Рововска битка за минимална плата


Сѐ поизвесно е дека минималната плата ќе се зголеми за околу 1.800 денари, односно онолку колку што следува според постојното законско решение, а не како што бараат синдикатите таа да достигне околу 30 илјади денари или 500 евра. Владата, тоа станува сѐ поочигледно, нема намера да ги исполни барањата на претставниците на работниците, префрлајќи ја […]

Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работодавачите сами да преговараат за минималната плата


Се залагаме за покачување на минималната плата преку социјален дијалог и колективно преговарање меѓу работниците и работовачите и тоа за секој сектор посебно, изјави претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков кој денеска во Штип учествува на националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен Текстилец“. […]

Мицкоски го одби предлогот за минималната плата, во Буџетот нема пари за дополнителните придонеси


 На следната владина седница во вторник ќе бидат предложени тројцата членови за Комисијата за утврдување на репрезентативноста на синдикатите, најави премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите, коментирајќи го барањето на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата, Мицкоски рече дека прво треба да се избере репрезентативен синдикален претставник, а потоа да […]

ССМ бара минималната плата да се зголеми за 6.000 денари


  Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава. ССМ бара и за дополнителното зголемување на […]

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра, одлука ќе се носи на Економско-социјалниот совет


Прашањето за зголемувањето на минималната плата останува отворено. Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето би изнесувало околу 1.800 денари. Синдикатите бараат минималната плата да изнесува 500 евра, а придонесите на разликата од висината на минималната плата до 30.000 денари да ги субвенционира државата. Од Владата оставаат да се договорат […]

Минималната нето плата од март 2025 ќе изнесува 24.379 денари


Минималната нето плата од март 2025 ќе изнесува 24.379 денари, соопшти даночниот експерт Павле Гацов на неговиот Фејсбук профил. Како што пишува Гацов, ова ќе биде новиот износ на минималната плата почнувајќи од месец март 2025 година, доколку не се постигне договор меѓу Синдикатот и Работодавачите за повисока минимална плата од онаа која се утврдува […]

„Јас во јануари не пробав цреши, праски…“: Мицкоски сака „ремонт“ на синдикалната кошница


  Премиерот Христијан Мицкоски смета дека на синдикалната минимална потрошувачка кошница ѝ е потребен „ремонт“, бидејќи во неа има нелогичности, како, на пример, некои производи кои тој, како што кажа, не ги пробал во јануари, како и изборот на маркети каде што се следат цените на производите. За ова станало збор и на вчерашниот состанок […]

Владата сака да расправа за синдикалната кошница, синдикатите за минималната плата


Минималната плата денеска не е на дневен ред како посебна точка на Економско – социјалниот совет, но за неа сепак ќе се расправа под точката разно, најавија синдикалците пред трипартитниот состанок во Владата, помеѓу владини претставници, работодавците и на синдикатите. „ССМ ја доби поканата за денешниот состанок на Економско – социјалниот совет, но за жал […]

Црна Гора и БиХ забележаа најголем процентуален раст на минималната плата во регионот


  Од 2025 година минималната плата во Федерацијата БиХ ќе биде зголемена за 381 конвертибилна марка, со што минималната плата во овој дел на БиХ ќе достигне 1.000 KM (511 евра), што е зголемување за 61,5 отсто, пренесува Анадолија. Оваа плата е повисока во споредба со Србија и помала во однос на минималните примања во […]

Минималната плата во БиХ се зголеми од 310 на 511 евра, за синдикатите тоа е привремено решение


Минималнатат месечна плата за 2025 година во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе изнесува 511 евра (1000 марки), што претставува зголемување од 60 отсто во однос на минималната плата што работниците ја земаа досега. Оваа одлука, која стапува на сила на 1 јануари 2025 година, денеска ја усвои Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина. Зголемувањето на […]

Димитриеска Кочоска: Средства за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите


Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на Северна Македонија постави повеќе прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, меѓу кои и за покачување на минималната плата на 450 евра во услови на растечки цени. Министерката одговори дека ќе обезбеди средства според договорот постигнат меѓу синдикатите и работодавачите.  Покрај за […]

Синдикатите и работодавачите без договор за минималната плата


Синдикатите и работодавците денес не се договорија за износот на минималната плата, на седница на Економско социјалниот совет. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов е оптимист дека може да се најде прифатливо решение за зголемување на минималната плата во државата на 450 евра, а претседателката на Организација на работодавачи Владанка Трајкоска […]

Државата ќе профитира од растот на минималната плата, но Владата нема да се меша, вели Мицкоски


Владата ќе биде само олеснувач во дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите за растот на минималната плата, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, освнувајќи се на седницата на Економско социјалниот совет која што се одржува во Владата. Според Мицкоски, државата односно Буџетот имаат корист од растот на минималната плата, бидејќи со нејзиното зголемување, ќе има и повеќе […]

Минималната плата во фокусот на Економско социјалниот совет во почетокот на декември


Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. […]

Пред пратениците Предлог-законот за за минимална плата поднесен од опозицијата


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи новата 19.седница. Пред пратениците како точка од дневниот ред на оваа седница е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, поднесен по скратена постапка од пратениците на СДСМ. Со законското решение се очекува висината на минималната […]

СДСМ предлага ДДВ-то за храна да е нула проценти


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Предлог-законот, денеска на прес-конференција во Собранието, го претстави претседателот на СДСМ, […]

Анализа на „Пари“: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот


Денеска се очекува на иста маса да седнат Министерството за економија и труд, Сојузот на синдикати, и Организацијата на работoдавачи. Копјата ќе се кршат околу висината на минималната плата, која треба да се коригира во март, но сега треба да се обезбедат пари во Буџетот за 2025 година. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, јасно посочи […]

Дурмиши не отфрла дискусија за минималната плата


Кога ќе биде вратен Буџетот од првичната собраниска расправа со забелешките и предлозите по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе бидат разгледани ставките за раст на платите оваа и идната година, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.  Според министерот за економија Бесар Дурмиши, барањата на синдикалците, како […]

ВМРО-ДПМНЕ е против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да го поддржи предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што денеска го најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Како што информираше пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во Собранието на Република Северна Македонија, предлогот нема да го […]

СДСМ поднесе Предлог – закон за покачување на минимална плата на 450 евра


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче и пратеничката група на СДСМ, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, предложија измени и дополнувања на Законот за минимална плата. На прес-конференцијата, Филипче порача дека ваквиот предлог е поради моменталната голема економска несигурност и погрешните економски политики на актуелната власт. „Со измените, предвидуваме минималната […]