Вардар минимално го порази Металург


Четири дена по фантастичниот триумф над Пик Сегед во ракометното четвртфинале од Лигата на шампионите, Вардар попладнево го одработи и мечот против Металург во домашното првенство. Натпреварот во малата сала од СЦ „Јане Сандански“ заврши со резултат 32-31 (15-18) со што црвено-црните го задржаа максималниот учинок во лигата. Киселјев со осум гола беше беше прв […]

Брестовац е нов селектор на ракометната репрезентација на Македонија


Тренерот на РК Металург, Данило Брестовац, денеска на прес-конференцијата што се одржа во „Холидеј Ин“ во Скопје, беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија. Данило Брестовац до јуни паралелно ќе извршува две функции – тренер на Металург и селектор на кадетите и сениорите. Тој вели дека е подготвен […]

Металург немоќен против Мешков Брест


Македонскиот вицепрвак Металург забележа нов пораз во регионалната ракометна СЕХА-лигата. Попладнево на СЦ „Јане Сандански“ подобри од Металург беа гостите од Белорусија, Брест Мешков со 34:28. За металурзи ова беше деветти порази во 11-от натпревар, додека Мешков стигна до шестата победа. Вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Вардар вчера победи во Ниш на дуелот […]

СЕХА: Минимален пораз на Металург во Војводина


Ракометарите на Металург доживеаја пораз на гостувањето во Нови Сад кај Војводина со 31-30 (17-15) во рамките на во 9.коло на СЕХА лигата. Иако одиграа одлично прво полувреме и во еден момент имаа дури +7 (15-8), во вториот дел металурзите направија многу грешки и дозволија пораз на крајот. Тимот на Данило Брестовац имаше шанса барем […]

Ракометна ЛШ: Минимален пораз на Металург на гостувањето кај Бешикташ


Пораз со еден гол разлика (22:23) претрпе Металург попладнево од Бешикташ во осмото коло во Лигата на шампиони во ракомет. За металурзи ова е седми загубен меч во групата Ц, а за составот од Истанбул трета победа, но и двете екипи се без шанси за наредната фаза во натпреварувањето. По пет гола за екипата од […]

Сефте на Металург во Лигата на шампионите


Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа во шестиот меч од Лигата на шампионите. Во салата „Борис Трајковски“ падна рускиот Чеховски Медведи. На крајот заврши со минимална победа на домаќинот од 25-24, но македонскиот вицешампион на полувреме водеше со убедливи 16-10. Голманот Даниловски имаше 16 одбрани, Димитриоски постигна пет гола, а Токиќ, Серафимов и Шпенде […]

Ракометарите на Металург изгубија од Силкеборг


Ракометарите на Металург претрпеа пораз од 33:25 на гостувањето во Данска кај Силкеборг во натпревар од четвртото коло во групата Ц од Лигата на шампионите. Во првите 15-тина минути од натпреварот имаше релативно израмнета контрола на теренот во која се играше гол за гол. Потоа, Металург ги искористи грешките на фаворизираните домаќини и успеа да […]

Металург против Бешикташ имаше сили само едно полувреме


Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва во Скопје е поразен од Бешикташ со 30:22, полувреме 14:13. Гостите од Истанбул до триумфот дојдоа со доминантна игра во второто полувреме во кое тимот од Автокоманда ја загуби свежината и немаше сили за посилен отпор како во првите 30 минути кога негативата изнесуваше само еден гол. За турскиот претставник […]

СЕХА лига: Металург поразен од Нексе во Скопје


Металург претрпе пораз од 27:32 на натпреварот во Скопје против Нексе Нашице  во рамките на третото коло на СЕХА лигата. По почетното водство на гостите од Хрватска, ракометарите на Металург во десетата минута успеаа да израмнат на 5:5. Неколку минути се играше гол за гол, а избраниците на Данило Брестовац со серија грешки повторно му дозволија […]

Вардар подобар од Металург во македонското дерби во СЕХА лигата


Вардар го совлада Металург со 34:28 на првиот натпревар во новата сезона од ракометната СЕХА лига. „Црвено-црните“ ја оправдаа фаворитската улога, иако Металург беше рамноправен противник во македонското дерби од регионалната лига. Во почетните дваесетина минути од натпреварот воглавно се играше гол за гол. Од средината на првото полувреме Вардар успеа да направи предност, која […]

