Дончиќ не е кандидат за МВП наградата


Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е предводник на својот тим и во оваа сезона и веќе имаат обезбедено плејоф. Но, аналитичарката во НБА лигата Рејчел Николс има свое видување за игрите на словенечкиот репрезентативец. Таа истакнува дека Дончиќ не е главен кандидат за наградата МВП и објаснува. „Мора да играте […]

Дончиќ е во животна форма. Го наполни кошот и на Хјустон


  Лука Дончиќ ја потврди својата животна форма со настап за победата на ЛА Лејкерс против Хјустон Рокетс (100:92). Ова е шеста победа на Лејкерс по ред и деветта во последните десет натпревари. Дончиќ беше најефикасниот играч на натпреварот со 36 поени (14/27 шут од поле). Додаде шест скока, четири асистенции и две украдени топки. […]

Чудесен натпревар на Лука Дончиќ, рекорд во дресот на Лејкерси


Лука Дончиќ одигра чудесен натпревар против Чикаго Булс, а неговите Лос Анџелес Лејкерси славеа со 142:130. Словенечката НБА суперѕвезда постигна 51 поен, што е негов рекорд во дресот на Лејкерси, додаде 10 скока и девет асистенции, и со тоа беше на чекор од трипл-дабл за фрлање на соиграч. Дончиќ го достигна врвот на својата кариера […]

Фантастична игра на Лука Дончиќ, петти трипл-дабл сезонава


Лука Дончиќ постигна 45 поени, додаде 14 асистенции и имаше 11 скока во својот петти трипл-дабл сезонава. Неговиот Лос Анџелес Лејкерс ја победи Јута Џез со 143:135. Леброн Џејмс додаде 28 поени, седум скока и 10 асистенции за Лејкерси, кои во последната четвртина ги победија Џезовите со 41:29. Во тој период Лејкерси водеа со 12 […]

(Видео) Дончиќ им купи божиќни подароци на соиграчите и вработените во ЛА Лејкерс


Лука Дончиќ реши да им оддаде почит на своите соиграчи и вработени во Лос Анџелес Лејкерс пред Божиќ. Словенечката мегаѕвезда купи 103 електрични велосипеди и им ги подари на луѓето во клубот, а Лејкерси објавија видео во кое можете да видите како играчите на Лејкерси реагираа на тоа, пренесе ТопСпорт. „Тој купи подароци за сите […]

Лука Дончиќ испиша историска страница во НБА лигата


Екипата на Лос Анџелес Лејкерс постигна победа во еден од 12-те ноќеска одиграни НБА натпревари. „Езерџиите“ ја победија Минесота Тимбервулвс со 128:110, а свое шоу имаше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ. Тој натпреварот го заврши со 49 постигнати поени (14/23 шут од игра) со 11 скокови и 8 асистенции со што беше на чекор од „трипл-дабл“. […]

„Ако престанам сега, сè е залудно“: Дончиќ за физичката трансформација со режим на исхрана и тренинзи


Лука Дончиќ со години е критикуван за неговата физичка подготвеност. Коментарите дека е „вон форма“ или „прекумерна тежина“ станаа вообичаени за една од најголемите ѕвезди во НБА. Сепак, словенечкиот кошаркар одлучи да стави крај на ваквите приказни, и како што открива во големо интервју за списанието Men’s Health, неговата трансформација е вистинска и импресивна. Дончиќ […]

Дончиќ и Леброн елиминирани во првото коло од НБА плејофот


Уште во првото коло од разигрувањето за шампионскиот трофеј заврши сезоната за Лос Анџелес лејкерс. Иако тимот од Калифорнија сезонава имаше големи амбиции засилувајќи се со Лука Дончиќ, сепак не успеа да ја помине Минесота, првата пречка во плејофот од НБА-лигата. Лејкерс утрово на свој терен загубија од Тимбервулвс со 103:96 и со вкупни 1:4 […]

Чудесна четвртина на Лука Дончиќ: ЛА Лејкерс го победија Денвер


Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада Денвер Нагетс со 120:108 во натпревар кој го пропуштија три силни имиња во НБА. Леброн Џејмс поради повреда не играше за Лејкерс, а за Нагетс не играа Никола Јокиќ и Џамал ​​Мареј. Играше Лука Дончиќ и тоа ја направи разликата во корист на домаќините од Лос Анџелес. […]

