ЕУ се штити со квоти и повисоки царини – македонската металургија на удар


  Македонските производители на челик и челични производи се пред огромен предизвик, откако од почетокот на овој месец Европската унија ги заостри условите за увоз воведувајќи ограничени квоти и зголемени царини по искористување на одобрените количини. Проблемот не е само македонски туку многу поширок, бидејќи ограничувањата важат и за други земји надвор од ЕУ. Сепак, […]

„Макстил“: Исклучително ниски вредности на емисиите на цврсти честички


Компанијата „Макстил“ во соопштение до медиумите посочува на пониски вредности за десетици пати од законски утврдените гранични вредности кои ги забележаа мерните станици на „Макстил“ во четвртиот квартал од 2025 година, што уште еднаш ја потврдува високата енергетска ефикасност на технолошките процеси и системи инсталирани во компанијата. Според редовниот мониторинг на емисиите, кој се спроведува […]

„Макстил“ ќе си ги бара 4,3-те милиони евра од солидарниот данок, најверојатно ќе ги прости каматите


Скопски „Макстил“, компанијата која плати најголем износ за солидарен данок од дури 4,3 милиони евра, нема намера да ѝ ги прости овие пари на државата, иако, најверојатно ќе се откаже од побарувањето за камати што инаку ѝ следува. Исто така, подготвени се да разговараат за динамиката за поварт на овие средства со Министерството за финансии. […]

И македонската челична индустрија на штрек поради најавените царини на Трамп


  Царините што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп и кои треба да ги обелодени денес или утре, би можеле да го погодат и македонскиот челик, доколку не биде направена некоја отстапка за одделни земји. САД не се во врвот на најголемите македонски надворешно-трговски партнери, според вредноста на размената за минатата година се на 17-то […]

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село


На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година. […]

„Макстил“ вработува веднаш по завршувањето факултет – потпишан меморандум со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје


Макстил АД Скопје ја обнови соработката со Технолошко-металуршкиот факултет и во наредниот период ќе ги поддржи студентите преку доделување стипендии, обезбедена пракса за студентите, стручна и консултативна помош при дипломски, магистерски и докторски студии, стручна, научна и техничка поддршка за експертски анализи, со формирање на експертски тимови за изработка на научноистражувачки проекти. Оваа соработка само […]

Макстил со поддршка за младите девојки во инженерските професии


За создавање на врвни професионалци во техничките науки неопходно е практично искуство, посочи во своето обраќање пред младите девојки инженерки (Global Engineer Girls), генералната директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска. „Мотивирањето за одење напред и надградување на себеси треба да произлезе од самите вас, а изборот на науката, технологијата, математиката и инженерство веќе ве дефинира како […]

Како „Макстил“ ја применува циркуларната економија: Со троската може да се асфалтираат патишта


  Црната и белата троска која како отпаден материјал се добива од топењето на железото во скопски „Макстил“, наместо отпаден производ, сега добива третман на секундарна суровина или копродукт што има широка примена во градежништвото, особено во градењето патишта за тампонирање или како материјал за асфалтирање со извонредна цврстина. Ова е само еден пример кој […]

„Макстил“ една година ќе се грижи за едно семејство со пет деца од СОС Детско село


Макстил е новиот стратешки партнер на СОС Детско село и станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата. Со потпишувањето на договорот меѓу компанијата и организацијата, Макстил започнува стратешка соработка со СОС Детско село, а кумството на куќата ќе значи поддршка на петте деца заедно со нивната згрижувачка. […]

„Макстил“ годинава почнува со големи инвестициски проекти вредни 7,6 милиони евра


Компанијата „Макстил“ годинава планира значајна инвестициска активност во износ од над 7,6 милиони во проекти кои имаа за цел да ја зголема ефикасноста во работењето, и да обезбедат подобра работна средина. Како што соопшти производителот на челични слабови и лимови, новите инвестиции надминуваат 10 отсто од капиталот на друштвото. Планот за набавка на основни средства […]

Со едукација на основците за рециклирање на создадениот отпад, „Макстил“ инвестира во екосвеста кај најмладите


