ФЗО објаснува зошто во МВР останале без здравствено осигурување: Не е технички проблем, системот е таков


Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел […]

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож


Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на  граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле […]

Возилата пред бугарската амбасада ги запалил 44-годишник од Скопје. Приведен е


Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска во 12,13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение […]

МВР доби апарати за срцебиење – со нив ќе откриваат скриени мигранти


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамките на донацијата, како што информираат од МВР, […]

По пасош се оди пристојно облечен – МВР со нов кодекс


Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно кога ќе ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи откако МВР објави дека воведува Кодекс за облекување за вработените и странките. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се […]

МВР со детали за пожарот во Радовиш: Почнал во една од халите, нема повредени


Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил […]

И натаму се вози „лудо“, за едно деноноќие приведени 18 возачи, 12 возеле без дозвола


Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина […]

МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со Меморандумот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста […]

МВР одзеде автобус на автопатот Велес-Скопје кој превезувал ученици од екскурзија


По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски […]

Реконструирано одделението за управни работи на МВР во зградата на МТВ (фото)


Во зградата на Македонската телевизија денеска и официјално беше отворен вториот дел од реконструираното одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел од поширок процес за унапредување на условите во кои граѓаните ги остваруваат своите законски права. Според министерот, позитивните реакции од граѓаните се […]

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани


Диверзија со импровизирана експлозивна направа во ВИП-зоната и координиран терористички напад со заложничка криза во терминалната зграда, денеска беа дел од симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, која беше реализирана на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вежбата ја организираше Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во […]

МВР презема мерки за расчистување на обидот за опожарување објект на Еврејската заедница


Во СВР Скопје, изутрината во 07.22 часот, Ј.Ј. пријавил дека на ул.„Апостол Гусларот” во двор од верски објект забележал канистар за гориво и траги од горење, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи откако Еврејската заедница во Македонија вечерва извести за обид за опожарување на објект на Заедницата и на синагогата во Скопје.  – […]

Сите пријавувале за насилството во Тафталиџе, само полицијата не го гледала живиот пекол


  Мајка на возраст од 30 години и девојче на 6-годишна возраст паднаа од балкон директно во смрт, а оваа трагедија укажа на нефункционалноста на инститциите и неможноста на државата да ги заштити жртвите на насилниците. Имено, многумина сведочат дека мајката и детето со години биле жртви на сопругот кој често доаѓал во алкохолизирана состојба, […]

МВР го поништи конкурсот за испитен центар Велес


Министерството за внатрешни работи го поништи јавниот конкурс за избор на фирма за добивање лиценца за испитен центар Велес, информираа оттаму. Решението е донесено вчера од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Јавниот конкурс се поништува поради потребата од дополнително усогласување на временската динамика и процедурите поврзани со доставувањето на барањата и документацијата […]

МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремена опрема


Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес, порача премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на 120 нови полициски возила за потребите на униформираната полиција. Мицкоски им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи, на министерот […]

МЦМС: МВР со најголема доверба меѓу граѓаните во справувањето со корупцијата


Извештајот за процена на корупцијата во Македонија 2025 на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) покажува значајно зголемување на довербата на граѓаните во работата на МВР. Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година. Ова е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и […]

МВР: Од почетокот на ноември до вчера 10.210 сообраќајни прекршоци, 55 лицa лишени од слобода


Како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од почетокот на ноември до вчера од вкупно 10.210 издадени платни налози. Од нив, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување […]

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров


Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров. -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да […]

Полицијата го уапси возачот кој избега откако усмрти велосипедист кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје


Полицијата попладнево соопшти дека го уапсила 37-годишниот Х.К. од Скопје, кој денеска околу 12:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје со автомобил „Фолксваген пасат“ прегази 78-годишен велосипедист (Ј.Ќ. од Скопје), кој почина на самото место. Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу […]

И за вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови


Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна […]