Издавањето на патните исправи и на личните документи е во рамките на законските 15 дена, тврди Мицкоски


Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР. -Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот […]

МВР почна да доставува готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје


Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во […]

Личните карти ќе важат и по истекот на рокот за замена


 Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните документи, како личните карти, што се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а во однос на пасошите рече дека ќе се разгледаат сите опции. Во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за личните документи, Ковачевски  рече дека секоја иницијатива може да биде […]

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време


Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните кои имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје се известуваат дека закажаните термини ќе бидат реализирани, информираат од Министерство за внатрешни работи. -Согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во […]

Државата да го сноси трошокот барем за замена на валидните лични карти, бара омбудсманот Зибери


Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зибери во изјава за […]

Владата ја усвои информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан


  Владата на денешната 95. седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан и го прифати усогласениот текст на Договорот. Договорот ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во […]

Македонските граѓани најмногу губат лични карти


Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија најмногу се губат личните карти. Само од почетокот на годинава досега се изгубени 15.682 лични карти, односно се извршени толку објави во „Службен весник на РМ“, вели директорот на ЈП „Службен весник на РМ“, Мартин Костовски. Во истиот период, додава тој, изгубени се 3.748 пасоши, 1.932 дипломи, околу 3.600 […]