За 22.000 евра продадено службеното „Ауди“ на Мерко, парите ќе го намалат јавниот долг


Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари (околу 22 илјади евра). Новиот сопственик на автомобилот е од битолското подрачје, дознава телевизијата Алсат. Актуелниот градоначалник на Струга, Менди Ќира, потврди дека средствата од продажбата ќе бидат наменети за отплата на […]

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите


 Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по […]

Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор


Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Условна казна од две години доби и прво обвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи. Судечкиот судија […]

Мерко во завршните зборови ја бранеше обвинетата директорка на училиште


Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска во Основниот суд во Струга даде завршни зборови во случајот со незаконското поставување директор во основното училиште „Зини Хани“, предмет во кој се води постапка и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во тоа училиште, а според обвинението, се товари и за фалсификување […]

На Мерко му се суди за директорите на училиштата – одложено за спомен-побележјето


 Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување директор во Основното училиште „Зини Хани“ во Велешта и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор, а според обвинението, се товари и за фалсификување исправа. Против Мерко се одржа и судско рочиште […]

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна


 Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го водеше процесот за стореното кривично дело на обвинетиот му изрече […]

Пресуда во Струга: Мерко ослободен, не прекршил закон при набавката на луксузното „Ауди“


  Рамиз Мерко, градоначалник на Струга доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра, поради недостиг на докази дека сторил кривично дело. Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба. Неговиот адвокат, […]

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга


 Лицето Албана Жута не ги исполнило условите за поставување вршител на должноста директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, односно не била назначена од редовите на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик, покажал извештајот на Државниот просветен инспекторат направен во август 2024 година. Тоа го кажа Виолетка […]

Две одвоени судења против Мерко денеска во Струшкиот суд


Во две одвоени рочишта во Основниот суд во Струга денеска ќе продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга и за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.  Расправата за набавката на луксузниот автомобил почнува од почеток поради промената на судечкиот судија, […]

Судот одлучува дали Мерко незаконски поставувал директори на основни училишта


Во две одвоени судски рочишта во Основниот суд во Струга денеска продолжи сослушувањето на сведоците во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување директори во четири основни училишта во Општина Струга. Во еден предмет споени се обвиненијата за училиштата во Лабуништа, Радолишта Подгорци и „Браќа Миладиновци“ во Струга, додека за училиштето во Велешта […]

Кривична пријава за Мерко, именувал библиотекар за директор на училиште кој не ги исполнувал условите


Струшката полиција поднела кривична пријава против Рамиз Мерко бидејќи во својство на градоначалник на општината во два наврата донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село, иако не ги исполнувал потребните услови. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради […]

Мерко планирал 73 вработувања во општината, нема место за сите тврди АА


Седумдесет и три нови лица е планирано да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постојните вработени во општинската администрација само 8 треба да заминат во пензија. Со ова бројот на вработени ќе достигне 280. „Прашање е дали има толку столчиња и толку маси во Општина Струга каде би работеле сите тие работници. Со […]

Му се намножија: Покренато осмо обвинение против Мерко


Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, за „несовесно работење во службата“,  за како што информираат повреда на законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Како што соопштуваат од ОЈО, обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување на […]

Одложено судењето за Мерко – одбраната бара застареност


Во Основниот суд во Струга одложена главната расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил Ауди А6 вреден 67 илјади евра, поради потребата од време судот да ги разгледа предлозите на обвинителот и одбраната. Судскиот процес ќе продолжи на 2 септември со сослушување на десеттина сведоци предложени од одбраната. […]

Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен


Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга. Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе […]

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил


Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава. На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, […]

Уште едно обвинение за Мерко, сега за за несовесно работење


  Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на […]

Јавното обвинителство ги проверува случаите со Мерко во Струга и Битола


 Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишо јавно обвинителство ЈО Битола, информираат од ЈОРСМ. Од Јавното обвинителство посочуваат дека по целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај. Обвинителството во четвртокот […]

(Во живо) Османи за одлуките на ДУИ за Мерко


Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи ги соопшти одлуките на ДУИ по ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, на црната листа. Слушнете го во живо: Околу ставот на ДУИ за одлуката на Стејт департментот во однос на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, портпаролот на партијата и шеф на македонската дипломатија, Бујар […]

Георгиев: Не изненадува случајот со Мерко туку тоа што нашите институции се разбрануваат кога се укажува однадвор


Ова не е воопшто изненадување, но е изненадување тоа што повторно нашите институции сега се разбрануваат откако некој однадвор ќе укаже за одредени состојби што ние веќе сме ги констатирале, изјави Владимир Георгиев, член на Антикорупциската комисија, во врска со ставањето на „црна листа“ на градоначалникот Рамиз Мерко од страна на Стејт департментот. На новинарско […]