Вардар е повторно првак на Македонија


Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет. За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-тата титула првак на Македонија. Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без при тоа да има сериозна конкуренција. За разлика […]

Анкета: Седумдесет отсто од Бугарите сакаат Македонија да биде примена во ЕУ


Бугарите ја поддржуваат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија и сметаат дека нивната земја има интерес тие да станат дел од европското семејство, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот „Тренд“, изработено по нарачка на „24 часа“. “ Шеесет отсто од Бугарите го поддржуваат приемот на земјите од Западен Балкан во Европската унија. […]

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања


Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба. Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за […]

Зголемен бројот на туристи


Бројот на туристите во Македонија во периодот јануари – март 2018 година е зголемен за 17,3 отсто во однос на истиот период лани, а на ноќевањата за 17,7 проценти, покажува статистиката. Раст на бројот на туристи од 25,1 процент е евидентиран и за март годинава во споредба со истиот месец лани, како и на ноќевањата, […]

УХМР: Попладнево повремени поројни врнежи со ретки грмежи


Низ Македонија попладнево имаше  повремени локални врнежи од пороен дожд, проследени со ретки грмежи и слаб до умерен ветер од северен правец. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека за девет часа (до 17 часот)  најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 11 литри на метар квадратен. Во Скопје три и во Струмица два литра на квадратен метар. До […]

Преку 70 отсто од германските инвеститори повторно би вложиле во Македонија


Иако сметаат дека актуелната економска ситуација во Македонија е полоша од лани, повеќето германски инвеститори очекуваат подобри деловни резултати годинава во споредба со 2017-та. Тие не се задоволни од сузбивањето на корупцијата и криминалот, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација, но и покрај тоа, 72 отсто се изјасниле дека повторно би инвестирале тука. Ова […]

Столтенберг: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО само ако го реши спорот за името


Македонија ќе добие покана за членство во НАТО ако го реши чувствителното и тешко прашање за името, изјави генералниот секретар на Западната воена алијанса (НАТО), Јенс Столтенберг. Во интервју за грчката агенција АНА, Столтенберг изјави дека проширувањето на НАТО е голем успех и истакна дека вратата на овој воен сојуз останува отворена. „Од крајот на […]

Индиски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија


Индиските компании се заинтересирани да инвестираат во текстилната индустрија и во земјоделскиот сектор во Македонија. Интерес има и за филмската индустрија и за информатичката технологија. Ова денеска во Скопје му го пренел индискиот министер за текстил и индустрија Ајау Тамта на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши. Од Министерството за економија информираат дека на средбата […]

Фејсон: Македонија има голем напредок во борбата против ХИВ и туберколоза


Македонија има направено голем напредок во борбата против ХИВ и туберколозата и во споредба со останатите земји во регионот има ниска преваленца на ХИВ, оценува директорот за комуникации при Глобалниот фонд, Сет Фејсон. На попладневната прес-конференција во Скопје, директорот за комуникации при Глобалниот фонд посочи дека добрите здравствени програми и нивното финансирање се двата главни […]

Командант Хоџа: Танушевци сега е безбедно


Се шири листата на заслужните со советничка функција. Според политиколог Џенур Исени, од образование Хоџа има само јадење „супа со букви“ Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, не е единствениот кој како специјален советник за странски инвестиции стана дел од владата на Зоран Заев. Џезаир Шаќири, попознат како командант Хоџа, до крајот на мандатот […]

ММФ ја „снима“ транспарентноста на институциите


Мисија на Меѓународниот монетарен фонд месецов е во Македонија. Овој пат не заради проценка на стопанските и финансиските перформанси на земјата туку за проценка на нивото на транспарентност на клучните државни институции. Денеска се во македонскиот парламент, на средба со Буџетскиот совет на Собранието. Нема многу информации за оваа мисија на ММФ. Неофицијално, монетарците имаат […]

Затворска ресоцијализација: Еден воспитувач на околу сто затвореници


Еден воспитувач на околу сто затвореници, осуденици кои велат дека никогаш не ги виделе своите воспитувачи, простории наменети за ресоцијализација зафатени со кревети на кои спијат затвореници, вака отприлика изгледа состојбата со ресоцијализацијата на лицата осудени на отслужување затворска казна во земјава, пишува МИА. Неофицијално, според податоците на невладиниот сектор, околу 60 отсто од затворениците […]

Могерини: Балканскиот самит во Софија ќе биде исклучително важен


Европската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска оцени дека претстојниот самит на Европската унија и земјите од Западниот Балкан во Софија ќе биде исклучително важен, јави бугарската новинска агенција БТА. – Средбата ќе биде показател дека ЕУ и нашите партнери од Западен Балкан не споделуваат само географска област туку и заеднички […]

Ќе биде отворен четврти граничен премин меѓу Бугарија и Македонија


До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало” меѓу Бугарија и Република Македонија, најави синоќа, за време на парламентарната контрола бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Николај Нанков. – Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани […]

Џафери: Иднината на нашата земја е во европското семејство


Република Македонија уште од самиот почеток на своето осамостојување, јасно и недвосмислено го зацрта својот пат и ги определи своите стратешки приоритети. Еден од нив е полноправното членство во Европската унија и за тоа имаме несомнена поддршка од сите граѓани. Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на одбележувањето на […]

Македонија и Грција во Солун договорија интензивирање на соработката меѓу полициите


Интензивирање на напорите за формално етаблирање на размената на информации преку воспоставување на заеднички Контакт центар за полициска соработка меѓу Македонија и Грција е еден од заклучоците што се постигнаа денеска во Солун. На средбата освен министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, учествуваа и министри за внатрешни работи и за транаспорт. Министерството […]

Заев: Ако не се постигне решение, ќе ја донесеме Европа во Македонија


Доколку некако бидеме и понатаму блокирани пред НАТО и ЕУ, ние ќе мораме Европа да ја донесеме во Македонија, оти друго поинаку нема како, изјави премирот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по потпишувањето на меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. Прашан дали Владата има втор […]

Курумблис: По решавањето на прашањето со Македонија, Грција ќе стане регионална сила


Атина треба да ги реши отворените прашања со Македонија и Албанија, а по затворањето, Грција ќе стане регионална сила на Балканот. Ова го изјави грчкиот министер за поморски транспорт Панајотис Курумблис. Тој верува дека начинот на кој владата, премиерот Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас ги водат разговори за името, ги гарантира […]

Беркли: Белата куќа внимателно ги следи случувањата во Македонија


Реформските процеси во Македонија, за придонесот на земјата кон глобалната безбедност, и стратешката определба на граѓаните, политичките партии и македонската Влада за полноправно членство во Северноатлантската алијанса, биле теми на средбите на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со Вилијам Беркли, директор за европски прашања во Националниот совет за безбедност при Белата куќа и […]

Заев: Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ


Премиерот Зоран Заев, прашан дали со неговата вчерашната изјава за Радио Слободна Европа остава простор за дополнителни преговори со можност за промена на Уставот со цел промена на уставното име, одговори „не“ и објасни дека доколку рекол такво нешто, го кажал дека Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и […]