Барселона го откажа пријателскиот натпревар во Мароко


Актуелниот шпански првак Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот клуб Етихад поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута. Барселона требаше да одигра контролен натпревар против Етихад на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но шпанскиот клуб одлучи да ја откаже посетата. „Со […]

По инцидентите во близина на Сеута во Мароко приведени 70 луѓе


Мароканската полиција приведе 70 лица под сомнение дека учествувале во насилните инциденти, што избувнаа додека илјадници мигранти незаконски влегуваа во шпанската енклава Сеута. Приведените се товарат за кривични дела „обид за убиство, намерно предизвикување пожар и оштетување на јавен и приватен имот“. Обвиненијата произлегуваат од судирите помеѓу мигрантите и мароканската полиција во Фнидек, Мароко, каде […]

Мароканците станаа фудбалска сила и тоа не го кријат: „Дојдовме по титулата светски шампион“


Тренерот на мароканската фудбалска репрезентација, Мохамед Уаби, го најави натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство против Франција, велејќи дека неговиот избор дошол исклучиво за титулата светски шампион. Во последните пет години, оваа репрезентација стана вистинска светска фудбалска сила. Тие стигнаа до полуфиналето на Светското првенство, тие се светски шампиони во возрасната група до 20 години, […]

Седумдневен пакет „се вклучено“ за само 270 евра! Каде?


Агадир во Мароко е прогласен за најевтина дестинација за летен одмор во 2026 година. Според истражувањето на туристичката агенција „Лавхолидејс“ (Loveholidays), еднoнеделeн „сè вклучено“ пакет тука чини околу 270 евра. Овој град е познат по своите долги песочни плажи и топлата клима. Посетителите имаат можност да уживаат во сончање, пливање и разни водни спортови, а […]

Повеќе од сто илјади луѓе евакуирани поради поплави во северозападниот дел на Мароко


Мароканските власти досега евакуираа 108.432 луѓе поради поплави и ги повикаа жителите на загрозените подрачја во северозападните рамнини на земјата веднаш да се евакуираат поради растечката опасност од излевање на реките, обилните врнежи од дожд и испуштањето вода од полни брани. Според агенциите, во спасувачките операции биле вклучени и хеликоптери, додека земјоделските полиња и селата […]

Мароко ја победи Нигерија на пенали и се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации


Мароко синоќа ја победи Нигерија во полуфиналето на Африканскиот куп на нации со 4:2 на пенали. По основните 90 и дополнителните 30 минути игра на „Мулај Абдула“ во Рабат не беше постигнат ниту еден гол. Во пенал-серијата Нигеријците ги промашија вториот и четвртиот удар, додека домаќините не погодија само во вториот удар. Мароко ќе се […]

Ова е ретка појава: 10 сантиметри снег паднаа во Мароко


Градот Оуџда во источен Мароко се разбуди утрово со снег, глетка што жителите не ја виделе речиси 25 години. Улиците и плоштадите на овој град беа покриени со бела покривка, што предизвика изненадување и многу прашања за причините за толку редок зимски феномен во овој дел од земјата.   Метеоролозите велат дека снежните врнежи се […]

Мароко: Најмалку 21 лице го загуби животот во поплави, 32 се повредени


Најмалку 21 лице го загубија животот, а 32 се повредени во поројните поплави што вчера ја зафатија крајбрежната покраина Сафи во Мароко, 330 километри јужно од Рабат, објавија мароканските власти, пренесоа француските медиуми. Британските медиуми пренесоа дека во рок од само  еден час наврнало доволно дожд за да ги предизвика ненадејните поплави. Околу 70 куќи […]

Страшна несреќа во Мароко: Се урнаа две згради, 19 лица загинаа


Најмалку 19 лица загинаа, а 16 се повредени при уривањето на две згради во мароканскиот град Фес. Според прелиминарните официјални податоци, во инцидентот загинаа четири деца, а 16 лица се повредени, меѓу кои и две бремени жени. Три лица се тешко повредени. Сите повредени брзо се префрлени во Универзитетската болница „Хасан II“ за да им […]

Премиерот на Мароко повика на дијалог откако протестите станаа насилни


Премиерот на Мароко, Азиз Ахануш, денеска повика на дијалог за да се прекинат протестите на младите ширум земјата, кои станаа насилни и во кои загинаа три лица, додека најмалку 640 се повредени. Ахануш наведе во соопштение дека дијалогот е единствениот пат. Тој истакна дека неговата влада се ангажирала во врска со барањата кои ги изразиле […]

Северна Африка и стравот дека заборавениот конфликт повторно ќе ескалира: „Војна е решение, нема што да изгубиме“


