Обилниот снег ги врати посетителите на Голак


Обилниот снег кој изминатата недела непрекинато паѓаше на планината Голак, викендов ги измами посетителите да се искачат на делчевската планинска убавица и со своите најмали да уживаат во снежната белина која отсуствуваше во градот. Според дел од граѓаните, добро е што поради проодноста на патот Делчево – Голак им било овозможено да уживаат во снегот. […]

Данска ги призна македонските возачки дозволи


Од денеска нашите возачки дозволи се признати и во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. Со оваа одлука граѓаните на Северна Македонија, […]

Вучиќ: Не се радуваме на отворањето на кластерот, би сакале и нашите пријатели од Северна Македонија тоа да го направеа


 На отворената седница на српската Влада, на која присуствуваше претседателот Алекандар Вучиќ, тој оцени дека отворањето на кластерот 4 е важен сигнал дека ЕУ го поддржува натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат, но и дека во Србија се работело вредно и добро, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние сме единствената земја од […]

Нема одвојување на Македонија и Албанија, велат во Брисел


Доколку Софија остане на блокадата на нацрт-заклучоците за Западен Балкан Словенија ќе објави список на земјите кој е за, а кој блокира   БРИСЕЛ – Во ЕУ сѐ уште нема согласност за заклучоци за проширувањето пред утрешниот министерски состанок, спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не е единствена. Доколку […]

Зголемен бројот на странските туристи во октомври


Вкупниот број на туристи во октомври изнесувал 53.828 од кои 58,9 проценти биле странски туристи, а 41,1 процент домашни туристи. Реализирани се 124.219 ноќевања од кои 56,3 проценти од странските туристи, а 43,7 проценти од домашните туристи, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-октомври, бројот на туристи е зголемен за 50,5 проценти во […]

Земјотрес од Грција почувствуван во јужните делови на земјава


 Земјотрес со интензитет од три  степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван изутринава во 6 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија. Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Мицкоски ќе ја внесе Македонија во ЕУ!?


Христијан Мицкоски веќе ги започна подготовките како да се ослободи од најголемата лага и најголемата штета што ѝ ја нанесе тој и неговата партија на Македонија. Од тврдокорни борци против промената на уставното име, на загрозениот национален идентитет и на македонскиот јазик, од цврсти ветувања дека штом дојдат на власт ќе ги поништат штетните договори […]

Распродадени билетите за дуелот Македонија – Косово


Влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Косово веќе се распродадени. Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плејоф дуелот за пласман на ЕП 2020. – Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на […]

Престижна награда за Заев и Ципрас за решавање на спорот околу името


Поранешните премиери на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со престижната Мировна награда на Вестфалија за оваа година, јави Дојче веле. Наградата е доделена заради нивната дипломатска умешност во спорот околу името Македонија. Како што јавува  Дојче веле во образложението на меѓународното жири се нагласува дека двајцата одликувани постигнаа спогодба […]

Македонија на гости кај Полска: Респект за домаќинот, но играме за историја


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски пред денешниот натпревар против Полска во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека не е важно против кого играме, туку за што играме. – Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а […]

Одиме на победа во Рига


Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг во Рига како подготовка за натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2020 против домашната Летонија. На тренингот на стадионот на „Аркадија“ тренираа сите фудбалери кои се во репрезентативниот состав. Фудбалерот од средниот ред, Стефан Спировски очекува три бода од овој дуел. – Во Израел стигнавме само до бод, […]

Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија


Триесет и седумгодишен Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија. Според тамошните медиуми, станува збор за Илир Б., кој со нож ја заклал својата 34-годишна партнерка. Според блиски на семејството, причината била тоа што сопругата Луиза сакала да се разведе од насилниот брачен другар. „Тој беше насилен со својата сопруга. Таа му даде неколку […]

Нема поубаво чувство: На велосипед низ Македонија


Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични! Ви предлагаме само неколку дестинации кои се одлични за сите љубители на […]

Антиката ќе почека нова грчка комисија


Промената на власта во Грција ги запре преговорите во Комисијата за учебници. Иако од грчката страна стигнаа информации оти голем дел од отворените прашања биле решени во нивна полза, фактите на терен говорат дека во моментов има целосен застој во дијалогот, затоа што Македонија нема со кого да преговара. Според информациите од нашата страна, Грција […]

Ракометарите без Стоилов против Грција: На победа во Струмица


Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Данило Брестовац ги објави промените во списокот на ракометари за квалификацискиот натпревар против Грција. На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото на Томислав Јагуриновски ќе биде Мартин Серафимов. Македонија денеска во 18 часот во салата […]

Столтенберг: Вашиот глас ќе биде важен како на секој друг сојузник


„Централата“ на НАТО в недела и в понеделник ќе се пресели во Скопје. Покрај генералниот секретар Јенс Столтенберг, ќе допатува и целиот Северноатлантски совет (НАК) во кој се амбасадорите на сите земји членки на алијансата во Брисел. Во рамки на посетата ќе има заеднички состанок на НАК со Комитетот за интеграција во НАТО, со кој […]

Европската комисија ќе го објави извештајот за Северна Македонија


Белгија- Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, денеска во Европскиот парламент и во ЕК ќе ги презентираат најновите стратегии за проширувањето на ЕУ. Нашата држава очекува повторно да добие зелено светло од Комисијата за датум за почеток на преговори со ЕУ, датум кој потоа треба да биде одобрен […]

Заедничка седница на Владите на С. Македонија и Црна Гора: Се зајакнува соработката во здравството


Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Подгорица во рамки на официјалната посета и заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора, се сретна со црногорскиот министер за здравство, Ќенан Храповиќ. На средбата, соопшти Министерството за здравство, станало збор за продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области, како […]

Во март 67,7 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во март оваа година во земјава се потрошени вкупно 694.462 мегават часови електрична енергија, 11,81 милиони нормални кубни метри природен гас, 585.641 тон јаглен и 81.634 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 67,7  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се […]

Патувачкиот автобус на ЕУ ќе посети осум града по повод Денот на Европа


Како дел од кампањата „ЕУ за тебе“, патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија, амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми ќе посетат осум града низ земјава, во периодот 20-31 мај 2019. Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да […]