Костадиновска Стојчевска – Чеку : Македонија и Косово имаат отворени можности за соработка


Република Северна Македонија и Република Косово се две пријателски земји  со отворени можности за соработка во културата, кои во периодот што следува треба поинтензивно да се искористат, се согласија на денешната работна средба министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и косовскиот министер за култура, млади и спорт Хајрула Чеку. Соговорниците позитивно ја оценија досегашната културна соработка која во изминатите […]

Русија објави список на непријателски земји, меѓу нив и Македонија


  Руската влада го одобри списокот на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија, според одлуката на кабинетот на министри. Премиерот Михаил Мишустин го потпишал стапувањето во сила на овој декрет. Меѓу нив се наоѓа и Македонија. Од регионот на овој список не се Србија и Босна и Херцеговина, како ни Косово, […]

Македонско-швајцарска бизнис организација за зајакнување на економската соработка со Швајцарија


Претседателката на Македонско-швајцарскиот бизнис клуб, Јасминка Талеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација, Кенан Рамадани на која се разговараше за воспоставување деловна организација, комора или бизнис клуб, на швајцарски компании која ќе делува во Швајцарија во насока на интензивирање на економската соработка помеѓу двете држави. -Средбата помина во […]

Од 15 март се укинува задолжителниот PLF формулар за влез во Грција


Формуларот PLF (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во Грција, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи и независно од начинот на патување и влез во земјата, ќе се укине од 15 март 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната обврска, како и за […]

ЕУ ја отфрла споредбата меѓу Русија и Украина со спорот меѓу Скопје и Софија, вели амбасадорот Гир


  Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска го отфрли пристапот да се прават споредби на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со онаа на Северна Македонија и Бугарија. Тој, во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, дека условите на Владимир Путин кон Украина се слични на оние што Бугарија ги […]

Скопје без одлагање да ги почне преговорите, создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија со Софија


Скопје и Брисел со став дека Северна Македонија треба без одлагање да ги почне пристапните преговори со ЕУ и оти се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија со Софија. Премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји на средба вчера во Лондон, која беше дел од работната агенда […]

Се евакуираат македонски граѓани од Украина, обезбеден коридор од Одеса, се бараат нови конвои за евакуација


Македонски граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина се евакуираат преку безбедни коридори. Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба. […]

Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија


Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Грузија со 79:65 во квалификациите за Светското првенство 2023. За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари и втор од Грузија во три дена, по кој остануваат само теоретски шанси да се помине групата во која Грузија има три победи и еден пораз, Шпанија максимални три победи, […]

Македонија го забрани небото за руски авиони


Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација. Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои […]

Регистрирани уште 631 новозаболен со Ковид-19, починаа вкупно 10 пациенти


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj со Ковид-19, шест починати и 910 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 631 случај од Скопје се 337, Велес 45, Битола 32, Куманово 30, Кавадарци 26, Прилеп 24, Тетово и Охрид по […]

„Моќната грчка армија“ се пофали дека ги хакирале сајтовите на неколку македонски банки, ТТК вели успешно се справиле


Грчките хакери од „Моќната грчка армија“ вечерва објавија на Твитер дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК Банка, Централна кооперативна банка, УНИ Банка, Прокредит банка и Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други. Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК банка. Имено, […]

Следната седмица во Скопје состанок на експертско ниво, да не се создава притисок со рокови кај заедничката историска комисија


Да не се создава притисок со рокови кај Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања. Следниот состанок на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи ќе се одржи во Скопје на 23 февруари, изјави вчера […]

Политичарите за политиката, историчарите за историјата – продолжува новата динамика на разговори со Софија


Политичарите треба да се занимаваат со политичките прашања бидејќи за тоа се избрани и тоа треба да го прават врз основа на европски вредности, додека историчарите треба да истражуваат за историските прашања. Разговорите со Бугарија за отворените политички прашања се водат на ниво на експертски групи и за сите резултати од разговорите МНР информира откако […]

И Македонија сака да види вистинска деескалација од Русија


  БРИСЕЛ – Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која учествува на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел денеска, вели дека Македонија го дели ставот дека Русија треба да покаже вистинско придвижување кон деескалација. Русија вчера најави повлекување на дел од своите трупи околу Украина, за што сведочат и снимки, меѓутоа за земјите членки […]

Неделава нова средба на експертско ниво за политичкиот пакет прашања со Бугарија


Неделава, на 10 или 11 февруари, двете министерства за надворешни работи, на Северна Македонија и на Бугарија, во Софија ќе ги продолжат разговорите на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во обид за надминување на разликите меѓу двете земји. Состаноците на работните групи, пак, кои беа формирани на заедничката меѓувладина седница што се одржа во […]

Човек кој извршил убиство во Македонија, фатен во Србија


Човек кој извршил убиство во Македонија е уапсен во Србија.  Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсија О.Ж. (1984) по потерница од Северна Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во Македонија, oбјави денеска Министерството за внатрешни работи. Постапката против О.Ж., на барање на македонското Министерството за правда, а […]

Македонија и Бугарија договорија механизам против дискриминација на инвестиции


  Македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации на денешниот прв работен состанок во Скопје, договори воспоставување механизам против дискриминација на инвеститорите. Како што соопштија министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер по состанокот, се разговарало и за други конкретни проекти од областа на иновациите, земјоделството, […]

Почна новата динамика на релација Скопје-Софија


Со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации на претставници на Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува вчера и денеска во Скопје, почна и практичната примена на новиот пристап во односите меѓу двете земји, кои го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни […]

Нови 711 случаи со Ковид-19, 26 починати, најмладиот е 29-годишен


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи со Ковид-19, 22 починати и 7.170 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 711 новозаболени од Скопје се 505, Кавадарци 30, Струмица 26, Куманово 25, Охрид 21, Битола и Штип по 17, Прилеп 12, […]

Прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации


Министерството за финансии денеска и утре е домаќин на бугарска владина делегација предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе копретседава со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации. Како што информираат од Министерството за финансии, на состанокот во Скопје, Работната група […]