000 денари […]

Минималната плата ќе се зголеми во вториот квартал годинава


Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија. 

ССМ и Владата на средба на 24 јануари, „на маса“ минималната плата и недела неработен ден


Средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Владата ќе се одржи на 24 јануари и на неа ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден. Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади […]

Битиќи: Подигнувањето на животниот стандард е највисок приоритет на Владата, минималната плата ќе продолжи да расте


Перцепцијата на граѓаните дека се живее потешко е поради двегодишниот удар кој влијае на економско и здравствено поле, се надоврзува и енергетскиот аспект. Тука се и потребите за задоволување на домаќинствата за храна, кадешто имаше ценовен скок, што не е производ на пазарната економија, туку на однесувањето на чинителите во пазарната економија, оцени вицепрмиерот за […]

Португалија ја зголемува минималната плата


Португалскиот премиер Антонио Коста одобри зголемување на минималната плата за шест отсто, порачувајќи, четири недели пред парламентарните избори, дека планираат нов циклус зголемувања следната година. „Од денеска, околу 880.000 вработени ќе имаат корист од зголемувањето на месечната национална минимална плата на 705 евра“, напиша лидерот на Социјалистичката партија на Твитер. Ова е „зголемување од 40 […]

Минималецот во Црна Гора од јануари ќе биде 450 евра


  Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година ќе биде 450 евра. Овој Закон за кој гласаа 50 пратеници, е од програмата „Европа сега“. Собранието смета дека постои итност за стапување на законот на сила на денот на објавување […]

Минималната плата од 18.000 денари има за цел подигање на работничките права, велат од Владата


Aнгажманите на Владата се минималната плата да биде 18.000 денари што има за цел подигање, проширување на работничките права, истакна денеска портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Сојузот на стопански комори дека мерката е популистичка и дека ќе влијае на дестабилзиација на пазарот на труд. – Оваа […]

ССК се противи на „вештачко“ зголемување на минималната плата


Зголемувањето на минималната плата како резултат на политички популизам, а не на функционални пазарни механизми, на зголемена продуктивност на работната сила и зголемена економска активност, ќе доведе до намалување на работните места, раст на цените на производите и раст на сивата економија, порачуваат од Сојузот на стопански комори (ССК). Алармираат дека ваквата одлука ќе ги […]

Минималната плата од 18.000 денари не може да чека до март кога животните трошоци растат, велат од ССМ


Сојузот на синдикати на Македонија вчера поднесе предлог до Собранието и до Министерството за труд и социјална политика за донесување на закон со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари. ССМ бара и висината на минималната плата да не биде пониска од 60 отсто од просечната месечна нето-плата во последните три месеци, како и […]

ССМ бара минимална плата од 18.000 денари од 1 јануари, ако нема ќе повика на генерален штрајк


Сојузот на синдикатите на Македонија денеска соопшти дека во рамките на активностите кои следат по одржаниот голем работнички протест, до Министерството за труд и социјална политика и Координаторите на пратеничките групи во Собранието доставил Предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата во […]

Минималната плата и недела неработен ден да не се темелат на владин декрет, вели Азески


Никогаш повеќе од Комората нема да испратиме бизнисмен во Владата, вели Бранко Азески Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 изјави дека никогаш повеќе од комората нема да испратат свој бизнисмен во владата за да биде малцинство. – Имавме трипати такво искуство, со Хари Костов, Минчо Јорданов […]

Синдикатот бара достоинствена живеачка за работниците, недела неработен ден, поголема минимална плата…


Достоинствен живот за работниците, што подразбира неделата да биде неработен ден онака како што се согласија социјалните партнери и како што е предвидено во законското решение кое се уште не е изгласано во Собранието, но и поголема минимална плата и исплаќање регрес за годишен одмор за сите вработени, побраа денес на протест од Сојузот на […]

Германија ја зголемува минималната плата


Германија ќе ја зголеми минималната плата следната година на 9,19 евра за час. Потоа, во 2020 година, минимумот ќе биде 9,35 евра по час, ова е планот на комисијата назначена од владата во Берлин. Ова ќе го отвори патот за зголемување на личната потрошувачка во најголемата европска економија. Владата на канцеларката Ангела Меркел воведе минимална […]