Димитров: Европскиот парламент подготвува резолуција за Македонија


Европскиот парламент подготвува нацрт резолуција за Македонија што ќе се разгледува во август, најпрво во комитетот за надворешна политика АФЕТ, а потоа и на пленарна седница, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска е во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур. Посочи дека тајмингот на неговата посета на ЕП е многу важен. […]

Фокусот на скринингот за Македонија ќе биде на поглавјата 23 и 24


Македонската и европската страна оваа недела ги усогласуваат календарите за почетокот на скринингот на македонското законодавство, што е прв и основен чекор пред почетокот на преговори со ЕУ. Потоа се очекува на 17 јули еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан да отпатува во Скопје каде што официјално премиерот Зоран Заев ќе го најави стартот на процесот. Скринингот […]

Путин доаѓа во Белград со тенкови и ракети


По четврти пат во последните петнаесетина години, рускиот претседател Владимир Путин доаѓа во официјална посета на Србија. На 1 ноември ќе присуствува на големата воена парада во Белград по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Притоа, како што наведуваат српските весници, ќе донесе по триесет современи тенкови Т-72 и модернизирани борбени возила што […]

Зголемен бројот на корисници на интернет, стагнација на Фејсбук


Во Македонија интернет користат 1.583.315 лица или 75,9 отсто од населението, а милион (48отсто) се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“. Кај бројот на интернет корисници, споредено со крајот на октомври лани, има зголемување за 80.000, а нема промени кај податокот за корисници на Фејсбук. Од […]

Ако сакаме во ЕУ, мора да се избориме со корупцијата


Антикорупциската комисија е обезглавена и не функционира, а Македонија е без клучно тело кое треба да лови евентуална корупција и од кое се очекува да помогне за да се  испорача еден од главните услови на ЕУ до јуни 2019 година. Работна група во Министерството за правда работи на измени на законите за да ги отстрани […]

Мицкоски: Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО уште во 2008


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“ напиша: Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008-ма година. Констатирано и повеќе пати повторувано. Она што преставува реален проблем е билатералниот спор за името со Грција. И овој спор ние сакаме да се надмине и тука никогаш не сме се разликувале од било […]

Македонија до Црна Гора на мапата на НАТО


Фотографија со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред мапата на НАТО објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. На сликата се гледа слободното место што треба да го пополни нашата земја. „Го видовме нашето место на мапата членки на НАТО. Триесетото место е за Македонија. Триесетиот јарбол е за македонското знаме“, напиша Заев […]

НАТО ја појасни процедурата: Успешен референдум е клучен услов


По конфузијата која владееше во јавноста околу процедурата за зачленување на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги појасни чекорите денеска по средбата со премиерот Зоран Заев. Успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство. На претстојниот Самит на […]

Македонија поразена од Швајцарија, но останува прва во групата


Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Швајцарија со 85:79 на гостувањето во Фрибург на последниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година. Македонските кошаркари досега во групата имаа максимални три победи и посакуваа со триумф да го потврдат првото место, но и покрај овој пораз првичната цел е остварена, односно пласман во следната квалификациска […]

Во Македонија 43 отсто вести од надворешно-политички карактер се потенцијални дезинформации


Четириет и три отсто вести и медиумски објави во Македонија за меѓународната политика, Европската Унија, САД и Русија се објавуваат без наведен извор што е основа за потенцијални дезинформации, сопштија денеска од белградскиот Центар за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА). Според презентираните резултати од истражувањето на ЦРТА, спроведено во периодот од 14 мај до 10 […]

ПЕС: Отворени перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кој, придружуван од заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска се наоѓа во посета на Брисел, денеска учествуваше на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Претседателите на партиите на социјалистите и на социјалдемократите го поздравија Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција за прашањето за името и за стратегиско […]

Македонија нема услови да отвори кампови за мигранти


Македонија нема никакви услови да отвори нови кампови за мигранти, порача денеска министерот за внатешни работи Оливер Сапасовски на сесијата „Миграциска криза и балканска рута“ на Рос-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО што се одржува во Скопје. Земјава, рече, веќе располага со два транзитни центра за краток престој на мигранти и безбедносната состојба на […]

Нови 762 дивоградби во Македонија минатата година


На територијата на Македонија минатата година се регистрирани 762 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 138 објекти за домување (18,1  процент), 122 доградби, надградби и адаптации (16 проценти), 78 деловни објекти (10,2 проценти). Нелегално биле изградени и 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила (1,3 проценти), […]

ЕК: Почнуваат подготовките за преговори со Македонија и Албанија


– Европската Комисија ја информираше јавноста дека по вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на ЕУ за условен старт на преговори со Македонија и Албанија, ќе започнат подговотовките за тие преговори. – ЕК сега ја зпочнува работата на подготовки, како што стои во заклучоците на Советот и ќе продолжи да поддржува опипливи и одржливи резултати, […]

Негативен прираст во пет региони во Македонија, лани родени над 21 илјада деца


Во Република Македонија во минатата година бројот на живородени деца изнесува 21.754 од кои 59 проценти или 12.841 се во градските подрачја, а 41 процент или 8.913 се во селските подрачја, објави Државниот завод за статистика. Најголемо учество, во однос на вкупнот број раѓања по региони, има Скопскиот со 35,6 отсто, а најмало Источниот регион […]

Пердју: Северна Македонија ми звучи одлично


„Името Република Северна Македонија одлично звучи и ја прикажува реалноста и историјата во регионот“, оцени Џејмс Пердју, кој беше олеснувач и американски претставник во преговорите за Рамковниот договор во 2001 година. Пердју учествува денеска на тридневниот Рос Рот семинар, што се одржува во македонскиот парламент. Сега, од позиција на советник во НАТО, Пердју во својата […]

За официјална Тирана голем ден за Албанија,Македонија, но и за ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама, во првата куса изјава околу одлуката за почнување преговири на Албанија и на Македонија во јуни 2019 година, оценува дека тоа е голем успех на владите на двете земји. Додава дека резултатите од реформите ги натерале и скептиците да ги признаат заслугите на Албанија и Македонија. – По 72 часа помеѓу […]

Хан задоволен што Македонија и Албанија ќе почнат преговори


Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, попладнево на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во Унијата во јуни 2019 година. – Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон прошитувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон […]

Условени преговори за Македонија во јуни 2019


Можно е условно отворање на преговори во јуни 2019 година, јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори. Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ. […]

Министрите започнуваат нова последна рунда разговори за Македонија


Шефовите на европските дипломатии денеска на министерскиот состанок во Луксембург си даваат „последна шанса“ да дојдат до компромис за старт на преговори со Македонија, информираат извори присутни на состанокот . Франција и Холандија, како што јави известувачот на МИА од Луксембург,  остануваат тврди и не попуштаат за датум за преговори. Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напушти состанокот […]