Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје


За прв пат во Македонија, младите фудбалски таленти ќе имаат можност да бидат дел од официјалниот AC Milan Academy Camp, кој ќе се одржи во Скопје од 10 до 14 јуни 2026, на терените на Фудбалската федерација на Македонија, објави организаторот на настанот. Кампот на Милан во Скопје ќе се реализира со поддршка од Италијанската […]

Алегри имал жестока расправија со Ибрахимовиќ


Италијанските медиуми објавуваат дека тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, цврсто одлучил да го напушти клубот на крајот од сезоната поради наводен судир со вишиот советник Златан Ибрахимовиќ. Нивниот однос наводно е целосно раскинат, објавува „Фудбал Италија“. Сезоната беше турбулентна за „росонерите“. Иако претходно имаа серија од 24 натпревари без пораз, тимот претрпе целосен пад на […]

Еве колку 19 земји ќе им исплатат бонуси на освојувачите на олимписките медали


Десетици земји на Игрите во Милано и Кортина им ветија на своите спортисти парични награди за пласман на подиумот, но успехот на една земја ја става во посебна финансиска лига. Италија потроши милијарди долари подготвувајќи се за домаќин на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо оваа година. Но сега, откако церемонијата на затворање […]

Милан нема да игра во европските натпреварувања за прв пат од 2019 година


Во 37. коло во италијанското фудбалско првенство, Милан загуби на гостувањето кај Рома со 3:1. По овој пораз „Росонерите“ ги загубија сите шанси за учество во европските натпреварувања за прв пат по 2019 година.  Претходно, италијанскиот фудбалски гигант прв пат ја пропушти Лигата на шампионите во сезоната 2020/21. Пред одигрувањето на последното коло во Серија […]

Милан елиминиран од Лигата на шампионите


Италијанскиот великан Милан е елиминиран од Лигата на шампионите. Холандскиот Феенорд го исфрли италијанскиот гигант од Лигата на шампионите, откако победи со вкупен резултат од 2-1 во плеј-офот и се пласираше во осминафиналето. По победата на првиот натпревар со 1-0, Феенорд ремизираше 1-1 на Сан Сиро и се пласираше понатаму. Милан водеше од 36. секунда […]

ЛШ: Инциденти во Милано, навивач на ПСЖ се бори за живот


 Во Милано пред вечерашниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Милан и париски ПСЖ дојде до неколку физички пресметки меѓу навивачите, а во една од нив тешко е повреден симпатизер на францускиот тим, кој, како што пренесуваат локалните медиуми, се бори за живот. Според медиумите, 34-годишен навивач на ПСЖ бил избоден со нож […]

Два гола за три минути: Интер со една нога во финалето на ЛШ по победата над Милан


Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0. Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Мхитарјан го удвои водството на „нероаѕурите“. Реваншот ќе се игра на 16 мај. На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити […]

Реал Мадрид и Милан први полуфиналисти во Лигата на шампиони


Мадридски Реал ја продолжува одбраната на титулата во Лигата на шампиони откако вечерва втор пат го совлада Челзи и обезбеди пласман во полуфиналето во кое му се приклучи и Милан, кој во италијанската четвртфинална пресметка беше поуспешен од Наполи. Милан допатува во Неапол со предност од првиот натпревар од 1-0, која ја удвои Французинот Оливие […]

Жиру: Сакам да останам во Милан, се надевам дека ќе се договориме


Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот. – Сакам да останам во Милан. Се надевам дека ќе се согласиме за нов договор. Преговараме за нова соработка и чувствувам дека тие ќе завршат успешно, изјави Жиру во интервју за „DAZN“. Жиру е во Милан од јули 2021 година. Во […]

ЛШ: ПСЖ го победи Јувентус, а Милан само со реми сo Салцбург


Пари Сен-Жермен со 2:1 стигна до победа над Јувентус во првото големо дерби во новата сезона од Лигата на шампиони, во кое Реал Мадрид и Манчестер сити стигнаа до убедливи гостински победи, но Милан одигра само 1:1 на гости во Австрија. На „Паркот на принцовите“, првото полувреме помина во знакот на Килијан Мбапе, откако прво […]

