Пуштен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, кој поради пожар беше затворен за сообраќај


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека  е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, кој поради пожар кој настана попладнево беше затворен за сообраќај. Претходно АМСМ, информираше дека сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци од 21:25 часот е нормализиран, додека сообраќајот во спротивниот […]

Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци


Предвидено е проширување на патарината кај Миладиновци и зголемување на процентот на поминувања за електронска наплата на патарините (таг), најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски при посетата на Куманово каде почна рехабилитација на регионален пат. Целта е, потенцира, да има што повеќе поминувања со тагови, наместо со кеш и […]

Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци


Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1.500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта. Потребата за реконструкција на овој локален пат е поради неговата лоша состојба кој претставуваше потешкотија во секојдневното одвивање на сообраќајот за […]

Пожар помеѓу селото Миладиновци и рафиниријата ОКТА


Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во Скопско. Според пријавата, како што наведува ЦУК, пожарот настанал како резултат на искрење од бандера и се проширил на околната сува трева. – На местото на настанот се екипи на Бригадата […]

Се гради колекторски систем во Миладиновци


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци,  каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри, кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место.  Вредноста […]

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Миладиновци – Штип – превртено е возило


Поради превртено возило, денеска од 16 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Штип – Миладиновци, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар. На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради […]

Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на А2 пред Миладиновци се пренасочува по една лента


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци се одвива по една сообраќајна лента поради голем одрон


На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот АМСМ им препорачува внимателно возење. Од АМСМ информираат дека сообраќајот […]

(Галерија)„Независен“ на автопатот Миладиновци-Штип


Работниците ги отстрануваат земјените бариери кои се истурени на повеќе места на автопатот Миладиновци-Штип. Тие веќе не се потребни за да ги спречуваат возачите на диво да се возат по автопатот. За еден-два дена и официјално ќе биде дозволено возење на делницата меѓу Миладиновци и Кадрифаково. Оттаму до Штип и досега се возеше по новиот […]