Починат маж пронајден кај неготинската депонија


Во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години, информираа денеска од СВР Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по  […]

Пронајдено исчезнато лице од Зелениково


Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, на патот за Марков манастир денеска го пронашле З.С.(50) од село Зелениково, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот и имал здравствени проблеми. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи вчера околу 22:30 часот во Полициската станица Драчево З.С.(55) од село Зелениково пријавил дека неговиот 50-годишен […]

Скопјанка го нападнала и го избодела партнерот


СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.П.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, велат од МВР. -Пријавената физички го нападнала нејзиниот партнер А.А.(36) и со нож му нанела повреди, стои во нивното соопштение.  

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата


Росоманец на возраст од 31 година денеска пријавил во полицијата во Кавадарци дека бил физички нападнат од сопругата. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 16 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија.   Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена […]

Маж исчезна на Божик


Маж на возраст од 61 година и жена на 33-годишна возраст се пријавени за исчезнати на Божик, но жената се вратила дома сама. Имено, во петокот, во 18.10 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.Р.(68) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот поранешен зет Р.П.(61). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Истиот ден, […]

Кончита ја избричи брадата и стана пак маж


Австрија– Трансродовиот брадест пејач Кончита чие вистинско име е Том Њувирт, кој победи на Евросонг пред пет години има нов имиџ за новиот спот “Hit me” . Изгледа тотално непрепознатливо и – бело. Гламурозните фустани ги замени со тренерки, а драматичната шминка е сведена на минимум, додека косата и брадата од црни – станаа руси. […]

(Видео) Вооружен маж во Лондон се заканува дека ќе убива луѓе


Полицијата во Лондон преговара со вооружен напаѓач, кој, како што пренесуваат светските медиуми, се заканува дека ќе убива луѓе. Припадниците на полицијата го опколиле црвениот автомобил во кој е забарикадиран Мажот, за кој се претпоставува дека е вооружен со пиштол. Утрово околу 9 часот полицијата е известена дека непознат човек во Кројдон злоупотребува жители и […]

Маж нападнат во автобус со број 67 на ЈСП „Скопје“


Четириесет и осумгодишниот Н.А.(48) од скопското село Студеничани вчера попладне бил нападнат во автобус со број 67 од контролор на ЈСП „Скопје“, З.Г.(54) од село Орешани, Скопско. Како што соопшти МВР, Н.А. случајот синоќа во 20:30 часот го пријавил во Полициската станица Кисела Вода. Нападот се случил во 17:30 часот во автобусот, додека сообраќал на булеварот „Борис Трајковски“. Полицијата […]

Полицијата бара помош за идентификација на пронајден мртов маж


СВР Велес денеска информира дека на 13 март, годинава, на ридот над автопатот Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во Башино Село, било пронајдено тело на починато непознато машко лице. Портпаролот на велешката полиција Верољуб Додевски, изјави дека бил извршени увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна […]

Маж извршил полов напад врз малолетничка во Валандово


Во полициската станица во Валандово, 41-годишна Валандовка пријавила дека маж (55) од село Пирава извршил полов напад врз нејзината осумгодишна ќерка, соопшти МВР. Посочениот човек повеќепати во последниот месец сексуалното го злоставувал осумгодишното девојче, навела неговата мајка. Од полициската станица во Валандово наведуваат дека истиот маж се обидел да изврши полови напади и врз втората […]

Мртов маж пронајден во хотелска соба во Скопје


Починато машко лице легнато на под со траги од крв и метадон било пронајдено синоќа во соба на хотел кој се наоѓа задната страна на Поликлиниката на Бит Пазар. По кажување на вработените, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало еден ден претходно и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација. Како […]

Триесет и четиригодишен маж падна од трети кат


Маж на возраст од 34 години вечерва на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир паднал од третиот кат од зграда. Според неофицијални информации станува збор на лицето Ф.Ш., кој по падот веднаш бил пренесен на Ургентен центар. Полицијата врши увид на местото на настанот.