Нов правилник: Ќе се знае колку вода, а колку месо има во ќебапчињата


Потрошувачите ќе знаат колку вода, протеини и адитиви има во пакуваното мелено месо, полуготовите ќебапчиња и плескавици што се продаваат во месарниците. Според новиот правилник кој стапува во сила од 1 мај годинава, на декларациите, покрај протеините, ќе мора да биде наведена и содржината на колаген во протеините од месото и дали се подготвени од […]

Европски суд: Халал месото не може да добие лого на органска храна


Европското „био“ лого за органска храна не може да се применува на халал месото, одлучи Европскиот суд на правдата. Судот оцени дека начинот на колење на месото во производството на халал исхраната не ги почитува „највисоките стандарди за благосостојба на животните“. Предметот пред Судот го поднесе француска организација за заштита на животните во 2017 година, […]

Словенија повлекува 12 тони ќебапи од Полска


Словенечката агенција за безбедност на храна нареди повлекување од продажба на 12 тони говедско месо увезено од Полска и подготвено за ќебапи, пишува словенечкиот весник „Вечер“ и наведува дека месо од истата серија е испорачано и до купувачи во Хрватска и Унгарија. Според весникот, станува збор за месо од Полска кое на словенечкиот пазар го […]

Увозното свинско месо го потцени домашното, тврдат производителите


Македонските производители на свинско месо даваат условена поддршка мерката за ослободување од  царина на одредени суровини за производство на месни производи да продолжи и наредните шест месеци. Тие бараат да се зголеми заштитата на домашните производители  и на потрошувачите. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци и на групацијата на производители на месо во земјава, Ефтим Шаклев […]

Маркетите да го одвојат домашното од увозното месо


Месото од увоз да се продава одвоено од домашното, а маркетите да имаат обврска да ги истакнат декларациите, за купувачите да имаат увид во потеклото на месото и самите да одлучат што сакаат да купат, бараат македонските фармери. Тие сметаат дека само на тој начин нема да бидат засегнати од бесцаринскиот увоз на смрзнато свинско […]

АХВ: Македонија до 2021. од увозник да стане извозник на свињи и месо


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презема активности Македонија да стекне статус на земја слободна од заразната болест – класична чума кај свињите и до 2021 година да почне да извезува свежо свинско месо, вели директорот на АХВ Зоран Атанасовски. На денешната работилница „Унапредување на системот за идентификација и регистрација на животни од видот свињи“ […]

Ниска цената на јагнето и млекото, сточарите ги нудат стадата на продажба


Речиси двојно пониска беше откупната цена на јагнешкото за празниците. Сточарите кубурат и со, како што велат, ниска откупна цена на млекото, поради што голем дел од нив веќе ги нудат своите стада на продажба. Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија Евтим Шаклев, цената на божиќното јагне беше 140 денари килограм жива мера, […]

АХВ: Одземена лиценца за извоз на месо на бразилска компанија


На бразилската компанија Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во Република Македонија, и е одземена лиценцата за извоз и е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од Бразил, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Информацијата, како што соопштуваат од АХВ, е добиена преку Министерството за надворешни работи каде пристигнало известување од дипломатско […]