Приведен скопјанец за криумчарење мигранти од Непал


 Четири лица од Непал се пронајдени во возило на скопјанец во близина на граничниот премин Ќафасан, возачот приведен за криумчарење мигранти, соопшти денеска СВР Охрид. Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, според информацијата, синоќа во 22 часот и 50 минути, од слобода го лишиле Џ.Б.(40) од Скопје, кај место […]

Повеќето мигранти остануваат во Германија и покрај правилата на ЕУ


Според официјалните податоци објавени вчера, само неколку десетици мигранти се вратени од Германија во други земји од Европската Унија одговорни за обработка на нивните барања за азил, пренесува ДПА. Даблинските правила одредуваат која земја-членка е одговорна за испитување на барањата за азил, а ова е често првата земја од ЕУ во која влегува мигрант. Ова […]

Растат тензиите во Велика Британија поради мигрантската криза


Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со растечки притисок поради „кризата со малите чамци“ откако протестите продолжија пред хотелите за азиланти, а анкетата покажува дека јавноста мисли дека тој не успева да се справи со проблемот Премиерот и неговата влада утврдија мерки за забрзување на системот за жалби за азил за да помогнат во отстранувањето […]

Американската администрација обвинета за криење штрајк со глад во затвор за мигранти


Група за права на мигрантите ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за криење штрајк со глад во новоотворениот центар за притвор на имигранти во Флорида Еверглејдс. Притворениците во објектот „Алигатор Алкатраз“, одбиваат храна речиси две недели, според Коалицијата за имигранти од Флорида (ФЛИК). -Не мора да претпоставуваме дека тоа се случува затоа што […]

Брод потона на еден од најопасните миграциски патишта во Јемен, најмалку 68 мртви


Најмалку 68 мигранти ги загубија животите кога брод со околу 150 луѓе потона покрај брегот на Јемен вчера поради лошо време, а 74 други се водат како исчезнати, соопштија здравствените власти. -Брод со 154 етиопски мигранти потона рано наутро вчера покрај брегот на јужната јеменска покраина Абјан, изјави Абдусатор Есоев, раководител на Меѓународната организација за […]

Лондон санкционира шверцери на мигранти од Балканот до Азија


Велика Британија воведе прва рунда санкции против 25 физички и правни лица вмешани во организиран шверц на мигранти, со цел да ги погоди структурите кои го поттикнуваат илегалното преминување на Каналот. Санкционирани се снабдувачи на мали чамци од Азија, водачи на банди од Балканот и Северна Африка, како и посредници што користат системот „Хавала“ за […]

Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос


 Во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од малиот грчки остров Гавдос утрово завршила повеќечасовната акција на Крајбрежната служба на Грција за спасување на околу 520 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека лицата кои се пренесувале во рибарски брод биле спасени од два брода, меѓу кои […]

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат


 Врховниот суд на САД вчера ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со депортирање на имигранти во земји од кои не доаѓаат, додека тие нема да можат да се повикаат на опасностите со кои би можеле да се соочат во таа трета земја. Судиите ја укинаа судската наредба со која се бара […]

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот


Земјите од балканскиот регион се вклучени во пошироката стратегија на САД за депортирање странски државјани без регулиран статус, потврди американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа (RSE) во петокот. Иако не сакаа да ги коментираат тврдењата на американскиот медиум Блумберг, во кој се наведува дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги убеди […]

Трамп планира да испраќа мигранти во Србија, пишува Блумберг


Владата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од Србија и другите балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, пишува Блумберг. Барањето до балканските земји е дел од пошироката американска стратегија за пронаоѓање странски влади подготвени да примат депортирани мигранти, пишува американскиот медиум повикувајќи се на неименувани извори, но не прецизира за кои други балкански […]

Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка


Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречиле обиди за нелегален влез на мигранти. При контроли спречени биле и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници.  Од Царинската управа денеска соопштија дека службата за мобилни скенери спречила обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од […]

За Мицкоски информациите за кампови за азиланти и мигранти се „растурање пердуви“


Македонската јавност ќе има сѐ на увид и за секој цент којшто ќе биде потрошен од стратешкиот договор со Обединетото Кралство, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на опозициските обвинувања за нетранспарентност, нагласувајќи дека нема потреба од растурање пердуви на тема која што не постои и „дека нема да има носење договори по скратена постапка […]

За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари


 Од вторникот до вчера, во близина на малиот грчки остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит, во пет одвоени случаи биле откриени и спасени 270 мигранти, а уапсени петмина криумчари. Во текот на вчерашниот ден, во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од Гавдос, чамец со 66 лица побарал помош, а веднаш интервенирале […]

САД им плаќа на илегалните мигранти да се самодепортираат


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека на илегалните имигранти кои доброволно ќе се вратат во татковината ќе им плати 1.000 долари, плус патни трошоци. – Доколку тука сте нелегално, самодепортацијата е најдобриот, најбезбедниот и најисплатливиот начин да ги напуштите САД и да избегнете апсење. Министерството за внатрешна безбедност им нуди на нелегалните […]

Федерален судија во Тексас пресуди дека прибегнувањето кон закон од 1798 година за протерување мигранти од САД е нелегално


Федерален судија од државата Тексас пресуди дека прибегнувањето кон закон од 1798 година за протерување мигранти од Соединетите Американски Држави е нелегално и затоа ѝ забранува на администрацијата на Доналд Трамп да спроведува депортации според ова законодавство, објавија светските агенции. Одлуката на судијата Фернандо Родригез е прва што се однесува на прашањето дали е легално […]

Мигранти од централна Азија кои илегално престојувале во САД депортирани во Узбекистан


– Мигранти од Централна Азија, од кои 131 нелегално престојувале во САД, се депортирани во Узбекистан како дел од договорот меѓу двете земји, објави денес „Фокс њуз“, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешна безбедност. Депортираните лица се од Узбекистан, Киргистан и Казахстан, објави американската телевизија. Во извештајот се додава дека тие денес заминале со […]

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан


Во четвртокот, во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.   Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, […]

Трамп најави можност САД да им понудат пари на мигрантите доброволно да ја напуштат земјата


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма која им нуди пари на имигрантите доброволно да ги напуштат Соединетите држави. Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучи одредена финансиска помош и можност за подоцна легален влез во земјата. „Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со […]

Мигрантите не ја користат повеќе Балканската рута – забележан најголем пад на илегални преминувања


Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад – од 64 проценти – е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои […]

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани


По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот. Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член […]