Металург и следната сезона ќе настапува во ЛШ


Македонскиот вицешампион Металург повторно доби вајлд-карта и ќе настапува во Лигата на шампионите (ЛШ). Извршната комисија на ЕХФ на денешниот состанок во Глазгов одлучи дека Металург ги задоволува потребните критериуми и му додели вајлд-карти. Клубот од Автокоманда ќе настапува во групите со условно понизок квалитет Ц и Д, заедно со Адемар Леон, Спортинг, Елверум, Бешикташ, […]

ЛШ: Вардар сигурен, Металург неизвесен, а вардарки паузираат


Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави списокот на екипи кои аплицирале за место во Лигата на шампионите за следната сезона. Македонскиот шампион Вардар има загарантирано место во елитното натпреварување, додека Металург ќе чека одговор до 18 јуни за кого е закажан состанокот на Извршниот комитет во Глазгов. За настап во ЛШ за следната сезона се […]

Вардар го победи Металург


Вардар го победи Металург со 29:33 на гостувањето во Автокоманда во последниот натпревар од Суперлигата. „Црвено-црните“ ја продолжија доминацијата во домашното првенство и ја оправдаа фаворитската улога на дербито против Металург. За разлика од првиот натпревар во „Јане Сандански“, кога Вардар ги декласираше гостите од Автокоманда со 18 голови разлика, овојпат Металург во првите 15-тина […]

Вардар стигна до 13. титула во Купот на Македонија


Ракометарите на Вардар се победници на Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Битола го совладаа Металург со 30:26. Вардар е првиот и единствен тим со пет триумфи по ред во националниот куп. Воедно „црвено-црните“ ја освоија четвртата двојна круна по ред и вкупно 13-та во Купот. Двата натпревари од Купот на Македонија беа […]

Металург-Вардар во финалето на Купот на Македонија


Металург се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада Еурофарм Работник со 21: 28 во вториот полуфинален натпревар на завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола. Гостите од Скопје уште во седмата минута имаа водство од 3:6 и без поголеми проблеми ја одржуваа предноста. Металург на паузата замина со предност од 11:15. Иако Еурофарм Работник […]

Станиќ: Имав сериозна понуда од Вардар, но не прифатив


Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ, во интервју за „Ало.рс“ открива дека трансферот во Вардар бил во завршна фаза, меѓутоа на крај одлучил да не ја прифати понудата. Тој наведува дека понудата од српското Министерството за млади и спорт му била далеку попримамлива и затоа решил да стави крај на својата голманска кариера. – Имав […]

Јагањац најдобар стрелец во СЕХА-лигата


Ракометарот на Металург Халил Јагањац е најдобар стрелец во СЕХА-лигата во сезона 2017/18, со постигнати 100 гола. Во пресрет на денешното последно коло, Јагањац имаше предност од пет голови во однос на Бруно Буторац од Татран Прешов. Јагањац постигна пет гола на средбата со Цеље, исто толку даде и Бруно Буторац на мечот со Горење […]

Јовиќ победата ја посвети на Минчо Јорданов


Тренерот на Металург, Александар Јовиќ синоќешната победа над Цеље, ја посвети на спонзорот на клубот Минчо Јорданов. – Благодарност до публиката, која во голем број не бодреше и на овој натпревар. Ветивме дека ќе се бориме, дека ќе дадеме се од себе и кажавме дека овој натпревар ќе го посветиме на нашиот спонзор Минчо Јорданов. […]

Лига на шампиони во ракомет: Металург поразен од Спортинг во Лисабон


Спортинг Лисабон му нанесе седми пораз на Металург во Лигата на шампиони во оваа сезона. Португалскиот состав го совлада вицепрвакот на Македонија со 31:27 (полувреме 12:15) во натпревар од десеттото, последно, коло во групата Д. Домашниот ракометар Пасарин беше најефикасен на натпреварот со седум гола. Најголема поддршка притоа имаше од Марцо и Портела кои постигнаа […]

Малку фалеше Металург да прокоцка предност од 11 гола!


Македонскиот вицепрвак Металург стигна до минимален триумф над Татран Прешов (31-30) во СЕХА – лигата, иако во текот на мечот имаше и 11 гола разлика но во последните десет минути Татран Прешов направи неверојатна серија, па за малку Металург од готов ќе си направеше вересија. Гостинскиот играч Буторац последователно на крајот даде три гола, па […]