Милан доби нови сопственици за 1,2 милијарди евра


  Американската инвеститорска компанија РедБирд Капитал (RedBird Capital) се здружи со сопствениците на најтрофејниот бејзбол клуб во МБЛ лигата, Њујорк Јенкис за да го купи актуелниот италијански фудбалски првак Милан за 1,2 милијарди евра. РедБирд Капитал ќе биде мнозински сопственик, додека Јенки Глобал Ентерпрајз (Yankee Global Enterprises-YGE) ќе има малцински удел во Милан. Новите сопственици објавија дека имаат за […]

Ибрахимовиќ останува во Милан уште една година


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се договорил за нов едногодишен договор со Милан, објави „Скај спорт Италија“. Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор во следните неколку дена и ќе ја намали својата плата на околу еден милион фунти годишно плус бонуси. Ветеранот моментално закрепнува од операцијата на левото колено и најверојатно нема да може да излезе […]

Малдини: Време е Милан да напише нова страница


Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини ги сподели своите очекувања за почетокот на сезоната 2022/23 во Серија А. „Миланезите“ вчера ги почнаа подготовките за новата сезона во која ја бранат шампионската титула. – Минатата сезона беше неверојатна, одгласите на победата сè уште одекнуваат во ѕидовите на канцеларијата на клубот. Но, време е да се напише […]

Спалети ја демантираше можноста за отказ по поразот од Милан


Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го сподели своето мислење за информацијата дека ќе го напушти наполитанскиот клуб. Вчеравечер Наполи загуби од Милан (0:1) во натпреварот од Серија А. – Ако не можете да се справите со притисокот, треба да заминете. Но, ве уверувам дека ќе бидам на утринскиот тренинг со план за работа. Ако мислите […]

Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ договор со плата од три милиони евра годишно плус бонуси


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ може да го продолжи договорот со Милан. „Росонерите“ се подготвени да му понудат нов договор на напаѓачот кој во октомври ќе наполни 41 година. Сепак, Златан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Сега тој заработува седум милиони евра годишно. Според новиот договор, миланезите се подготвени да му плаќаат три […]

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 при посетата на Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“. – Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може […]

Две шлаканици за Милан во еден ден


Италијанскиот гигант Милан се соочи со два силни удари во рок од неколку часа. Најпрво, во четвртокот вечерта доживеа шокантна елиминација во фудбалската Лига Европа откако во последното коло од групната фаза загуби на гостувањето во Атина кај Олимпијакот со 3-1. Иако на крајот имаше ист број бодови како грчкиот тим, „црвено-црните“ се збогуваа од […]

Гатузо: Јас сум виновен


Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, ја презеде одговорноста за поразот од Олимпијакос во натпреварот од 6.коло од групната фаза на Лигата на Европа. Овој исход во Атина значеше и елиминацијата на Милан од евро-сцената уште пред крајот на годината. – Сакам да им се извинам на навивачите на Милан. Многу ми е жал. Според мое […]

Олимпијакос го исфрли Милан од Лига Европа!


Фудбалерите на Милан го завршија учеството во Лига Европа откако загубија со  3-1 на гостувањето кај Олимпијакос и му дозволија на грчкиот тим да мине во следната фаза и тоа само поради подобрата гол-разлика од Милан. Бетис и Олимпијакос од оваа група ќе бидат вклучени во утрешната ждрепка за првата нокаут-рунда. Тренерот на „Росонерите“, Џенаро Гатузо,  беше […]

Чеферин: Случајот „Милан“ покажа дека финансискиот фер-плеј функционира


Според претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ситуацијата со италијанскиот гигант Милан покажува дека финансискиот ферплеј навистина функционира. Како што е познато, „росонерите“ првично беа повлечени од Лигата на Европа поради ова правило, но откако ги направија потребните промени, се вратија на турнирот. „Причината за воведувањето на финансискиот фер-плеј беше да се обезбеди финансиска стабилност на […]