Марш за ангелите: Ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот


 Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните институции дека очекуваат вистинска правда за настраданите. -Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност — […]

Родителите од „Пулс“ очекуваат одговори до 3 октомври, потоа следуваат блокади


Дел од родителите на загинатите во пожар во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март годинава, упатија остар повик до јавните обвинители и до судиите: бараат итни и јасни одговори за напредокот на постапките и најавија дека доколку до 3 октомври не добијат конкретен одговор, мирните маршеви ќе прекинат и ќе следуваат протести и […]

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот


Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ утре попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд […]

Протестен марш „Задоцнета реакција“ утре во Кочани на семејствата на настраданите во пожарот


В сабота, 19 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи трет протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени. Маршот ќе започне од Градскит парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и […]

Марш за женските права: „Нека јадат ружи!“


Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“. Организаторите повикуваат на женски марш и солидарен женски бојкот за да се […]

Форумот на жени на СДСМ ќе организира осмомартовски марш во Струмица


 Форумот на жени на СДСМ организира осмомартовски марш под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“. За ова денеска информираше претседателката на Форумот, Даниела Колева од Кавадарци.  – Форумот на жени на СДСМ поканува на традиционалниот осмомартовски марш, по повод Меѓународниот ден на жената. Овој марш е нашиот глас, со кој ја продолжуваме борбата […]

Безбедни улици и казни за несовесните возачи се побара на маршот „Кој е следен?“


 Во организација на граѓанското движење „Кој е следен“, денеска, се одржа третиот протестен марш на кој граѓаните бараа правда за 22-годишната Фросина Кулакова, младата модна дизајнерка од Неготино која животот го загуби откако беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ додека преминувала пешачки премин.  Протестниот марш започна пред Универзална сала, каде што беше прегазена младата Фросина, […]

Во Загреб марш за зголемување на безбедноста во училиштата


Во центарот на Загреб денеска ќе се одржи марш со цел да се зголеми безбедноста во училиштата, по нападот на 20 декември кога загина едно дете, а наставничката и неколку други деца беа тешко повредени. Маршот, што ќе почне во 18 часот, е во организација на три училишни синдикати, кои ги повикаа граѓаните да им […]

Марш за женски права: Нула починати родилки! Нула силувани жени! Не отстапуваме!


На Меѓународниот ден на жената 8 Март, жените од Македонија порачаа дека не отстапуваат од борбата за своите права. Не сакаат со правата на жените да се калкулира во политички предизборни цели. Исто така, сметаат дека животот на жената треба да се цени, па затоа целта им е да има нула силувани жени и нула […]

Марш на „Лесја Украинка“ на годишнината од почетокот на војната (галерија)


Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ одржа мирен марш по повод двегодишнината од почеток на руската сеопфатната инвазија врз Украина. Настанот почна на алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), потоа продолжи пред амбасада на руската федерација. Фото: Б. Грданоски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски


Дваесетина планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија деветнаесетти пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит. -Патот е долг околу 200 километри кој ќе го […]

Маршот за женски права во Скопје – „Држава што не постапува е држава што убива“


Со пораките „Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“ и „Држава што не постапува е држава што убива“, попладнево на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје започна Маршот за женските права што се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 март. Заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност […]

Поради марш посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, поради најавено одржување на марш за женски права, со почеток во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, трасата на движење е од плоштадот „Филип Втори Македонски“, во продолжение по ул.„11 Март“, право на бул.„Гоце Делчев“, десно […]

Протестен марш на 8 март за правата на жените


Платформата за родова еднаквост на 8 март од 18 часот седми пат ќе организира марш во Скопје за да потсети на проблемите кои секојдневно ги имаат жените во земјава. Организаторите велат дека маршот ќе биде израз на „протест на колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед – од растечките стапки на насилство, фемицидите, […]

Поради новинарскиот марш ќе има посебен режим на сообраќај во петок во Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, со почеток во 10.30 часот, поради најавен новинарски протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје. Рутата на движење на новинарскиот марш ќе биде од пред зградата на Владата во правец […]

Марш за видливост на трансродовите лица


Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА денеска ќе одржи марш, по повод Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица – 31 Март. -TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по четврти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството […]

Марш за женски права – Сиромаштијата има женско лице


Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“ денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи шестиот Марш за женски права. – На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту […]

Протестен марш против војната во Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска ќе организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.  Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот ќе започне кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот. 

Марш посветен на самохраните и еднородителските семејства


Мирен марш ќе биде организиран денеска во Скопје за да се подигне свеста во јавноста за секојдневните проблеми со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства. -Поводот за организирање на овој марш се сериозни прашања и барања на нашите членки. Сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска […]

Социјалдемократките маршираа под слоганот „Еднакви! Можеме!“


„Еднакви! Можеме!“ беше слоган на традиционалниот марш што се одржа денеска по повод Меѓународниот ден на жената во организација на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Маршот, што почна пред зградата на ЕУ инфо центарот и продолжи низ улиците во центарот на Скопје, се заокружи со собир во Градскиот парк. „Жената не го […]