Првата медицинска евакуација во историјата: Екипажот на Crew-11 се враќа од МВС денес


Четири астронаути се враќаат на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС) еден месец порано од планираното, во првата медицинска евакуација од станицата откако беше ставена во орбита во 1998 година. За прв пат по 26 години, мисијата на МВС е прекината. Поради неодредена „сериозна здравствена состојба“ на еден член на екипажот, четири астронаути се враќаат […]

Астронаут на МВС има здравствени проблеми. НАСА: Може да се вратат порано


НАСА размислува за рано враќање на екипажот од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради здравствен проблем на еден астронаут, неколку часа откако планираната вселенска прошетка беше откажана за денес, соопшти агенцијата. Портпаролката на НАСА изјави дека астронаутот, чиј идентитет не го откри, е во стабилна состојба на орбиталната лабораторија. Природата на здравствениот проблем не беше откриена. […]

Дали знаете каде е Точката Немо, местото каде што ќе падне Меѓународната вселенска станица?


Меѓународната вселенска станица (МВС) достигна голема пресвртница, но нејзините денови се избројани. Во недела, 2 ноември, се одбележа 25-годишнината од континуираното човечко присуство на МВС, вселенска станица која заработи место во историјата како едно од најголемите и најскапите технолошки достигнувања на човештвото. Сепак, МВС е во својата последна фаза. Американската вселенска агенција НАСА и нејзините […]

Астронаутката Суни открива што најмногу ѝ недостигало за време на деветте месеци во вселената


Вилијамс и колегата Вилмор требаше да останат на Меѓународната вселенска станица една недела, но техничките проблеми ги натераа да поминат речиси девет месеци таму. Астронаутката Суни Вилијамс, родена во Нидам, Масачусетс, ја посети WBZ-TV за да зборува за своето детство, искуството од долгиот престој во вселената и работите што најмногу ѝ недостигаат на Земјата. Вилијамс […]

Поранешниот параолимпиец Џон Мекфол доби медицинска дозвола за мисија на МВС


Џон Мекфол, поранешен параолимпиец и сегашен британски астронаут, ги исполни сите услови за да стане првиот човек со попреченост кој патува во вселената. Четириесет и тригодишниот Мекфол е и хирург, а сега добил лекарско уверение, кое му овозможува да патува на долготрајна мисија до Меѓународната вселенска станица, објави Европската вселенска агенција. Џон ја изгубил ногата […]

Маск: Му предлагам на Трамп да ја отстраниме Меѓународната вселенска станица од орбитата што е можно поскоро


Американскиот мултимилијардер Илон Маск повика Меѓународната вселенска станица (ISS) да се деорбитира што е можно поскоро. „Време е да почнеме да се подготвуваме да ја деорбитираме Меѓународната вселенска станица. Таа си ја заврши својата работа. Има многу малку дополнителна корисност. Ајде да одиме на Марс“, напиша Маск на социјалните мрежи X. Во друга објава на […]

Руската капсула „Сојуз“ врати на Земјата три члена од екипажот на МВС


Руската капсула „Сојуз“ безбедно слета денеска во Казахстан со тројца членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) по завршувањето на нивната мисија. Капсулата слета на тревникот во близина на југоисточниот град Језказган, објави руската вселенска агенција Роскосмос. Кој беше во капсулата? Во капсулата Сојуз МС-24 беа Лорал О’Хара од САД, Марина Василевска од Белорусија […]

Два дена по дефектот, „Сојуз“ беше лансиран кон МВС


Рускиот вселенски брод „Сојуз“ со руски космонаут и две женски астронаути, Белорусика и Американка, беше лансиран од космодромот „Бајконур“ во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (МВС), покажаа снимките во живо. Лансирањето првично беше закажано за четврток, но беше прекинато неколку секунди пред полетувањето поради проблеми со хемискиот извор на енергија. Бродот „Сојуз“, кој ги носи […]

(Видео) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск до Меѓународната вселенска станица


Ракета од SpaceX, основана од претприемачот и милијардер Елон Маск, полета од Флорида рано утринава превезувајќи екипаж од тројца американски астронаути и руски космонаут на пат кон Меѓународната вселенска станица (ISS) на шестмесечен престој во научната мисија во Земјината орбита. Двостепена ракета Falcon 9 која носи автономно управувана капсула Crew Dragon наречена Endeavor беше лансирана […]

Космонаутите рачно го поврзаа леталото со МВС по проблеми со автоматското приклучување


Минатиот викенд, руското вселенско летало „Прогрес МС-26/86П“ доживеа проблем при приклучувањето на Меѓународната вселенска станица, поради што мораа да интервенираат руски космонаути. Леталото беше лансирано во петокот со помош на ракета „Сојуз 2.1“ од космодромот Бајконур во Казахстан, а подоцна имаше проблеми со усогласувањето што го изврши автоматскиот систем „рандеву“ за време на последното приближување. […]

