МВР: Усогласување на минималната плата и покачување за 5 отсто во септември


Министерството за внатрешни работи информира дека платата на вработените ја исплатува врз основа на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор и дека согласно новиот Закон за минимална плата, минималната бруто плата изнесува 26.422 денари. -Платата за вработените  во  МВР, за најниското работно место, согласно систематизацијата на МВР, со статус на овластени лица и полициски […]

ССМ и ОРМ започнаа социјален дијалог за усогласување на платите во приватниот сектор


Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) остварија средба на која се дискутираше за потребата од усогласување на платите на работниците во приватниот сектор согласно порастот на минималната плата. – ССМ и ОРМ како единствени репрезентативни организации на работниците и на работодавачите се договорија преку социјален дијалог […]

Разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа МТСП


Министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска по денешната посета на производствените капацитети на компаниите „Јука“ во Велес и „Ука Комерц“ во Сарај на заедничка прес конференција дадоа објаснување за новите мерки за помош на компаниите за разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата. Бесими изјави дека […]

Внимателно ќе ја следиме имплементацијата на Законот за минимална плата, велат од ССМ


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека неговата одлучност во барањето за зголемување на мининалната плата на 18.000 денари резултирала со 90 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието да ги усвои Предлог – измените за дополнување на Законот за минимална плата и тие денеска да бидат објавени во Службен весник. Од ССМ им […]

Конференција за ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска организира конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“. Конференцијата ќе ја отвори претседателот на КСС Благоја Ралповски, а ќе се обратат Маја Папатолеска од Министерството за труд и социјална политика, универзитетскиот професор Лазар Јовевски, економскиот експерт Евелин Астор од Меѓународната конфедерација на […]

Пратениците едногласни – усвоени измените на Законот за минимална плата


Со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“ Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, кои треба да овозможат нејзино покачување на 18 илјади денари. И на денешното, како и на претходните продолженија на расправата за Предлог измените на Законот за минимална плата, можеа да се слушнат различни мислења од […]

Пратениците трет ден ќе расправаат за измените на Законот за минимална плата


Во Собранието денеска треба да продолжи дебатата за Предлог-измените на Законот за минимална плата. Собраниската расправа трае трет ден. Со ова законско решение, минималната плата од март треба да се зголеми на 18.000 денари од сегашните 15.200 денари. Очекувањата се дека ќе бидат опфатени околу 80.000 работници кои веќе во април ќе земат зголемена минимална […]

Продолжува собраниската расправа за Законот за минимална плата


Пратениците во Собранието денеска на пладне треба да ја продолжат расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Вчера на почетокот на расправата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон рече дека тој е подготвен […]

Во Собранието почна расправата за Законот за минимална плата


Во Собранието почна расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, кој е шеста точка на дневниот ред од 62 седница, а со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот […]

Измените на Законот за минимална плата на седница на Законодавно-правната комисија


Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка. 

Бесими: Минималната плата е предвидена и во администрацијата, растот на другите плати и пензиите ќе се бара преку дијалог


Финансиите се стабилни и во наредниот период се земаат предвид сите ризици за тие да останат на стабилно ниво. Во Буџетот има доволна ликвидност и реализацијата на буџетските приходи, иако сме на почеток на годината, се согласно проекциите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Топ тема на ТВ Телма, осврнувајќи […]

Субвенции за минимална плата нема да може да користат фирми кои користат друга државна помош


Компаниите кои што ја користат мерката за зголемување на платите до 6.000 денари, кај што од страна на Владата се покриваат 100 отсто од придонесите, не можат да бидат корисници и на мерката која што е за покривање на придонесите за разликата на зголемување на минималната плата. Ова денес го изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, на […]

Ковачевски: Законот за минимална плата важи и за јавниот и за приватниот сектор


Сите работодавачи без разлика дали се од приватниот или јавниот сектор се должни да го почитуваат спроведувањето на Законот за минимална плата, а секое непочитување треба да се пријават во надлежните институции, вели премиерот Димитар Ковачевски. Според него, овој закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика дали […]

Собранието прифати законот за минимална плата да оди по скратена постапка


  Собранието денеска едногласно со 101 глас „за“ го прифати предлогот на Владата по скратена постапка да бидат донесени измените на Законот за минимална плата. Предлог-измените, кои се резултат на договорот постигнат на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималната плата и за новата методологија за усогласување на минималецот, треба да биде разгледани на матичната собраниска […]

Бесими: Зголемувањето на минималната плата e системско и одржливо решение кое ќе влијае на продуктивноста и на конкурентноста


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека зголемувањето на минималната плата не значи само еднократен пораст на минималната плата, туку дека се предлага едно системско и одржливо решение преку новата методологија за усогласување на минималецот. -Зголемувањето на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 денари е еднократно зголемување на минималната плата со цел да се […]

Минимална плата


Работниците успеаја да издејствуваат зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, и тоа без одложување, веќе од март оваа година и без парцијално зголемување „на рати“, туку во целост и веднаш. Гледано од овој аспект, ова е голема победа на синдикатите кои поддршка најдоа и кај Владата. Таа не само што застана зад нивните […]

„Пари“: Каде има најмали плати во државава и каде ќе помогне растот на „минималецот“


Измените и дополнувањата на Законот за минимална плата веќе поминаа на Влада и сега одат во Собранието каде што треба да се изгласаат. Со овие измени, најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата, не може да биде помал од 18.000 денари. Зголемувањето од сегашните 15.200 на 18.000 денари, всушност се доплнителни 2.800 денари […]

Со зголемувањето на минималната плата се подобрува квалитетот на живеење во земјата


Вработените во „Текстил Солушн“, но и самата компанија во пракса ќе ги искусат придобивките од постигнатиот договор за зголемување на минималната плата на ниво од 18.000 денари со коe 80 000 работници во земјава, меѓу кои и вработените во оваа фабрика ќе имаат придобивки кои ќе значат подобрување на нивниот животен стандард, порача премиерот Димитар […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, станаа „за“ кога постигнавме договор


Премиерот Димитар Ковачевски  вели дека ВМРО-ДПМНЕ биле против Законот за минималната плата, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнаа договор. На опозициската партија која најави амандманска интервенција на законот за усогласување на платите со минималната Ковачевски денеска и порача првин да одговори дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале цела година во Собранието […]

Опозицијата смета дека наставник и возач на автобус треба да земаат многу повисока плата


Опозициската ВМРО-ДМПНЕ смета дека зголемување на минималната плата на 18.000 денари ќе внесе неправичност со малку повисоките плати во некои дејности, кои пак се многу поодговорни. „Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност. Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи […]