Младите Македонци и Македонки од Хрватска ги чуваат своите корени и идентитет


Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура […]

Македонците и Србите ги поврзува чувството за слобода, изјави Мицкоски на свеченоста во Нови Сад


  Во Нови Сад денеска со свечена академија се одбележаа 80 години од населувањето на Македонците во Војводина на која се обрати премиерот Христијан Мицкоски и порача дека народот кој ги чува своите корени и јазик никогаш не се губи, не останува без дом и дека народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има […]

Објавено е колку Македонци живеат во Германија


Во Германија живеат повеќе од 14 милиони странци, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани, но наскоро би можеле да ги престигнат Турците, кои со децении се на првото место. Според податоците од Централниот регистар на странци (AZR) од 30 ноември 2025 година, во Германија се регистрирани 1,52 милиони турски државјани и повеќе од […]

По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот


Торонто е најмултикултурен и најкосмополитски град во светот, каде живеат и се интегрирани луѓе од сите краеви на светот. Во главниот град на канадската провинција Онтарио бројни се имигрантските заедници, кои непречено ја негуваат традицијата и културата на земјата од каде потекуваат, а најчесто тоа е преку верските објекти. Речиси да нема кварт во која […]

(Фото) Тројца Македонци провалувале во станови во Хрватска – најден алатот


Полициски службеници од Службата за општ криминал при полициската управа Приморје-Горски Котар и 1-та полициска станица Риека завршија кривична истрага која откри серија тешки кражби. Тројца државјани на Северна Македонија на возраст од 37, 42 и 50 години се пријавени за вкупно 16 кривични дела, од кои едно е во обид. Според резултатите од истрагата, […]

Камала Харис им оддаде почит на Македонците во САД, го спомена и Илинденското востание


  Во едно несекојдневно писмо до македонско-американската заедница потпретседателката Камала Харис, која е и кандидат за претседател на демократите, искажа редица пофални зборови за Македонците во САД, нагласувајќи ја нивната улога во американската демократија. Во обраќањето до Македонците во САД Харис го споменува бранот на македонските имиганти на крајот од 19. век, ја нагласува историската […]

МАЕИ повика на обединување на Македонците од Албанија


  Eдинствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на денешниот состанокот одржан во Корча, повика на обединување на сите Македонци од Албанија и на оние што се иселени. Централниот комитет на МАЕИ усвои декларација од 15 точки, која ќе биде доставена до надлежните албански, македонски и меѓународни институции. „Имајќи ја […]

Османи до Македонците во Албанија: Слободно да ја изразите вашата припадност


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача до Македонците во Албанија во следните шест недели слободно да ја изразат својата идентитетска припадност на тамошниот попис на населението. „Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на пописот слободно да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува […]

Радев се жали, Нинова се заканува: Бугарија навредена од споредбата со Русија


  Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за агенцијата БГНЕС вели дека „раководството на Македонија не треба да ја убеди Бугарија, туку соопствените граѓани дека гради демократско држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат, а Бугарите во оваа земја не се подложени на систематска репресија, физичко насилство и диригирани […]

Бројот на попишаните Македонци во Бугарија е нереален, вели Стојко Стојков


  Членот на претседателството на ОМО Илинден-Пирин, Стојко Стојков, во разговор за „Локално“ вели дека бројката од 1.143 лица кои се изјасниле како Македонци на пописот во Бугарија не е реална, бидејќи имало граѓани кои се плашат така да се декларираат. И дека Македонци во Бугарија има многу повеќе. „Ова бројка е нереална како и […]

Загина Македонец на Малта, конзулатoт помага во враќањето на телото


Младиот Мартин Костов загина во сообраќајна несреќа во Слиема, на Малта, а неговото семејство вчера повика на донации со цел побрзо собирање на средствата за транспорт на телото од Малта во Македонија. Сепак, по апелите, Почесниот конзулат на Малта во Mакедонија информираше дека стапил во контакт со роднините на загинатиот и им било ветено оти […]

ФУЕН изгласа Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија


Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 66. Конгрес што се одржува во германскиот главен град Берлин, едногласно усвои Резолуција за состојбата на македонското малцинство во Албанија  предложена од македонското друштво „Илинден“-Тирана, информираше за МИА, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. -За Резолуцијата гласаа сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта […]

Спасувачка акција во Грција по Македонци кои исчезнале во морето


Спасувачка акција е во тек на Халкидики, Грција каде што се трага по двајца македонски државјани, пренесува грчката телевизија „Скај“. Инцидентот се случил во областа Посеиди, каде што според првичните информации, биле исчезнати тројца, но едниот веќе бил најден, додека по останатите двајца се трага. Бродовите од пристаништето на Неа Скиони се упатуваат кон морето. […]

Бугарија ги крши правата на Македонците, оценува Стејт департментот


  Американскиот Стејт департмент во извештајот за состојбата човековите права во светот во 2021 година, во делот за Бугарија не само што наведува дека таму постојат етнички Македонци, туку и дека се нарушуваат нивните права за слобода на здружување. Стејт департментот наведува дека бугарските власти и покрај 14 одлуки на Судот за човекови права го […]

Кирил Петков подголтна на прашањето на Би-Би-Си за Македонците во Бугарија


  Без никаков одговор остана бугарскиот премиер Кирил Петков за време на познатата емисија на Би-Би-Си „Хард ток“, кога новинарот му забележа за правата на Македонците во Бугарија, споменувајќи ги пресудите на Судот за човекови права во Стразбур. Петков во дел од разговорот ја повтори познатата бугарска теза од последниве 7-8 месеци, дека македонските Бугари […]

1.001 Македонци поднеле барање за европски азил во ноември 2021


  Околу 71.400 барања за меѓународна заштита биле поднесени во ЕУ, Норвешка, Швајцарија и Обединетото Кралство во ноември 2021 година, според податоците објавени во петокот од Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). Тоа е втора највисока месечна бројка од 2016 година. Анализата покажува дека барањата се зголемени за 9 отсто во споредба со октомври […]

Пендаровски ја одложи средбата со претставниците на Македонците во Бугарија. Причина – пандемијата


  Во очигледен обид да не се напрегне ситуацијата пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков идната недела на Скопје, претседателот Стево Пендаровски ја одложи на неодредено време средбата со претставниците на здруженијата на Македонците од Бугарија. Причината за одложувањето била пандемијата на корона вирусот. Иако, на пример, пандемијата не беше причина за да се […]

Вучиќ за Македонците: Ние го прифаќаме нивниот јазик и нација, им посакуваме се најубаво


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. -Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и […]

Македонците имаат најниски плати од сите во регионот


Највисоки просечни плати во регионот се евидентирани во Словенија и Хрватска, а најниските во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, покажуваат последните официјални статистички податоци. Според словенечкиот Завод за статистика, просечната нето-плата во таа земја изнесува 1.114 евра, јави Анадолија. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите од регионот која го надминува […]

Македонци „лудувале“ во Пореч: Едниот крадел, другиот возел пијан


Двазесет и тригодишен македонски државјанин е приведен од полицијата во Пореч, Хрватска поради сомневање дека е сторител на тешка кражба. Тамошните медиуми пишуваат дека полициските службеници при контрола во сообраќајот, во неделата околу 4.30 часот наутро запреле автомобил „пежо“ со загрепска регистрација. Возилото го управувал 22-годишен македонски државјанин, кај кого биле измерени 0.93 промили алкохол […]