Во Германија исплаќале помалку од законската минимална плата, тоа ја чинело економијата 64 милијарди евра


Непочитувањето на правилата за минимална плата во Германија предизвикало економски загуби проценети на 64 милијарди евра (74 милијарди долари) откако во 2015 година беше воведена законската минимална плата, соопшти Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ). Според анализата на ДГБ, до која дојде германската новинска агенција ДПА, во просек околу два милиони работници годишно биле недоволно платени […]

Дурмиши: За минималната плата не треба да се носат краткорочни политички решенија или под притисок


Прашањето за минималната плата е чувствително и токму затоа не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија, изјави вечерва министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши во гостување на ТВ Телма посочи дека се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и оти во март ќе има законско нивелирање на […]

Ристески: Се додека не се постигне договор во рамки на ЕСС, зголемувањето на минималната плата ќе се пресметува со постојната формула


Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни, рече денеска заменик-министерот […]

Минималната плата мора веднаш да се зголеми, порачува првиот човек на ССМ


Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 9“ во Штип. Трендафилов посочи дека еден работник работи за себе, за работодавачот, за менаџерскиот тим, а сепак добива плата од близу 400 евра со која не […]

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши


 Mинималната плата сe одредува од економскиот развој, зголемување на продуктивноста и нивото на трошок за живот. Ад хок предлог за зголемување без економска покрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата, вели министерот за екомонија и труд Бесар Дурмиши во одговор на […]

ССМ доби репрезентативност, утре на ЕСС ќе бара зголемување на минималната плата


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6 000 денари дополнително зголемување на сите останати плати. – Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред […]

Петрески: Минималната плата се доближува до 60 отсто од просечната и мислам дека е соодветна


Минималната плата треба да расте, бидејќи нејзината примарна функција е да го зачува животниот стандард на најниските приматели на плата. Како процент од просечната плата веќе се доближува до 60 проценти и мислам дека е соодветна, оцени денеска Марјан Петрески од Фајнанс тинк.   -Кога зборуваме за минималната плата треба да внимаваме на два аспекта […]

СДСМ ќе поднесе закон за зголемување на минималецот ако Владата не обезбеди пари за негово зголемување


Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција истакна дека доколку власта не обезбеди пари за зголемување на платите на работниците, нивната пратеничка група ќе поднесе Закон за зголемување на минималната плата. -Последната изјава дека нема пари за поголеми плати за работниците, дека нема пари за поголема минимална плата, уште еднаш покажува отсутност од реалноста. […]

Минималната плата ќе биде зголемена, но не се знае за колку


Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак велат дека пари […]

Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата


Работодавачите, синдикатите и Владата денеска треба да седнат на заедничка маса за да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22.567 денари. Според најавите, денеска треба да се одржи седницата на Економско-социјалниот совет на која ќе се разгледаат можностите за нејзино зголемување што како барање го поставија синдикатите според кои има реална […]

Економско-социјалниот совет утре се очекува да донесе одлука за висината на минималната плата


На Економско-социјалниот совет утре се очекува да биде донесена одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот во изјава за МИА објави дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара за висината на […]

Текстилците се жалат за минималната плата, најавуваат отпуштања


Над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок, а некои компании, од кои дел странски инвеститори, веќе си одат од земјава, предупредуваат текстилците. Тие денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија уште еднаш побараа предвидените 50 отсто од придонесите […]