Германскиот канцелар најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30


Германија ќе го поддржи новиот мултимилијардерски фонд што го иницира Бразил за заштита на тропските шуми и ќе придонесе со „значителна сума“ во иницијативата, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска на самитот што се одржа пред почетокот на клучните климатски разговори. Германскиот лидер зборуваше на состанокот на шефови на држави и влади во Белем, на […]

Мерц: Европејците се плашат од јавните простори поради нелегалните мигранти


Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ги бранеше своите изјави за урбаната миграција по деновите протести и критики од ривалските политичари, велејќи дека „Европејците се плашат да се движат на јавни простори“ поради мигрантите што не ги почитуваат законите. Зборувајќи во Лондон на маргините на самитот за Западен Балкан, Мерц ја заостри својата реторика, предупредувајќи дека […]

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв


Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија. -Тој води информативна војна против нас. Тој води воена војна против Украина, а таа војна е насочена и против нас, изјави Мерц за германската телевизија ntv. Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го преврти европскиот политички поредок наопаку.  […]

Мерц: Претпоставувам дека Русија стои зад беспилотните летала над Германија


 Германскиот  канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека Русија стои зад низата дронови што изминатиот викенд беа видени над Германија, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен. Мерц нагласи дека фреквенцијата на вакви упади во европскиот воздушен простор е без преседан, дури и […]

Канцеларот Мерц ја поддржува забраната за мобилни телефони во основните училишта во Германија


Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изрази поддршка за забраната за мобилни телефони во основните училишта во земјата, јави ДПА. Во интервју за јавниот радиодифузен сервис ARD, Мерц рече дека се согласува со ваквата идеја што веќе почна да се спроведува во неколку европски земји. Канцеларот, сепак, додаде дека ограничувањето на пристапот на децата до социјалните […]

Германскиот канцелар ја критикува фундаменталната промена во политиката на САД


Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги критикуваше Соединетите Американски Држави дека повеќе не ги почитуваат правилата, оценувајќи дека тоа претставува дел од фундаментална промена во политиката на транс-атлантскиот партнер на Европа. – Правилата повеќе не се почитуваат, парламентарната демократија е под притисок, слободата на изразување е доведена во прашање, а независноста на судството се потиснува, […]

Мерц: Сите згрешивме во врска со Путин


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери погрешно ја процениле руско-украинската криза и рускиот лидер Владимир Путин. – Сите ние згрешивме во врска со Владимир Путин. Вистината е дека јас секогаш бев скептичен. Но требаше и јас побрзо да ја сфатам заканата, многу пред неговиот напад на Украина – во 2014 година, кога ја […]

Мерц: Германија не поминува низ привремен пад, туку е во длабока структурна криза


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економските предизвици со кои се соочува земјата се многу посериозни отколку што претходно се проценуваше, нагласувајќи дека Германија повеќе не поминува низ привремен пад, туку е во длабока структурна криза. „Го кажувам ова самокритично, оваа задача е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година“, рече Мерц […]

Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе има во следните две недели


 Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, повикувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА. „Американскиот претседател разговараше по телефон со рускиот претседател. Тие се согласија дека ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот […]

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе


Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати суптилна критика за начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше самитот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека со тоа Москва добила непотребно високо ниво на протоколарен престиж. Во интервју за германската јавна телевизија АРД, дадено синоќа, Мерц рече дека самитот бил одржан со „голем протокол“ […]

Мерц предупреди дека царинскиот договор меѓу ЕУ и САД сериозно ќе ѝ наштети на германската економија


Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека компромисот постигнат во царинскиот спор меѓу Европската Унија и САД сериозно ќе влијае на германската економија ориентирана кон извоз. – Германската економија ќе претрпи значителна штета од овие царини, изјави Мерц по состанокот на Кабинетот за безбедност во Берлин. Сепак, рече тој, ефектите нема да бидат ограничени само на […]

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина


Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. – Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да го испорача системот, рече Мерц на конференцијата за обнова на Украина и Рим. Министрите за одбрана на двете земји разговараа за можниот договор, но конечната […]

Мерц со Трамп разговарал за купување „Патриот“ системи за Украина


Германскиот канцелар Фридрих Мерц имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за иницијативата Германија да купи американски системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, потврди денеска портпарол на германската Влада. Разговорот, инициран од Мерц, бил насочен кон поттикнување нови испораки на оружје за Украина, особено системите „Патриот“, откако Пентагон ја прекина испораката на одредени […]

Несогласување во ЕУ: Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави вчера дека ЕУ треба да постигне „брз и едноставен“ трговски договор со САД, а не „бавен и комплициран“, додека францускиот претседател Макрон рече дека неговата земја нема да прифати договор кој е неурамнотежен. Тие го кажаа ова на крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, каде што претседателката […]

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје


Нуклеарната програма на Иран е егзистенцијална закана за Израел, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во неделата, пред неговото заминување од Берлин за самитот на Г7 во Канада. „Не смее да му се дозволи на Иран да развива или поседува нуклеарно оружје“, рече Мерц. Напредокот на Иран во збогатувањето на ураниум го поттикна Израел да нападне […]

Мерц планира даночни олеснувања од 46 милијарди евра за компаниите за да ја оживее германската економија


Новата германска влада ќе се обиде да донесе пакет за даночни олеснувања од 46 милијарди евра за компаниите ова лето, во обид да ја извлече најголемата економија во еврозоната од стагнација. Министерот за финансии Ларс Клингбеил, социјалдемократ, ќе ги изложи мерките за време на состанокот на кабинетот во среда. Намалувањата на даноците, кои вклучуваат одбитоци […]

Судот пресуди дека Германија не смее да ги враќа мигрантите од границата. Мерц: Ќе продолжиме


Германската влада ќе инсистира на построга миграциска политика и покрај пресудата во корист на мигрантите вратени од границата, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Одлуката на Управниот суд во Берлин го стесни просторот за акција… Но, има уште доволно простор. Ќе продолжиме да ги враќаме назад оние луѓе кои се обидуваат да влезат во Германија […]

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија


 Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги брифираше за својот разговор со рускиот колега Владимир Путин, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц доцна синоќа. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговараше со Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија, Франција, Италија, Германија […]

Мерц: Западот не смее да си дозволи да биде поделен


Новоизбраниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека ќе се залага за трансатлантско единство во преговорите со Русија за крај на војната во Украина. – Од огромна важност е политичкиот Запад да не дозволи да биде поделен, рече конзервативецот во своето прво обраќање во парламентот откако ја презеде функцијата. – Затоа ќе продолжам да вложувам максимални […]

Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно


Царинска војна им нанесува штети на сите и во таков вид на војна никој не е победник, порача денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Брисел.  – Ескалацијата на спорот за царините не е добра идеја. Најдоброто нешто би било тие да се сведат на нула […]