Нова бензинска станица на „Макпетрол“ во Велес


  Компанијата отвори нова бензинска станица во градот Велес која се придружува на современата мрежа на бензински станици на „Макпетрол“ низ државата. Оваа бензинска станица, исто како и останатите, е опремена според највисоките светски стандарди и ќе ги задоволува секојдневните потреби на потрошувачите од градот Велес и околината. Новата инвестиција на „Макпетрол“ доаѓа во годината […]

„Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ во земјава


Целосно неточни се информациите дека јапонскиот бренд „Хонда“ нема да биде застапуван од „Макпетрол“. Компанијата ја демантира веста со наслов: „Макпетрол“ повеќе не е застапник на „Хонда“, јапонскиот бренд во земјава ќе го претставува „Хонда Ауто центар“, објавена на некои медиуми на 03.06.2022 г. Во веста се тврди дека „Макпетрол АД“ нема повеќе да биде […]

„Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра


Интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на „Макпетрол“, информираат од компанијата. – Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат […]

„Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи


Линкови што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на социјалните мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор. Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и […]

Кугларите на Макпетрол го освоија националниот куп


Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше домаќин на Купот на Македонија во куглање којшто го освои скопскиот клуб Макпетрол. Актуелните шампиони на земјата, кои пред извесно време без пораз ја осигураа 21 титула во домашната лига, за 2022 година се носители на двојната круна, откако триумфираа и на неодамна одржаниот национален куп. Второто место […]

„Макпетрол“: 50 години од отворањето на најпрепознатливата бензинска станица во земјава


Бензинската станица „Билјанини извори“, што е дел од мрежата на „Макпетрол“, денеска ја одбележува 50-годишнината од отворањето. Препознатливиот и импозантен кружен објект, којшто се наоѓа на излезот од Охрид, на патот кон селото Велестово, е пуштен во употреба на 7 април 1972 година. Автор на проектот е архитектот Ѓорѓи Голев, додека изведувач на армираните бетонски […]

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“


Главниот град на Босна и Херцеговина викендов беше домаќин на „Топ-тен турнир“ со најдобрите светски каратисти, како и на „Гран при Сараево“, собир на којшто учествуваа стотина клубови и над 1.000 спортисти, меѓу кои и членови на „Макпетрол“ од Скопје. На топ-тен турнирот имаше 12 учесници од девет држави, а претставници на Македонија беа Петар […]

Како Македонија ќе го плаќа гасот што доаѓа од Русија


  Компаниите увозници на гас во нашата земја, засега немаат добиено барање за промена на начинот на плаќање кој до сега се користел спрема извозниците од Русија, откако официјална Москва најави дека ќе бара овој енергент да се плаќа во нивната локална валута – рубљата. Од Народната банка велат дека до сега не е доставен […]

„Макпетрол“: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата


Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4,5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, предупредуваат од „Макпетрол“. Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното […]

„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови


Снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол“ ќе се нормализира во следните денови. Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери, порачуваат од компанијата. – Побарувачката на горива во земјава […]

Граѓаните да не складираат горива во канистери, тоа е опасно


„Макпетрол“ уверува дека горива има доволно, а повикуваат граѓаните да не складираат во канистри, буриња и канти, што е несоодветно и спротивно  на законите.  „Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка […]

Почна новата наградна игра „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“ за 2022 година


Денеска започна 7-та по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“. И покрај отежнатите економски и пандемиски услови, наградната игра повторно започнува како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите верни купувачи во центарот на нашата работа. Бројот на членовите на Верна […]

„Макпетрол“ во февруари ќе испорачува гас по намалени цени


„Макпетрол“ во февруари ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас) и на природниот гас како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, информираат од компанијата. Споредено со јануари, како што велат, малопродажната цена на метанот е пониска за 12,74 отсто, односно 14 денари за килограм и сега изнесува […]

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува. Целосно реновирана и модернизирана бензинската станица Визбегово во Скопје


Речиси 75 години „Макпетрол“ АД се стреми кон постојан напредок и воведување новитети во своето работење, знаејќи дека својот успех го должи на довербата и лојалноста на клиентите и на пошироката заедница. Низ сите овие години компанијата со особено внимание се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно […]

„Макпетрол“ – граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на „Фејсбук“


На социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“. Компанијата нагласува дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“. Како дел од наведената игра, невистинито се наведува дека се доделуваат ваучери од 6.000 денари за гориво, за тие што ќе ја заследат […]

Државно првенство во карате: Макпетрол најуспешен со девет медали


Тимот на Макпетрол го освои првото место на Државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21) што викеднот се одржа во Скопје. Неговите претставници освоија вкупно девет медали од кои шест златни, два сребрени и еден бронзен на турнирот на кој учествуваа каратисти од цела Македонија кои се натпреваруваа во дисциплините кумите […]

Државата ќе го купува уделот на „Макпетрол“ во ГА-МА


Државата ќе го купува уделот што го има компанијата „Макпетрол“ во гасоводот ГА-МА. Ова е решението за долгогодишниот спор што државата го има со „Макпетрол“ за сопствеништвото на единствениот гасовод што го има земјава. Новиот закон за енергетика предвидува сопственик или косопственик на преносниот гасоводен систем да не смее и да не може да биде […]