Лејкерси повторно купуваат од Далас


Лос Анџелес Лејкерс е во потрага по нов центар, а потенцијална опција за позицијата број пет би можел да биде поранешниот соиграч на Лука Дончиќ, Даниел Гафорд. „Атлетик“ објави дека Гафорд е реална центарска опција за Л.А. Лејкерс, кој би можел да ги следи стапките на Дончиќ, кој на почетокот на годината беше трејдуван во […]

Дончиќ слаб, Лејкерси загубија од Хорнетс


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го одигра првиот натпревар по Ол-стар паузата со својот нов НБА тим, Лос Анџелес Лејкерс, но беше неуспешен. Лејкерси загубија со 97-100 од Шарлот Хорнетс во натпревар кој првично беше одложен поради пожарите. Дончиќ беше блиску до трипл-дабл, но загуби и шест топки поради лошото шутирање. Натпреварот беше закажан за почетокот […]

Провалници упаднале во куќата на Лука Дончиќ. Еве ги деталите


Лука Дончиќ (25) поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога. Само три дена по најтешката повреда во професионалната кариера, Словенецот имаше проблем од приватен карактер. Имено, неговиот дом во Далас бил провален во петокот, се вели во полицискиот извештај. Во моментот на кражбата […]

НБА: Бостон поведе во големото финале


 Кошаркарите на Бостон Селтикс триумфираа со 107:89 против Далас Маверикс во првиот натпревар од финалето во НБА лигата. Џејлен Браун го предводеше домашниот тим со 22 поени, а закрепнатиот Кристапс Порзингис додаде 20 кошеви. Забележителен настап имаше и Дерик Вајт, кој натпреварот го заврши со 15 поени. Во редовите на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ […]

Далас избори конференциско финале, Лука Дончиќ со трипл-дабл


Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. Маверикс ја добија серијата со 4:2. Гостите во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка. Најдобар играч во победничкиот […]

Се продава првиот автомобил на Лука Дончиќ


На социјалните мрежи се појави оглас за продажба на првиот автомобил на Лука Дончиќ, а цената е многу прифатлива. Станува збор за Porsche Panamera 4 од 2017 година која досега има поминато 97.000 километри, а во огласот стои дека засега е во добра механичка и естетска состојба. Автомобилот има V6 мотор од 3 литри и […]

Лука Дончиќ го плати погребот на убиените деца во ОУ „Владислав Рибникар“


Ден по страшниот настан во Белград, кога 14-годишен ученик со огнено оружје уби осум ученици и чувар во основното училиште во Врачар, а рани уште неколку, малку нереална, но крајно трогателна вест пристигна од САД. Имено, кошаркарот на Далас Маверикс и словенечката репрезентација Лука Дончиќ реши да ги плати трошоците за погребот на убиените деца. […]

Дончиќ го израмни рекордот на Леброн Џејмс


  Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ постигна 51 поен на натпреварот со Детроит пистонс одигран ноќеска на домашен терен. Словенецот по петти пат во кариерата постигна 50 или повеќе поени во еден натпревар. Тој стана третиот кошаркар во историјата на НБА кој го направил тоа во првите пет сезони во лигата. Рекордот за […]

Лука Дончиќ загуби од мајка си на суд


    Лука Дончиќ го повлече барањето испратено до Канцеларијата за патенти и марки во САД и со тоа ја заврши правната битка со неговата мајка Мирјам Потербин, која остана сопственик на правата на неговиот бренд. Словенечката кошаркарска ѕвезда сакаше да го регистрира својот бренд под името „Лука Дончиќ“, но регистрацијата одби бидејќи веќе постои […]

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА со постигнати 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар


Кошаркарот на Далас Mаверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар. Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар. Дваесет и […]

Сензација на Евробаскет: Словенците во аут, Дончиќ исклучен во клучен момент


  Полска е во полуфиналето на Евробаскетот. Полјаците ја направија најголемата сензација на Евробаскетот и по неверојатна игра го исфрлија актуелниот европски првак Словенија (90:87) предводени од Лука Дончиќ. Полска во финалето ќе игра против Франција, која претходно во продолжението беше подобра од Италија. Во првите две третини Полска целосно го декласираше првиот фаворит на […]