Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, имаше инцидент на вториот ден од приватното тестирање во Барселона, објави „Моторспорт“. Според изворот, Британецот изгуби контрола и удри во оградата на патеката за време на утринската сесија. Хамилтон возеше модифицирана верзија на „Ferrari SF-23“ од 2023 година. Британецот не е повреден, додека болидот има оштетување на суспензијата […]