На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење на товарни возила


На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до 10 јануари, до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Инцидент на граничниот премин Меџитлија – граничен полицаец побарал лекарска помош


БИТОЛА – Инцидент се случил утрово на граничен премин Меџитлија на македонско-грчката граница кога претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според наши извори инцидентот се случил околу 8 часот кога се менувала смената, а причината за инцидентот засега е непозната. Нападнатиот полицаец после 10 часот побарал лекарска помош  во Клиничката болница […]

Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони


Сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, јави дописничката на МИА од Атина.  Според информациите на МИА, земјоделците од […]

Денеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија


Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.  -Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се […]

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП „Меџитлија“


На граничниот премин „Меџитлија“ е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.   – Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот […]

Изјави на премиерот Ковачевски и министерот Бочварски (во живо)


Изјава на премиерот Димитар Ковачевски, кој со министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми присуствуваат на пуштањето во употреба на рехабилитираниот регионален пат  Битола – Меџитлија.

Едно лице загина во близина на Меџитлија, откако со возило излетало од коловозот


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за село Породин кон Меџитлија. Како што денеска информираа од МВР, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од битолското село Кравари, излетало надвор […]

Мајка и ќерка од Јужна Африка се обиделе без документи да ја поминат грчко-македонската граница


Во понеделникот, во 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“ ја лишиле од слобода Ц.Л.Р.(57) од Јужноафриканска Република, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 211 став 1 од Закон за странци. Имено, таа се обидела со возило, во кое била нејзината 23-годишна ќерка […]

Спречен шверц на 40 килограми марихуана


По добиени оперативни сознанија и претходно подготвен план вчера во координирана и заедничка акција на Секторот за внатрешни работи Битола и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, спречен е обид на шверц на опојна дрога марихуана. Во акцијата се откриени и одземени 36 пакувања марихуана со тежина од околу 40 килограми, сместени […]