Додека целиот свет сѐ уште е фокусиран на настаните во Украина, но и на областа Газа, тензиите во Северна Африка, поради територијата на Западна Сахара, се уште се присутни, а членовите на движењето за независност нагласуваат дека војната е единствената решение. На повеќе од 4.000 километри од Газа, во пустината Сахара, има бегалски кампови во […]

Во Мароко се уапсени 30 лица осомничени за трговија со бебиња


Полицијата во Мароко уапси 30 лица осомничени за трговија со бебиња и уцена поради стекнување профит во Фез, град на северот на земјата. Меѓу осомничените уапсени има 18 агенти за обезбедување, лекар, две медицински сестри, здравствени работници, како и посредници, рече извор од безбедносните сили за мароканска новинска агенција. Тој извор не го прецизираше бројот […]

Мароко одбива хуманитарна помош од ОН, Франција и Алжир


Понудите за хуманитарна помош за Мароко станаа контроверзно прашање – Рабат досега прифаќаше помош од Шпанија, Обединетото Кралство, Катар и Обединетите Арапски Емирати, но ја отфрли онаа на Обединетите нации, соседен Алжир, со која кралството ги прекина дипломатските односи, и Франција, со која веќе неколку месеци односите се заладени. Мароканската влада соопшти дека досега прифаќала […]

Бројот на загинати во Мароко се зголеми – над 2.800 луѓе настрадаа


Жителите на деловите на Мароко кои беа уништени од најтешкиот земјотрес во земјата во повеќе од еден век, и ноќеска спиеја на отворено четврта ноќ по ред, додека бројот на загинати се искачи на повеќе од 2.800. Тимовите за потрага од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на мароканските напори за пронаоѓање на преживеани […]

Ниските температури се нов предизвик по земјотресот во Мароко, граѓаните бесни


Новинарот на Ал Џезира, Абдел Мумин Ел Амрани, известувајќи од Маракеш, вели дека многу луѓе сè уште ноќеваат во јавни паркови и плоштади поради оштетените домови. Нов проблем е тоа што температурите почнаа да опаѓаат во вечерните часови. „Ако температурата паднала во Маракеш, можете само да замислите (како е) во планините. Ова е нов предизвик, […]

Земјотрес во Мароко: Бројот на загинати над илјада, уништен историскиот град Маракеш


  Редок, силен земјотрес го погоди Мароко доцна во петокот навечер, при што загинаа стотици луѓе и беа оштетени згради од селата во планините Атлас до историскиот град Маракеш. Бројот на жртвите, според министерството за надворешни работи се искачи на илјада, главно во Маракеш и пет провинции во близина на епицентарот на земјотресот. Уште 329 […]

Мароко прв пат во историјата го совлада Бразил


Четвртопласираната репрезентацијата на последниот фудбалски Мундијал, Мароко, продолжи со импресивните настапи, совладувајќи го во пријателски натпревар Бразил со 2-1. Мароканците на саботниот дуел во Танжер поведоа во 29 минута, а Бразил го израмни резултатот во 67 минута со голот на Касемиро. Победата на Мароко ѝ ја донесе Сабири во 79 минута. Поразот ги продлабочи проблемите […]

Почнува Светското клупско првенство во фудбал


  Мароко од утре до 11 февруари првпат во својата историја ќе биде домаќин на Светското клупско првенство, на кое ќе настапат седум екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања – Реал Мадрид, Фламенго, Казабланка, Сиетл, Оукленд, Ал Ахли и Ал Хилал. Клупското СП ќе биде отворено со дуелот меѓу Ал Ахли и Оукленд, а победникот […]

Франција-Мароко: Мобилизирани 10.000 полицајци, 5.000 од кои во Париз


Жералд Дарманан, министерот за внатрешни работи на Франција,  најави распоредување на 10.000 полицајци низ цела Франција, од кои 5.000 во Париз, за полуфиналето на Светското фудбалско првенство, Франција-Мароко, кое ќе се игра утре, јави дописникот на МИА. „Ќе бидат мобилизирани 10.000 полицајци и жандарми. 5000 во регионот на Париз, а особено околу Шанзелизе и 5000 […]

„Мароко е нашата гордост“ – Африка и арапскиот свет во егазалтација по историскиот успех на Мундијалот


  Мароко стана првата африканска земја што се пласираше во полуфинале на Светското првенство победувајќи ја Португалија со 1-0 во саботата, со што веројатно стави крај на шансите на Кристијано Роналдо да ја освои најголемата фудбалска награда. Јусеф Ен-Несири го постигна победничкиот гол во 42-та минута за да ја продолжи неверојатната серија на Мароко што […]