Урината на илјадници жени на Лондонскиот маратон нема да оди во канализација – еве за што ќе се користи


Урината од девет писоари, поставени на почетокот на маратонот, ќе биде преработена во безбедно и ефикасно ѓубриво за пченица, култура на која ѝ е потребен азот од урината. Урината на илјадници жени кои трчаат на Лондонскиот маратон TCS ќе биде спасена од канализацијата и ќе се претвори во ѓубриво за одгледување земјоделски култури. Ова ќе […]

Средба Николоски – Томас во Лондон: Во фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете држави


Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакнал потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата […]

Пожарот во Лондон е ставен под контрола


Пожарот што денеска го затвори лондонскиот аеродром Хитроу, сега е под контрола, соопшти противпожарната служба на Лондон. Во објава на Х службата додава дека ќе почне истрага за случајот. Пожарот избувна на електрична трафостаница која го снабдува со струја аеродромот, во Хејс, западен Лондон. Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и […]

Индијците сега поседуваат повеќе станови во Лондон отколку Англичаните


Индијците сега се најголемите сопственици на имот во Лондон, кои инвестираат многу во станови од една до три спални соби, по цена од 290.000 до 450.000 фунти. Во последниве години, индиските инвеститори станаа доминантна сила на пазарот за недвижнини во Лондон, надминувајќи го дури и локалното население во сопственост на имот. Овој тренд е резултат […]

Туск дојде на самитот за Украина со патерици (ВИДЕО)


Полскиот премиер Доналд Туск на самитот организиран во Лондон за Украина дојде со повредена нога и во лонгета. Туск пред неколку дена ја повредил ногата на скијање но тоа не го спречи да се упати во Лондон и да се сретне со британскиот премиер Стармер.Туск ја повредил ногата на скијачка патека додека ги учел своите […]

Во Велика Британија се повеќе социјално загрозени семејства живеат во пансиони


 Од 2021 година во Велика Британија е зголемена должината на престој во пансионите за социјално ранливите категории, кои немаат свои домови. Подолг престој е регистриран во Лондон и во југоисточниот дел на земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на „Скај њуз“. Според истражувањето децата во некои делови на Англија поминуваат во просек 5,5 години во привремено […]

Луѓе панично бегаат: Евакуиран центарот на Лондон (Видео)


На социјалните мрежи се појави видео од луѓе кои панично бегаат по најпрометната улица во Лондон, која беше евакуирана поради закана за бомба.   #BREAKING: London’s Regent Street evacuated over “bomb threat.” pic.twitter.com/D5V6jynD85 — Insider Wire (@InsiderWire) January 8, 2025 Како што можете да видите на видеото, многу луѓе бегаат без да ја погледнат зад […]

И покрај лошото време, Лондон имаше спектакуларен огномет (видео)


Десетици илјади луѓе ја дочекаа 2025 година на бреговите на реката Темза додека Лондон му пркосеше на времето со спектакуларен огномет. Британската метеоролошка служба издаде бројни временски предупредувања за новогодишната ноќ низ целата земја, речиси за сите региони. Лошото време доведе до откажување на прославите на отворено во Единбург и други места низ Велика Британија, […]

Британската полиција истражува луѓе поврзани со починатиот египетски милијардер Ал-Фаед


Британската полиција соопшти дека започнала истрага за тоа дали луѓе поврзани со починатиот египетски милијардер Мохамед Ал-Фаед помагале во наводното силување и сексуална злоупотреба на женски персонал во неговата стоковна куќа „Хародс“ во Лондон. Документарен филм на Би-би-си во септември објави дека Ал-Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, сексуално напаѓал жени вработени, ги […]

Експлозија кај амбасадата на САД во Лондон, евакуација и на аеродромот Гетвик


 Британската полиција изврши контролирана експлозија откако „сомнителен пакет“ беше пронајден пред амбасадата на САД во Лондон. Метрополитен полицијата постави безбедносни кордони околу локацијата во Најн Елмс, јужно од реката Темза, јавуваат британските медиуми. „Можеме да потврдиме дека ‘гласната експлозија’ што беше пријавена во областа е контролирана експлозија изведена од страна на полицијата,“ стои во објавата […]

Евакуација на домаќинства во Лондон поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи


Отпад за кој се верува дека е радиоактивен е пронајден во вреќи со ѓубре во близина на основно училиште во Хамерсмит, Лондон, што предизвика евакуација на најмалку дванаесет домаќинства. Дејли Мејл пришува дека сомнителниот радиоактивен отпад го открил работник во градската чистота. Специјална единица ја блокирала улицата и ги евакуирала жителите од околните домови предупредувајќи […]

Британскиот парламент наскоро би можел да се грее од топлината на метрото


Топлината генерирана во лондонското метро, ​​каде што температурата понекогаш надминува 30 степени, наскоро ќе се користи за снабдување со енергија со ниска содржина на јаглерод во институциите во центарот на британскиот главен град, како Парламентот или Даунинг стрит, велат застапниците на новиот проект. Наречена Мрежа на областа Јужен Вестминстер (South Westminster Area Network (Swan), таа […]

Лондон се приклучи на иницијативата на ЕУ за производство на ракети со долг дострел


Британскиот министер за одбрана Џон Хили денеска во Брисел соопшти дека неговата земја се приклучува на европската иницијатива за развој на производство на ракети со голем дострел. Велика Британија е формално посветена на приклучување кон Германија, Италија, Франција и Полска, изјави Хили на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО. Велика Британија ќе […]

Тејлор Свифт одржа концерт во Лондон, на сцената ѝ се придружи Ед Ширан (видео)


Тејлор Свифт го одржа својот прв концерт откако три концерти во Виена беа откажани поради страв од терористички напади. Пејачката во четвртокот ја продолжи турнејата The Eras со одржување на првиот од петте концерти на Вембли во Лондон, пишува Би-Би-Си. Свифт го отвори концертот со својот хит 22, а се појави во маичка со натпис […]

Кибер напад врз пет болници во Лондон – откажани операции и трансплантации


Неколку болници во Лондон беа погодени од кибер напад што го спречи пристапот до податоците неопходни за трансфузија и ракување со крвни продукти, како и резултатите од одделот за патологија, па операциите беа откажани во три болници, а трансплантации во две. Како што јавува Би-Би-Си, пет болници морале да ги откажат сите специјалистички кардиоваскуларни и […]

Британскиот парламент предупреди на можноста за странско мешање пред изборите во јули


Комитетот за национална безбедност на британскиот Парламент денеска го предупреди премиерот Риши Сунак за опасноста од странско мешање преку кибер напади или кампањи за дезинформации пред парламентарните избори на 4 јули и повика на мерки за заштита. Маргарет Бекет, претседателката на тој комитет, во објавеното писмо споменува обиди за мешање на Кина, Русија, Иран и […]

Гибаницата ѝ го промени животот: „Од тоа развив цел бизнис во Лондон“


Благодарение на познатиот рецепт за гибаница, Спасија Динковски, родена во Краули, Велика Британија, а нејзините родители со потекло од Македонија, отвори сопствен бизнис во Лондон. Таа во интервју за „The Guardian“ раскажа како „баба ѝ и помогнала да застане на нозе“, односно како почнала да живее од традиционалната балканска храна. „Гибаницата е причината поради која […]

Удрил во куќа во Лондон, а потоа излегол и со мачета ги расекол луѓето


Денеска околу 7 часот наутро, маж нападна луѓе во североисточен Лондон. Ги сечеше со мачета. Пред тоа со автомобилот удрил во куќата. Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите, наводно, имало и двајца полицајци. Horrific scenes from #Hainault this morning. Yet again a […]

(Видео) Избегани воени коњи трчаа низ центарот на Лондон. Еден е облеан во крв


Жителите на Лондон утрово забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеа седла и узди. „Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава за коњи без сопственици кои трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, […]

Илјадници луѓе во Лондон побараа прекин на огнот во Газа, полицијата изрази разбирање


 Илјадници демонстранти денеска во Лондон побараа прекин на огнот во Појасот Газа во присуство на голем број полицајци, извикувајќи „Слободна, слободна Палестина! и се упатија до Амбасадата на САД. Некои држат знаци на кои пишува „Стоп за геноцидот“ и „Од реката (Јордан) до море (Медитеран)“, контроверзен слоган за кој некои велат дека значи уништување на […]