Сојуз на медицинските сестри: Ќе се надмине ли проблемот со хроничниот недостиг на овој кадар?


Недостигот од медицински сестри води кон продолжено лекување на пациенти, а тоа носи дополнителни трошоци, листи на чекање. Пациентите заслужуваат едуцирани и платени медицински сестри. Во услови кога има недостиг на медицински сестри, од една страна има незадоволни пациенти, а од друга страна, согорен здравствен персонал, што согорува во работата, поради недостиг на персонал. Тој […]

Недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија, според МЗ во тек се вработувања на 240, ќе има и двојно повеќе


Подобри услови за работа, признавање на образованието, преквалификации од една специјалност во друга, доедукација, повисоки плати се меѓу причините поради кои медицински сестри заминуваат на работа во други земји. Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските […]

Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година


До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. И со овој оглас недостигот од средномедицински персонал нема да се покрие оти го има секаде во државата, […]

Со европска помош се образуваат и задржуваат медицинските сестри


Проектот за унапредување на образованието за медицинските сестри и на акушерките и воспоставување на систем за признавање на професионалните квалификации ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, на настанот со кој беше означен почетокот на проектот, што е финансиран од […]

Унија на ЗМСТАС до Таравари: Ако вработите 600 доктори, треба вработување за уште 900 медицински сестри


Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ по вчерашната објава на министерот за здравство Арбен Таравари дека oваа година во буџетот ќе се предвидат нови вработувања за 300 доктори, во денешното соопштение до медиумите напоменува дека според светските здравствени стандарди императивно ќе биде потребно и вработување […]

Во Прилеп се одржа прв симпозиум на медицинските сестри од примарното здравство


Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите. Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја […]

Бешлиовска: Статусот ,,договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците


Статусот „договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ,,За нас”. На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на […]

Бешлиоска: Медицинските сестри да не се вработуваат со договор на дело – фалат 50 отсто


Медицинските сестри се многу важни во системот, образованието и инвестицијата во сестринството е инвестиција во здрава нација. Покажавме дека сме рамо до рамо со современото сестринство. Ова го истакна денеска на прес-конференција, Гордана Бешлиоска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Таа додаде дека Здружението на сестринството, покрај влезот […]

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата


 Медицинските сестри масовно заминуваат од државните болници во приватните, но и во странство, а има и такви кои заминуваат од професијата, алармираа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „За нас“. – Заминуваат и сестри кои се повозрасни, со повеќе работен стаж, а тоа што нас најмногу не загрижува е тоа што не […]

Колкави се бруто платите на лекарите и медицинските сестри во светот


Ве интересира колку заработуваат лекарите и медицинските сестри во одделни земји во светот? Разликите се големи, пишува Дневник.хр. Така, просечната месечна бруто плата на лекар во Ирска во 2021 година била 15.664 евра. На второ место се најде Исланд со просечна бруто плата од 14.742 евра, а на трето Холандија со 14.654. Во Хрватска таа […]

Нема акушерки, ги заменуваат медицински сестри


Велат дека здравјето е најважно во животот, а недостигот од здравствени работници во државава го зголемува стравот за сопственото здравје кај населението. Недостигаат кадри од повеќе здравствени струки, меѓу кои и акушерки. Соговорниците на МИА потврдуваат дека од година во година бројката на акушерки се намалува, а се заменуваат со медицински сестри. Во 2004 година […]

Во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри


Претседателот на Здружението на медицински сестри, Елсон Јачај, изјави дека во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри и оти за работа тие главно ги избрале Германија и Италија. -Реално, во болниците се менуваше само надворешната фасада. Но, внатрешната реалност на тешкотиите што ги имаат на нивните работни места продолжува да биде […]

Протест на медицински сестри и немедицински персонал во Загреб


 Синдикатите на хрватските медицински сестри и немедицинскиот персонал денеска во 11 часот организираат протест во Загреб на кој уште еднаш ќе ги истакнат барањата за зголемување на коефициентот на плата за најмалку десет проценти и подобрување на условите за работа. На протестот под слоганот „И ние сме здравство“ најавени се меѓу 500 и 1.000 учесници, […]

Недостасуваат 50 отсто од кадарот на медицински сестри


Недостоинствен е статусот на медицинските сестри во државава и час поскоро треба законски да се регулира. Ако се додаде и огромниот одлив на медицинскиот персонал, што значи недостасува 50 отсто од кадарот, ситуацијата станува алармантна, посочуваат од Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ), од денешнот прв симпозиум на медицинските сестри […]

Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија


По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите […]

Бешлиоска: Да се подобрат условите за работа на медицинските сестри и да се спречи нивниот одлив


Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од Здружението „За нас“. бара подобрување на условите за работа на медицинските сестри, спречување на нивниот одлив и зголемување на нивното задоволство, а со тоа и на нивното достоинство. – Бараме унифициран договор за сестрите од примарното здравство кои се во концесинерските […]

Во Шпанија половина од медицинските сестри планираат да ја сменат професијата


Речиси половина од медицинските сестри во Шпанија размислуваат да ги напуштат своите работни места поради екстремна истоштеност за време на пандемијата со Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на почетокот на јануари годинава. Според анкетата 85 отсто од медицинскиот персонал страда од психолошки и емоционални проблеми. Интервјуирани се 19.300 медицински сестри кои истакнале дека „состојбата […]

Дефицитарните кадри од земјава седат дома


Додека на пазарот на труд постои дефицит од медицински сестри, бројот на оние што остануваат без работа секојдневно расте. Повеќе од четириесет медицински сестри, кои со години работеле во концесионерски амбуланти, односно во приватни здравствени ординации, седат дома, останале без работа оти по пензионирање на лекарот или поради смрт ординацијата била затворена. Иако имаат работено […]

Годинава Албанија ќе ја напуштат 5.000 илјади медицински сестри


Официјалните податоци изнесени од здружението на медицински сестри потврдуваат дека овој кадар масовно ја напушта Албанија и главно се вработува во Германија. – Многу наши колеги и колешки ја напуштија земјава а уште многу се поготвуваат да заминат. Во првите шест месеци од годинава земјата ја напуштилја 2.500 медицински сестри. Според нашите сознанија до крајот […]

За шест месеци Албанија ја напуштиле 2.500 медицински сестри


Во последните две години албанските бели мантили масовно ја напуштаат земјата и главно заминуваат во Германија. Друштвото на медицински сестри изнесува алармантни бројки за бројот медицински сестри кои веќе ја напуштиле земјата и оние кои чекаат да заминат. – Само во периодот јануари-јуни годинава во Германија заминаа околу 2.500 медицински сестри. Исто така, имаме информации […]