Како дел од проектот на „Макстил“ „Инвестираме во нашата планета“ се спроведе едукација на основците на тема „Учиме да се грижиме да ја заштитиме животната средина и да го намалиме и рециклираме создадениот отпад“. Вкупно 870 ученици од 8 основни училишта од Општина Аеродром, од технолозите и инженерите од Макстил учеа за опасностите од создадениот […]

„Дуферко“ ја зголеми сопственоста во „Макстил“


Мнозинскиот акционер во скопски „Макстил“, компанијата „Дуферко“ со седиште во Швајцарија, го зголеми сопственичкото учество во македонскиот производител на челични слабови и лимови. „Макстил“ АД Скопје, согласно Правилата за котација на Македонската берза извести дека на 21.11.2023 година е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. „Имено, Duferco Skop SA, како мнозински […]

Солидарниот данок ја „изеде“ добивката на „Макстил“


  Компанијата „Макстил“, која е водечка во челичната индустрија во земјава соопшти дека исплатата на солидарниот данок значајно влијаела врз остварената добивка во првите девет месеци од годинава. Во образложението кон постигнатите резултати на Макстил А.Д. Скопје за периодот јануари – септември 2023 година, доставено до Македонската берза се вели дека добивката пред оданочување во […]

„Макстил“ со инвестиција од 9 милиони евра ќе ја зголеми енергетската ефикасност и безбедноста на производниот процес


  „Макстил“ со инвестиција вредна 9 милиони евра ќе внесе значајни промени за унапредување на производниот процес. Потпишан е договор за набавка и испорака на нова кружна странична ножица за сечење лим. Набавката на новата машина е во вредност од 6,3 милиони евра, додека целата инвестиција се очекува да достигне вредност од 9 милиона евра, […]

„Макстил“ добитник на наградата за зелена агенда на Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија, по повод 101 годишнината на комората, денеска ја врачи наградата за зелена агенда на „Макстил“ АД Скопје. Делегацијата во состав Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ оперативен директор и Михајло Донев, проект менаџер во Стопанската комора ја врачија наградата за зелена агенда на генералниот директор на „Макстил“ АД […]

Вработен во „Макстил“ загинал на работното место


Вработен во „Макстил“ утрото загинал на работното место, соопшти компанијата. Почната е истрага за причините за несреќата. – Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на „Макстил“ каде животот го загуби наш вработен.  Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, […]

„Макстил“ доби награда за најеколошка компанија во Општина Гази Баба


„Макстил“ доби награда од Општина Гази Баба како најеколошка компанија односно компанија со успешна примена на еколошки стандарди и со особен придонес кон зачувувањето на животната средина. Доделувањето на наградата следи по општинскиот конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологија“ каде во пет различни категории, аплицираа стопански субјекти, институции, организации и граѓани од општината, […]

Емисиите од Макстил пониски за три до пет пати од дозволените вредности


Во првиот квартал од годината, емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се пониски од дозволените гранични вредности за 3 до 5 пати. Ова го покажуваат мерењата од двата оџака активни во производниот процес, чија работа се следи во текот на целата година, а компанијата ги објавува квартално. На мерната точка Оџак од пескара, каде […]

Емисионите вредности на „Макстил“ во текот на цела 2022 година се многу пониски од дозволените


  Емисионите вредности на цврсти честички на „Макстил“ во текот на цела 2022 година се далеку пониски од дозволените, гранични вредности. Компанијата во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двата оџака активни во производниот процес и ги објавува квартално. Секој од овие извештаи покажал неколкукратно пониски вредности од дозволените. Во текот на измината […]

„Макстил“ – општествено одговорна компанија на годината, признание од Општина Гази Баба


„Макстил“ е прогласена за општествено одговорна компанија на годината од страна на Општина Гази Баба. Плакетата беше доделена на Свечената академија по повод одбележувањето 46 години од основањето на Општина Гази Баба, а се доделува за големиот придонес што компанијата го има направено во подобрување на состојбите во општината и за спроведени активности кои директно […]