Хан: Препораката да биде мотивација за конечно решавање на спорот за името


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан за МИА изјави дека се надева оти овој извештај ќе биде дополнителна мотивација да се реши спорот со името и предупредува од ризиците за несталбилност на регионот доколку тој не се интегрира во ЕУ. По објавувањето на извештајот за напредок на Македонија кон ЕУ, еврокомесарот Хан во кус разговор за […]

Жбогар: Македонија доби многу подобар извештај од претходните


Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата по објавувањето на извештајот за Македонија во Стразбур. – Им честитам на граѓаните на земјата за правењето многу важен чекор напред, а тоа е добивањето чиста препорака […]

ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ


Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот на напредокот на земјата. Препораката се базира на направената длабока анализа. Сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори, рече Хан. Еврокомесарот […]

Македонија од утре домаќин на Првиот дигитален самит на Западен Балкан


Македонија утре и задутре ќе биде домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво. Самитот е дел од Берлинскиот процес и претставува можност за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, но ќе бидат презентирани и […]

Коѕијас: Соседите да покажат сериозност и да не преговараат преку интервјуа


Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата […]

Ѕанакопулос: Новото сложено име, да се прифати како уставно име


Новото договорено сложено име треба да биде и уставно име на соседната земја, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Атина во однос на тоа дали Грција би прифатила име што би било само за меѓународна, […]

Брисел утре ќе ги објави извештаите за прогресот: Препораката за Македонија е напишана


  Европската комисија утре ќе ги објави извештаите за прогресот на Македонија и другите земји кандидати во Стразбур. Според увидот на „Радио слободна Европа“ (РСЕ) во извештаите, невралгични точки во сите држави од Западен Балкан остануваат владеењето на правото, организираниот криминал и корупцијата, како синоними за секоја држава во регионот. Исто така, ЕК повторно во […]

Извештај на ЕЗ: Македонија на прво место во регионот во енергетски реформи


Во Извештајот за одржлив развој на Енергетска заедница посветен на земјите од Западен Балкан, Република Македонија е рангирана на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи, соопшти денеска Министерството за економија. Како што укажуваат, Македонија има највисоки оценки на листата од шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Србија, Косово, […]

(Фото) Македонија во група со Грција,Турција и Исланд во квалификациите за ЕП 2020


Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство 2020. „Црвено-жолтите“ се најдоа во групата 3 каде ќе играат со Исланд, Турција и Грција. Квалификациите почнуваат во октомври 2018 година. Првото и второто место во групата носат пласман на Европското. Европското првенство ќе се игра во три земји, Норвешка, Шведска и Австрија. На него […]

Шчербах: Протерувањето на рускиот дипломат од Македонија беше избрзан чекор


Предупредивме дека, ако следат други чекори кои водат кон натамошна ескалација меѓу нашите односи, ќе бидеме принудени да одговориме со симетрични мерки, изјави денеска рускиот амбасадор Олег Шчербах. Одговорајќи на новинарско прашање по положувањето цвеќе пред споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје, Шчербах рече дека протерувањето на рускиот дипломат од Македонија беше избрзан чекор, без детално […]

Македонија и Србија со заеднички граничен премин на Табановце


Македонија и Србија први во регионот постигнаа договор за олеснување на сите постапки за пренос на стока и патници на граничните премини, изјавија македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ по денешната средба во Белград на која присуствуваше и министерот за транспорт […]

Иванов: Македонија и Турција можат повеќе во трговската размена и инвестициите


Македонија и Турција можат многу повеќе да направат и во инвестициите и во трговската размена. Во 2012 година со турскиот државен врв направивме преглед на нашите билатерални односи и заклучивме дека политичките односи се на одлично ниво, но сепак она што недостасуваше беше економската соработка. Затоа, си поставивме една цел, а тоа е годишната трговска […]

Ракометарите ќе добијат дополнителен бонус ако двапати ја победат Романија!


На денешната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше одлучено ракометарите да бидат наградени со 30.000 евра, доколку изборат пласман на Светското првенство во 2019 година, што ќе се одржи во Германија и Данска. Новост е дополнителниот бонус од десет илјади евра, ако Македонија ја совлада Романија на двата бараж натпревари. […]

Реал Мадрид за прв пат ќе одржи фудбалски камп во Македонија


Фондацијата Реал Мадрид Кампус Експирианс доаѓа во Македонија со проект за фудбалска едукација на момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години. Кампот ќе се одржи на лето на терените кај комплексот на ФФМ и ќе има едукативен и рекреативен карактер со цел промоција на спортскиот живот и социјален развој. Поддршка на овој […]

Светска банка со позитивни прогнози за Македонија


Светска банка гледа позитивен тренд во регионот на Западен Балкан и има позитивни прогнози за економскиот раст во Македонија во блиска иднина. Ова беше истакнато на денешната презентација на Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан. – Економското влијание на политичката криза во Македонија беше подолго од очекуваното. Растот забави на нула во […]

Извештај на Фридом Хаус: Македонија светла точка


Македонија е меѓу светлите точки во минатата година, според денеска објавениот извештај на Фридом хаус „Земји во транзиција 2018“. Во извештајот се нагласува дека смената на власта во Македонија во јуни лани донесе шанса да се смени долгогодишното запленување на државата и да се решат долготрајните спорови со соседите кои го попречуваат развојот на земјата. […]

Спречен шверц на 340 пакети со лекови од Македонија во Косово


Косовската полиција спречи шверц на 340 пакети со лекови, кои од Македонија на илегален начин биле внесени на косовска територија, од за сега се уште непознати лица. Полицијата не успеала да ги уапси шверцерите, кои успеале да и избегаат во густата шума кај месноста Вражевирски Мост во селото Сечиште, во близина на преминот Блаце (Генерал […]

Владата ќе потпише меморандум за заеднички настап на пазарот на струја со Бугарија


Владата на Република Македонија на денешната  седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на  Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија, и го прифати усогласениот текст на овој меморандум. Една […]

Во Македонија нема од небезбедните домати увезувани од Турција


Во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за увоз на небезбедни домати од Турција на македонскиот пазар. Инспекциските служби вршат континуирани контроли на пратките […]

ВМРО – ДПМНЕ со порака до Заев: Македонија тоне во корупција, а народот се осиромашува


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение со спротиставени ставови со премиерот Зоран Заев дека Македонија е на вистинскиот пат. Според партијата на Мицковски, после 11 месеци владеење на СДСМ и Заев, Македонија тоне во корупција, народот се осирмоашува а економијата е пред колапс. „После 11 месеци само Заев, Вицето и нивните соработници може да бидат задоволни од […]