„До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“- планинарско меморијално искачување


Во чест и сеќавање на проф. д-р Љупчо Меловски, доајен на еколошката наука во земјава, Македонското еколошко друштво ве поканува на шестиот Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“ што ќе се одржи на 26 април (недела) во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово. Проф. д-р Љупчо Меловски беше научник, професор и […]

МЕД дел од нов меѓународен проект за борба против криволовот на загрозени диви видови


Македонското еколошко друштво (МЕД) во следните пет години  ќе биде дел од меѓународниот партнерски проект „Итни акции за спречување и борба против криволовот на три видови во критична опасност од исчезнување во Италија“ (LIFE24-NAT-IT-FIGHT4WILDLIFE/101216050) преку кој ќе се работи на намалување на заканите со кои сега се соочуваат европската јагула, египетскиот мршојадец и апенинската кафеава […]

Еколошката наука во Македонија стана побогата за 13 нови истражувања на млади еколози


Во изминатите две недели, тринаесет млади истражувачи ги претставија заклучоците од своите научно-истражувачки проекти коишто беа поддржани со мал и среден грант во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Станува збор за уникатна програма, осмислена со цел да им обезбеди континуирана поддршка на младите еколози и […]

Манифестација „Денови на македонски мед“ во Скопје


Од денеска до недела на улица „Македонија“ во центарот на Скопје ќе се одржува 21. манифестација „Денови на македонскиот мед“.  Организатор на манифестацијата е Пчеларското здружение „Матица“ – Скопје. Посетителите ќе можат да купат различни видови мед од цела Македонија и останати пчелни производи. – Повелете дојдете и одберете го својот пчелар и својот мед, […]

Расте бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија


Бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија бележи значителен пораст, покажуваат најновите податоци од пребројувањето спроведено од Македонското еколошко друштво (МЕД) и Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци. Оваа гнездечка сезона се потврдени 19 до 20 активни двојки, што претставува највисока бројка од 2010 година наваму. Од вкупниот број, 9 двојки се гнездат […]

Утре сите во Градски парк за да научите како се создаваат дабови садници


За рисот, срната, зајакот, волкот, лисицата, мечката, птиците…  Утре, 26 октомври, Македонското еколошко друштво организира едукативен настан за создавање дабови садници, кој ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје. – На овој настан, сите присутни граѓани ќе имаат можност да научат како од собраните желади под стеблата на дабовите дрва, може да создадат сопствени садници […]

Менде Трајковски: Ќе се брендираат Мариовски, Пелистерски и Струмички мед


При крај сме со постапката за брендирање и заштита на нашиот Мариовски мед за кој јасно ќе биде посочено географското потекло, а брендирање е најавено за струмичкиот и пелистерскиот мед, истакна Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија. Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот. -Сојузот […]

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија


Да се намали употребата на пестициди во земјоделството, да се засадат што повеќе медоносни растенија и да се имплементираат ефикасни политики за справување со климатските промени, е пораката од денешната манифестација што се одржа по повод Светскиот ден на пчелата, 20 Мај. Неопходно е, истакнаа учесниците, да се препознае улогата на пчелите во екосистемот, да […]

Пчеларници вклучени во туристичка понуда во Тиквешијата


Пчеларници од Тиквешијата се вклучени во туристичката понуда на регионот, денеска во кавадаречко дојдоа и првите домашни и странски туристи. Ова попладнево го потврдија за МИА, пчеларите Игор Најдов и Блаже Наумов. – Туристите официјално го посетија пчеларникот на Наумов во селото Сопот. Имаше гости од Македонија, Франција, Холандија, Англија. Посетата на пчеларникот, со презентација, […]

Оризот, чајот и медот повеќе нема да имаат рок на употреба. Дали е тоа добра одлука?


Долготрајната храна како чај, ориз или мед повеќе не треба да има рок на употреба. Ова е предлогот на германскиот сојузен министер за земјоделство Џем Eздемир. „Тоа треба да помогне да се троши помалку храна“, рече политичарот на Зелените во понеделникот пред состанокот со неговите колеги од ЕУ во Луксембург, пренесува Феникс. Eздемир смета дека […]

Цената на медот, редум, 600 денари за тегла


Мед, полен, матичен млеч, прополис, мешавина на мед со лековити растенија и природна козметика од мед, се само дел од палетата производи што ги нуди годинашната манифестација „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата почна денеска и ќе трае до недела, 1 октомври, а се одржува на улица „Македонија“ во Скопје. Тегла мед чини 600 денари, […]

Денови на македонскиот мед на улица „Македонија“


На улица „Македонија“ во Скопје денеска ќе бидат отворени 19-те „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата ќе ја отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Викендов саем на мед во центарот на Скопје


  Повеќе од 20 изложувачи од сите краеви на земјава изложуваат мед и пчелни производи на штандовите што се поставени на плоштадот „Македонија“ во Скопје во рамките на четвртиот „Пчеларски саем на Македонија“ во организација на Пчеларската федерација на Македонија, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За време на тридневното траење на […]

Медот зачести на македонската трпеза


  Зголемена е културата во исхраната, а медот зачести на македонската трпеза, нагласуваат пчелари од битолскиот, прилепскиот, велешкиот, гостиварскиот и други македонски региони, кои нагласуваат дека медот во исхраната е важен за сечие здравје. Но, впечатокот не треба да залажува затоа што Македонците и понатаму се далеку од европскиот просек за дневно или годишно користење […]

Денови на македонскиот мед


 На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед. Манифестацијата се одржува 18. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат различни видови мед и други пчелни производи од македонски пчелари, а ќе можат да добијат и […]

МЕД: Изработка на акциски план за решавање на проблемот со дивите кучиња


Да се изработи акциски план со конкретни мерки, временска рамка, буџетски ставки и се што е потребно во долгорочен период да се реши проблемот со дивите кучиња кои се потенцијален проблем за биодиверзитетот во нашите еко системи е заклучокот од денешната трибина на тема „Напуштени кучиња во дивина и нивното влијание кон дивиот свет“ во […]

Одбележување на Светскиот ден на пчелите


Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија во земјава и Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија, во соработка со Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево и Здружението на пчелари од Брегалничкиот регион Меден Исток, денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на пчелите. На настанот што ќе се одржи во Едукативниот […]

Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбито во бегство


Косово – Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со возило комби бил илегално внесен од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во […]

Европа преплавена од сомнителен кинески мед, дали го има и кај нас


Доколку на пазарот најдете нелогично евтин мед, тоа е сигурен знак дека станува збор за фалсификат, а не за прирден мед, предупредуваат пчеларите. Според нив технологијата за производство на лажен мед од разни видови сирупи толку напреднала што сега дури и густината па и стврднувањето, односно зашеќерувањето, не е веќе сигурен показател дека медот е […]

Медот и неговата исцелителна моќ


Сите го сакаат вкусот на медот, па така децата, но и возрасните, немаат проблем да го конзумираат на редовна основа, но и кога се заболени и затоа ова е омилен продукт кој што е хранлив и лековит. Една лажица мед во просек содржи 64 калории, 17 гр. шеќер, вклучувајќи фруктоза, глукоза, малтоза и сахароза, потоа […]