Колку повеќе сме поврзани, толку сме посигурни: Варнс во посета на изградбата на Трафостаницата – Охрид


Енергетската поврзаност е клучна за поголема сигурност на снабдувањето и за интеграција на регионот. Тоа го истакнаа вршителката на должноста амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, и  директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, при денешната посета на Трафостаницата (ТС) Охрид. Варнс, во присуство на дел од менаџментот на МЕПСО, се запозна со динамиката на […]

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости


Новото раководство нема намера да ги игнорира или релативизира утврдените слабости. Ги прифаќаме наодите од Извештајот и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите состојби, велат од АД МЕПСО откако денеска Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на оваа компанија за 2024 година.  – За МЕПСО, ревизорскиот извештај претставува важен институционален механизам […]

ДЗР: Дури 65 отсто од нововработените во МЕПСО не ги исполнувале условите за вработување


АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско […]

„МЕПСО“ ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна


Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка со „Енергоинвест“ посочувајќи дека аргументите се на нивна страна. Консултирале и две реномирани адвокатски компании од САД чие […]

АД МЕПСО го пушти под напон и во пробна работа реконструираниот 110 kV далековод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1


АД МЕПСО – Скопје соопшти дека реконструираниот 110 kV далековод бр. 109 на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1 е пуштен под напон и ставен во пробна работа. Реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно […]

Прва координација на УО и НО на МЕПСО во Министерството за енергетика


 Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини првпат се одржа заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО – формат што обезбедува побрза, поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем. Како што информира ресорното министерство, министерката Сања Божиновска порача дека редовна координација е неопходна бидејќи МЕПСО како еден од клучните столбови за енергетската […]

Бислимоски не очекува поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија


До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел. – МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот […]

600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа – потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (АФД)


Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија денес беше потпишан Грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа. Настанот се одржа во присуство на Сања Божиновска, министерка […]

АД МЕПСО го пушти во пробна работа новиот 400/110 kV трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA


Новиот 400/110 kV трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA, со успешно завршената монтажа и ставање под напон, од денеска е пуштен во пробна работа и по еден месец треба да биде интегриран елемент во електроенергетскиот систем. АД МЕПСО соопшти дека дека овој чекор е резултат на посветената работа на стручниот тим на […]

МЕПСО: Пристигна новиот 400/110 киловолтен трансформатор во ТС Дуброво


Во Трансформаторската станица (ТС) Дуброво денеска беше успешно испорачан новиот 400/110 киловолтниот трансформатор. Овој капитален проект е дел од пошироката програма за модернизација, зајакнување и развој на електроенергетската инфраструктура на АД МЕПСО. Новиот уред, како што велат од енергетската компанија, значително ќе придонесе кон постабилно и поефикасно снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанските […]

Бислимовски не исклучува поскапување на топлинската енергија, по одлуката на Уставен суд


 Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, се уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно […]

Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, вели Мицкоски


Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста.  – Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. […]

МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки


Засега не постојат никакви ризици по стабилноста на преносната мрежа во државата. Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под 24-часовен мониторинг на регионалните текови на електрична енергија, од страна на Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО. Сите параметри на преносната мрежа се во рамки на нормалата и до овој момент немаше потреба од активирање на […]

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај


По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем, соопшти Министерството […]

Втора шанса за далноводот со Албанија: Објавен нов меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција


 АД МЕПСО денеска објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија, проект за комплетирање на регионалниот енергетски коридор Исток-Запад од клучно значење за регионалната интеграција и за енергетската стабилност на државата. Новиот тендер е објавен откако претходниот изведувач преку неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот го загрози проектот и […]

МЕПСО и ЕСМ заедно работат на развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија


Раководствата на АД МЕПСО и АД ЕСМ на денешната координативна средба ги усогласуваа стратегиите за развој на електропреносната инфраструктура и можностите за интеграција на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.  Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, АД МЕПСО ги презентираше проектите со кои се […]

Пуштен во работа нов трансформатор во ТС Битола 2 – клучен чекор за енергетската стабилност


 АД МЕПСО соопшти дека официјално го стави во полна функција 400/110 кV трансформатор  во трансформаторската станица (ТС) Битола 2 што претставува пресвртница во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападна Македонија и за целиот национален енергетски систем. Според компанијата, пуштањето во функција на новиот трансформатор го зајакнува клучниот дел од енергетската инфраструктура, враќајќи ја сигурноста во регион […]

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија


Раскинат е договорот со „Енергоинвест” ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV далекувод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, соопшти денеска АД МЕПСО и најави дека ќе иницира нова постапка за јавна набавка според насоките на ЕБОР за избор на нов изведувач кој ќе продолжи со реализација на проектот. АД […]

АД МЕПСО: Завршува модернизацијата на 110 киловолтното поле во 400/110 киловолтната ТС Битола 2


Завршува модернизацијата на 110 киловолтното  поле во 400/110 киловолтната трансформаторска станица (ТС) Битола 2. Во крајна фаза се проектите за промена на високонапонската опрема со кои по повеќе од 40 години, се заменија старите прекинувачи на 110 киловолтно напонско ниво, поставени се нови 67 разделувачи на 400 киловолтно и 110 киловолтно напонско ниво, 114 изолатори […]

Божиновска се сретна со раководствата на МЕПСО, ЕСМ и МЕМО, во фокусот снабдувањето со струја зимава


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска одржа средба со директорите и дел од раководството на АД МЕПСО, АД ЕСМ и Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, на која се разговарало за плановите за претстојната сезона и мерките што се преземаат за да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија […]