Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево соопшти дека во рамки на истрагата за организиран транспорт на марихуана од земјава во Србија е донесена наредба за спроведување постапка против уште седум лица, осомничени дека го сториле истото кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци […]

Лишен од слобода албански државјанин, при претрес на граница пронајдена дрога


На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.   […]

Уште три компании за одгледување марихуана ќе останат без лиценци, вели Алиу


По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании.  – Досега 23 компании се процесуирани, досега три се […]

Одземени лиценците на шест компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели


На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.  Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, […]

Ја спакувале марихуаната во кутии, па заминале на колективен одмор – шестмина осомничени за шверцот во Србија


  Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели […]

Полицијата на терен: „Ги чешлаат“ фирмите што произведуваат медицински канабис


Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци.  Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на меѓуресорската комисија. – Од денеска почнуваат вонредните контроли заедно со МВР. Најверојатно, додека трае […]

„Работата ќе биде многу, многу поголема“: Мицкоски најавува нови истраги за марихуаната


Премиерот Христијан Мицкоски денеска не откри во чие време бил донесен спорниот правилник кој овозможил производство на марихуана кое што не ги задоволува џи-ен-пи нормите, но најави нови сознанија од истрагата која ја врши Министерството за внатрешни работи, споменувајќи притоа „одредени телефони“, „одредени разговори“ и „друг тип на докази. „Вистинското прашање е кој бил мотивот […]

Запленети над 40 тони дрога, акцијата продолжува


Министерството за внатрешни работи информира дека во тек е опсежна акција, во чии рамки е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана […]

Како пет тона марихуна ја поминаа границата? Што правела царината?


  Македонија или Албанија? Такви беа нагаѓањата на српските истражни органи околу потеклото на петте тони марихуана запленети во селото Коњух кај Крушевац. Од вчера попладне српските власти се сигурни дека дрогата дошла од Македонија. И спакувана во картонски кутии ја преминала границата. Прашањето е дали со помош или не на некој од царината, и […]

Во близина на Крушевац српската полиција заплени пет тони марихуана


Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека во денешната операција на Управата за криминалистичка полиција во околината на Крушевац се запленети околу пет тони марихуана. Тој нагласи дека станува збор за рекордна заплена на наркотици, чија вредност на нелегалниот пазар се проценува од седум до 10 милиони евра. Дачиќ изјави дека се […]

Запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во Струшко


Четириесет и шестгодишник  А.Т. од Поградец, Република Албанија, утрово во 7.05 часот бил лишен од слобода на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово.  Го привеле полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, откако при претрес на  возилото што го управувал, „опел зафира“ со струшки […]

Царината заплени 130 килограми марихуана


Царинската управа заплени 130 килограми марихуана која на „црниот” пазар би чинела над 700 000 евра. Со ова, како што рече денеска директорот на Управата Бобан Николовски, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Според Николовски, се работи за квалитетна марихуана која, што е можно поскоро, ќе биде предадена во Агенцијата за […]

Во камион на Табановце откриени околу 130 килограми марихуана


 Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 29 октомври на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) […]

Прилепчанец си носел 35 кг марихуана – фатен на патот Битола – Прилеп


Денеска, на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана. По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој […]

Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, запленети 188,6 килограми марихуана


Запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана во заедничка акција на Царинска управа и Бирото за јавна безбедност. Со акцијата е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и […]

Запленети околу четири тони марихуана во валандовското село Јосифово


Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово, Валандово. Како што денеска соопштија од МВР, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице […]

Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови


Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два дена Царинската управа запленила 36.4 килограми опојна дрога марихуана на граничниот премин Блаце, додека вчера на Jажинце бил спречен шверц на голема количина лекови. – Од 1 јули до 30 септември годинава или за последното […]

Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско,  приведено едно лице


Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на  с.Сладуево, Демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од с. Калишта, Струшко. При преглед на патничко моторно возило  „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана. Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична […]

Фатени двајца малолетници со марихуана во Аеродром


Во два одделни случаи, полицијата приовела мамлолетници во Аеродром, кои кај себе имале марихуана. Имено, во петокот, во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање […]

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Македонија


 На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината […]