САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери. Во писмо објавено на неговата социјална мрежа  Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот […]

Американската армија ќе воспостави две нови гранични зони со Мексико


 Пентагон ќе воспостави две нови воени зони долж границата со Мексико, соопштија американски претставници, а тоа ќе ѝ овозможи на војската привремено да апси нелегални мигранти. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп оцени дека воените акции по должината на границата, вклучително и распоредувањето војници, се главната причина за големото намалување на бројот на нелегални мигранти. Пентагон […]

Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико


Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и две малолетни лица, а 22 се повредени во автобуска несреќа во близина на градот Валахуисес, во мексиканската држава Нуево Леон, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 3:40 часот кога автобусот се превртел на националниот автопат, кој е затворен за сообраќај во двата правци, се наведува во краткото […]

Мексико планира да го ревидира трговскиот договор со САД и Канада на почетокот на есента


Мексико очекува планираната ревизија на трилатералниот трговски договор со САД и Канада (USMCA) да започне на почетокот на четвртиот квартал од оваа година, изјави денеска мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард. „Официјалниот почеток на евалуацијата се очекува кон крајот на септември, првата недела од октомври“, рече министерот. Ебрард, исто така, минатата среда изјави дека автомобилите […]

Мексико се уште преговара со Трамп за царините


Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум разговараше со својот американски колега Доналд Трамп денеска и рече дека двете земји се уште бараат договор за укинување на преостанатите царини. „Продолжуваме да разговараме за трговски прашања“, изјави Шајнбаум по телефонскиот повик, најновиот во серијата разговори меѓу двајцата лидери. „Продолжуваме да преговараме, со добри односи и добра комуникација“, додаде таа. […]

Мексиканска инфлуенсерка убиена додека емитувала во живо од својот салон


Валерија Маркез им се обраќаше на своите следбеници на „ТикТок“ во живо од нејзиниот салон за убавина во мексиканскиот град Запопан кога некој ѝ затропа на вратата и ѝ достави мал пакет. „Тоа е мало прасе!“ „, извика 23-годишната инфлуенсерка додека се сврте кон гледачите и ја отвори плишената играчка со насмевка, фрлајќи ја својата […]

Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико


Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник. Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе. Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната […]

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник


 Вооружени лица убија кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз. Во инцидентот загинаа уште четири лица. Есенија Лара Гутиерес од партијата Морено беше нападната на 11 мај во Тексистепек, при што се повредени три лица. Тоа е второ убиство во Веракруз на кандидат за градоначалник пред локалните избори, што се закажани на […]

Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив


Мексико поднесе тужба против компанијата „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив. Веста ја соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. „Гугл“ во својата апликација „Google Maps“ го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив, со што се усогласи со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп. На 20 јануари, откако повторно се врати во […]

Мексико прими речиси 39.000 депортирани лица од САД откако Трамп ја презеде функцијата


Мексико прими речиси 39.000 имигранти депортирани од Соединетите Американски Држави од почетокот на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, од кои 33.000 се Мексиканци, изјави мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. На вчерашната прес-конференција, претседателката на Мексико одговори на прашања за Мексиканците во Соединетите Американски Држави и за кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп против таканаречените „градови-засолништа“. […]

Во Мексико потврден прв случај на мијаза кај човек


Мексиканското Министерство за здравство го потврди првиот случај на мијаза кај човек во земјата, соопшти владата. Случајот бил откриен кај 77-годишна жена од Акакојагва, во јужната држава Чиапас. Таа е во стабилна состојба и прима антибиотици, соопштија властите. Мијазата е паразитска инфекција на кожата и слузокожата предизвикана од ларви на муви од родот Диптера и […]

Мексиканската влада формира специјална единица за борба против нарко-картелите


 Министерството за безбедност на Мексико формира единица за специјални операции која би се  борела против нарко-картелите, шест години откако поранешниот претседател на Мексико ја распушти федералната полиција и таа одговорност целосно ја предаде на војската. Претседателката Клаудија Шајнбаум веќе сигнализираше подготвеност да се откаже од често критикуваната стратегија „прегратки, а не куршуми“ на поранешниот претседател […]

Мексико усвои закон за ненасилна борба со бикови


Пратениците во главниот град на Мексико со големо мнозинство гласаа за забрана на насилството во борбите со бикови, што предизвика гнев кај навивачите и радост на активистите за правата на животните. Законот, одобрен со 61-1 гласови, забранува убивање бикови и употреба на остри предмети кои би можеле да ги повредат животните. Тој, исто така, поставува […]

Мексико најави царини за американската стока


 Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Мексико на тарифите од 25 отсто воведени од САД ќе одговори со контрамерки – царини за американски стоки. Шејнбаум рече дека производите на кои Мексико ќе воведе царини ќе бидат објавени во недела на јавен настан на централниот плоштад во Мексико Сити. „Не постои мотив или причина, ниту […]

Трамп воведе царини за Канада и Мексико, ги зголеми за Кина. Веднаш стигна одговор


Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико. Трамп објасни дека тарифите се одговор на, како што тврди, неприфатливиот проток на нелегални дроги и недокументирани мигранти во САД од двете соседни земји. „Нема повеќе простор за Канада и Мексико“, рече Трамп во Белата куќа. Претседателот додаде дека единствениот […]

Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо


Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо и претпочитаат директно да ги примат, изјави вчера мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон де ла Фуенте. Според шефот на дипломатијата, ова се наведува во дипломатската нота испратена од мексиканската влада до американската амбасада во Мексико. САД вчера го испратија првиот воен авион […]

Мексико почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД


Мексико денеска почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД, како што беше ветено во понеделникот, во замена за суспензијата на американската најава за воведување царини од 25 отсто на мексикански производи, соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шaјнбаум. – Веќе почнавме да испраќаме трупи, изјави таа. Шaјнбаум додаде дека војниците се распоредени во држави кои […]

Американските царини за Мексико пролонгирани за еден месец


Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, по денешниот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за еден месец се одложени американските царини за мексиканските артикли. Шејнбаум на Икс објави дека Мексико веднаш ќе ја зајакне заштитата на северната граница со САД, со 10.000 припадници на Националната гарда, со цел да се спречи илегалната трговија […]

Мексико одбива да прифати американски авион со депортирани мигранти


Мексико му забрани на американски воен авион да пристапи до копното и привремено ги спречи плановите на администрацијата на Вашингтон да депортира илегални мигранти во земјата, објави NBC News, повикувајќи се на изјави на двајца неименувани американски воени претставници. Два авиони на американските воздухопловни сили Ц-17, од кои секој превезуваше 80 депортирани мигранти, заминаа во […]

(Видео) Земјотрес од 6,4 степени во Мексико – оштетени многу објекти


Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, во близина на брегот на Мичоакан. ❗ El sismo fue perceptible en los estados de Colima, Michoacán, Morelos, así como algunas zonas de la Ciudad de México. pic.twitter.com/sCPDUPKPTB — Sepa Más (@Sepa_mass) January 12, 2025 Земјотресот се случил во 2 часот и 33 […]