Сиљановска – Давкова на отворањето на Медитеранските игри во Таранто


Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Денеска, во Олимпиското село, таа се сретна со македонските […]

Таранто 2026: Четврто учество на македонските спортисти на Медитерански игри – одбојкарките почнаа со пораз


Со свеченото отворање вечерва во италијанскиот град Таранто ќе биде означен почетокот на 20. те Медитерански игри. За македонските спортисти ова ќе биде четврто учество, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022 година. Македонскиот тим ќе биде најброен досега со 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 4 екипни спортови и во 15 индивидуални. […]

Дури 88 спортисти ќе ги бранат боите на Македонија на Медитеранските игри во Таранто


Македонскиот олимписки комитет (MOK) денес во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. – Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, […]

Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува


Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот […]

На медитеранските игри Македонија ќе се натпреварува во 19 спортови


  Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува искуството на докажаните спортисти и енергијата на новите генерации. Различни спортски приказни, различни патишта и една заедничка желба – со гордост да ги претстават македонските бои на XX Медитерански игри. Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти […]

Македонските ракометари останаа без финале на Медитеранските игри


Македонската машка ракометна репрезентација загуби попладнево од Египет со високи 34-20 (16-10) во рамки на првото полуфинале на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа немоќни против египетскиот противник и во текот на целиот натпревар беа во резултатски подредена положба. Египет, кој до полуфиналето имаше стопроцентен ефект од четири победи, […]

Македонските ракометари ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри


Македонската ракометна репрезентација се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Ова е епилогот по вечерашниот последен натпревар од Б-групата во кој Шпанија го совлада домаќинот со убедливи 31:19. Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит одиграа коректно и без разлика што го имаа обезбедено полуфиналето, не калкулираа и на крајот според очекуваното ги освоија […]

Македонскиот борач Нуров по голем пресврт освои злато на Медитаранските игри во Алжир


Македонскиот борач Магомегаџи Нуров го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вечерва по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со 4:3. Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди […]

Турција и Алжир лидери со по шест злата на Медитеранските игри


По четири изминати дена на Медитеранските игри во Оран, домаќинот Алжир и Турција се лидери на листата медалисти со по шест освоени најсјајни одличја. Златни медали имаат освоено уште и Египет, Грција, Италија, Србија, Хрватска и Словенија. Пласман во Топ 10 медалисти на Медитеранските игри: 1. Алжир       6+4+0 (злато-сребро-бронза) (вкупно10) 2. Турција      6+0+5 (11) […]

Македонија со прв медал на Медитеранските игри: Ненад Келебиќ освои бронза во карате


Македонскиот каратист Ненад Келебиќ освои бронзен медал на Медитеранските игри, откако го совлада Португалецот Жоаким Мендес со судијско изјаснување 3:2 (2:2). Со овој успех Келебиќ и го донесе првиот медал на Македонија во Тарагона. Каратистот Емил Павлов остана без медал откако во полуфиналето беше поразен од претставникот на Мароко, Абделсалам Амекнаси, а во борбата за […]

Медитерански игри: Каратистот Емил Павлов ја постигна првата победа за Македонија во Тарагона


Македонскиот каратист, Емил Павлов, го совлада Оргес Арифи од Косово со 3:1 и ја постигна првата победа за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона. Каратистка Симона Заборска беше поразена во првото коло, а вчера одбојкарите беа совладани со 3:2 во сетови од Египет. Македонија на игрите во Шпанија е застапена со 71 спортист во 15 […]