Микис Теодоракис преживеа срцев удар


Грција– Срцев удар преживеал познатиот грчки композитор Микис Теодоракис во петокот кусо пред полноќ. Според грчките медиуми, тој бил итно хоспитализиран, примен во одделот за интензивна нега, каде што останал само неколку часа. Од саботата напладне е во добра состојба и вон животна опасност.

Ставрос Теодоракис: Прифаќаме име Горна Македонија, без превод


Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, под слоганот „Времињата бараат храброст и одговорност“, Теодоракис, пред членовите на највисокиот орган на движењето, говореше за последните случувања во Грција, меѓу […]

Видеоснимка од настапот на Теодоракис со Македонската филхармонија во 1997 година


Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис пред 21 година настапи заедно со Македонската филхармонија во Скопје. Неговото најпознато дело „Гркот Зорба“ во 1997 година беше изведено во тогашниот Македонски народен театар, денешна Македонска опера и балет. На концертот на кој учествуваше Македонската филхармонија, присуствуваше и тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров и целокупниот државен врв на […]

Микис Теодоракис ќе ги поздрави учесниците на протестот во Атина за „Македонија“


Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис ја прифатил поканата на организаторите да биде дел од протестот во Атина за „Македонија“ и доколку не може да биде присутен, тогаш со снимена порака ќе ги поздрави присутните. – Микис Теодоракис откако рече дека е горд за огромниот собир на грчкиот народ за Македонија што се одржа во Солун […]