Во Лос Анџелес продолжува битката со огнената стихија, три пожари и натаму надвор од контрола


Од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола, а 50 отсто или повеќе од областа под оган е изгасната, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисајдс се уште е не е под контрола, како ниту пожарите во Итон и Арчер, јавија денеска американските медиуми. Пожарот во богатото предградие на […]

Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби


Најмалку 20 луѓе се уапсени во округот Лос Анџелес поради кражби за време на пожарите, изјави членката на надзорниот одбор на округот, Кетрин Бергер. – Нема да дозволиме ова да се случува. Нема да стоиме по страна и да дозволиме ова трауматично искуство дополнително да се влошува, истакна Бергер. Во меѓувреме, американските власти соопштија дека […]

Во пожарите во Лос Анџелес најмалку десетмина загинати, огнената стихија не запира


Најмалку десет луѓе загинаа во шумските пожари во Лос Анџелес, соопшти Одделението за медицински испитувања на округот Лос Анџелес. Сè уште не се објавени имињата на жртвите бидејќи се чека идентификација на жртвите и да се известат нивните семејства. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови […]

Економските загуби од пожарите во Лос Анџелес околу 50 милијарди долари


Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес веројатно се двојно повеќе во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари. Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка може да се зголеми […]

Трогателна приказна од Лос Анџелес: Татко во инвалидска количка загина во пожар покрај болниот син


Татко и син, двајцата инвалиди, загинаа во пожар во Алтадена, објави Вашингтон пост. Хаџим Вајт, жителка на Арканзас, изјави за Пост дека последен пат комуницирала со нејзиниот татко, Ентони Мичел, во средата наутро. „Тој рече, душо, само да знаеш, има пожар и ќе мора да се евакуираме“, се сеќава Вајт. „Потоа тој рече: „Морам да […]

(Фото/видео) Огнен пекол во „градот на ангелите“ – изгореа куќите на славните


Илјадници пожарникари се борат со шумските пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес, во кои според канцеларијата на окружниот шериф, загинале најмалку пет лица, а изгореле повеќе од илјада куќи. Поради бројот на уништени згради, овие пожари се сметаат за најголеми и најразорни во историјата на градот, пренесува Voice of America. Пожарот не ги поштеди […]

Били Кристал, Парис Хилтон и други ѕвезди останаа без покрив над главата во пожарите во Лос Анџелес


Бројни познати личности се огласија за пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и ги погодиле нивните домови. Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот, додека ветровите дополнително придонесуваат за ширење на пожарот. Најтешка е ситуацијатао во една од најбогатите населби во САД, Пацифик Палисадес. Актерот Били Кристал и неговата сопруга […]

Најмалку пет жртви во пожарите околу Лос Анџелес


Најмалку пет лица загинаа во пожарите што беснеат околу Лос Анџелес, соопштија властите откако во областа се регистрирани веќе шест пожари од вторникот досега. Најмалку 1.500 објекти се опустошени во вториот по големина град во САД, принудувајќи над 100.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Ураганските ветрови дополнително ја усложнија ситуацијата особено во луксузната област […]

Нов пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во Холивуд Хилс


Нов шумски пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во населбата Холивуд Хилс, изјави на прес-конференција шефицата на противпожарната служба на ЛА, Кристин Кроули. Тоа значи дека бројот на пожари актиовни во градот е зголемен на шест. Според Кроули, пламенот синоќа се проширил на околу 4 хектари во областа Холивуд Хилс, што предизвикало евакуација на целата […]

Драматични снимки од пожарот во Лос Анџелес: Изгоре познат ресторан, гори гимназија позната од филмовите …


Шумскиот пожар што беснее кај богат дел на Лос Анџелес, уништува домови и предизвикува сообраќаен метеж, додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од чад што прекри голем дел од градот. Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, соопштија властите откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар […]

Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес


 Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж додека 30.000 луѓе се евакуирани. Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес меѓу Санта Моника и Малибу изгореа, соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови по долга суша. Американски медиуми јавија за голем број […]

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер го погоди подрачјето на Лос Анџелес


Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер ја погоди областа Лос Анџелес нешто по пладне по локално време, соопшти Геофизичкиот институт на САД, цитиран од американските медиуми. Потресот силно го почувствувале локалните жители. Епицентарот на земјотресот бил во областа Хајленд Парк, североисточно од центарот на градот, а неговиот епицентар бил на длабочина од 12,1 […]

Драмата во Лос Анџелес продолжува: Пожарот се шири (фото/видео)


Шумски пожар во Јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе. Само околу 2 отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува АП. Засега нема извештаи за жртви. Шефот на противпожарната служба на округот […]

Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација


Шумски пожар беснее северно од Лос Анџелес, а властите издадоа наредба за евакуација на луѓето во областа, објавија американските медиуми.  Невремето зафати 14,5 квадратни километри во близина на Меѓудржавен 5 во Горман, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес. Наредбата за евакуација е издадена во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија поради ширење […]

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес


Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД. Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс. Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита. 

Патување низ времето е можно: Овие патници полетаа на 1 јануари, а слетаа на 31 декември


Летот на „Ал Нипон Ервејс“ од Токио до Лос Анџелес полета на 1 јануари 2024 година и слета на 31 декември 2023 година. Имајќи ја предвид големата временска разлика меѓу овие два града, патниците кои биле на летот имаа можност да ја дочекаат Новата година во Токио, а потоа да се вратат на старата и […]

Пет нови спортови на Олимпијадата во Лос Анџелес – крикетот се враќа по еден век


Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) вклучи пет нови спортови на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. IOC Session approves @LA28’s proposal for 5⃣ additional sports: ⚾Baseball/🥎softball, 🏏cricket, 🏈flag football, 🥍lacrosse and ⚫squash have been officially included as additional sports on the programme for the Olympic Games Los Angeles 2028. #LA28 pic.twitter.com/y7CLk2UEYx — The Olympic […]

Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ со признание во Лос Анџелес


  Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева, според песна на Андреј Ал-Асади, се закити со награда за најдобра режија и влезе во најтесниот избор од седум наративни филмови во конкуренција на филмови од целиот свет на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los […]

Околината на Лос Анџелес ја погоди најсилното торнадо во последните 40 години


Најмалку едно лице е повредено откако торнадо, што е ретка појава во калифорнија, вчера го погоди градот Монтебело, југоисточно од Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба му даде оценка на торнадото EF-1 со проценети максимални ветрови од 110 mph (175 km/h), најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година. Портпаролот на градот Мајкл […]

Деветмина убиени во пукотница во Лос Анџелес


Девет лица загинаа, а повеќе се ранети во пукање за време на прославата на Лунарната Нова Година во паркот Монтереј, во Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти полицијата во тој град. Лос Анџелес Тајмс пишува дека пукањето се случило доцна синоќа во паркот Монтереј, на околу 11 километри од центарот на Лос Анџелес, каде што десетици илјади […]