НАСА претвора 98 отсто од урината и потта на МВС во вода за пиење


Американската вселенска агенција НАСА достигна технолошка пресвртница која еден ден би можела да игра важна улога во мисиите на Месечината и пошироко. НАСА откри дека системот за контрола на животната средина и поддршка на животот ECLSS на Меѓународната вселенска станица постигнал 98 проценти рециклирање на водата што ја носат астронаутите на МВС. Овој систем користи […]

Русија ги враќа космонаутите од Меѓународната вселенска станица поради дефект на капсула


Руската вселенска корпорација Роскосмос денеска соопшти дека ќе лансира вселенско летало што ќе врати тројца членови од екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) на Земјата бидејќи капсулата во која летале била оштетена од удар на микрометеорит поради што од неа истекува течност за ладење. Руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин и астронаутот на НАСА Френк Рубио пристигнаа на […]

(Видео) Се испраќа нов 3-Д биопечатач на МВС, целта е да се произведат цели органи во вселената


 Биопечатените делови од телото би можеле да бидат клучни во медицинските третмани во иднината, а научниците вложуваат големи напори во нивен развој. Американската вселенска агенција НАСА, компанијата „Редвајр“ и центарот „4Д-Био-3“ испраќаат нов 3-Д биопечатач до Меѓународната вселенска станица (МВС) каде што ќе вршат биопечатење на менискус на човеково колено во орбитата, а резултатите ќе […]

Ракета „Сојуз“ со американски и двајца руски космонаути полета кон Меѓународната вселенска станица


Руска ракета од типот „Сојуз“ денеска е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (МВС), со екипаж од еден американски и двајца руски космонаути.   „Стабилноста на леталото е добра, екипажот се чувствува добро“, изјави коментаторот на „НАСА“ по полетувањето што директно  го пренесуваа порталите на американската и на руската вселенска агенција. […]

НАСА: Русија ја користи Меѓународната вселенска станица за поддршка на војната во Украина


Национална аеронаутичко-вселенска администрација на САД, (НАСА) тврди дека Русија ја користи Меѓународната вселенска станица за политички цели, конкретно за поддршка на војната во Украина. НАСА преку соопштение го осуди искористувањето на Меѓународната вселенска станица од страна на Русија за политички цели односно за „поддршка на специјалната воена операција на Русија во Украина“. Тоа е во […]

Четворица астронаути се вратија на Земјата по шест месеци на МВС


Капсулата на „Спејс-Икс“ – „Кру драгон“ со четворица астронаути рано утринава слета во океанот близу брегот на Флорида, со што заврши нивната шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС). Раџа Чари, Том Маршбурн и Кејла Барон од американската НАСА, заедно со германскиот астронаут Матијас Маурер од Европската вселенска агенција, се вратија на Земјата околу 24 […]

(Фото) НАСА на МВС телепортира холограм на доктор


  На сите љубители на научно-фантастичниот серијал „Ѕвездени патеки“ познати им се многу неверојатни постигнувања од иднината поради кои на многумина „лиги им течат“ на – warp drive, кој овозможува патување побрзо од брзината на светлината, холодек, доктор холограм и слично. Колку таквите концепти на напредна технологија да звучат примамливо, изгледаше дека тие ќе можат […]

Првата приватна научна мисија на МВС во подготовка


Првата целосно приватна мисија на Меѓународната вселенска станица – МВС, почнува денеска со четиричлен екипаж од новата компанијата „Аксиом спејс“ (Axiom Space). Потегот беше поздравен од НАСА, која го гледа тоа како клучен чекор во комерцијализацијата на оваа област на Вселената позната како Ниска орбита на Земјата. Полетувањето е закажано за 17:17 часот по македонско […]

Руските космонаути на МВС дојдоа во боите на Украина


  Тројцата руски космонаути кои стигнаа на Меѓународната вселенска станица, носеа жолто-сини костими, како боите на украинското знаме. Тие дојдоа со капсулата „Сојуз“, а во посадата се наредникот Олег Артемјев, Денис Метвејев и Сергеј Корсаков. На МВС дојдоа по тричасовен лет од Казахстан. Се работи за први космонаути од Русија, кои дојдоа на МВС по […]

НАСА планира да ја сруши Меѓународната вселенска станица во Тихиот Океан


НАСА има намера да ја одржи во функција Меѓународната вселенска станица (ИСС) до крајот на 2030 година, по што планира да ја сруши во зафрлен дел од Тихиот Океан познат како Поинт Немо. Работата на склопување на станицата во вселената започнала во 1998 година, а од 2000 година таму престојуваат астронаути и спроведуваат научни истражувања. […]