Сервисирани се и оперативни сите лифтови во зградата на МТВ


Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции. Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и […]

Нема целосен регистар на лифтови во земјава, а најголем проблем е квалитетот на одржување


Нема целосен регистар на лифтови во земјава. Според проценките од околу 12-13 илјади, регистрирани се 5 илјади лифтови. Редовното сервисирање и проверка е на високо ниво кај правните субјкети, додека кај станбените, иако подобрување во последните години, сепак е на пониско ниво. Што се однесува до безбедноста на лифтовите во сеизмички услови, иако кај нас […]

Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви


Советниците на Општина карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа. Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот […]

Случај лифтови: Фирмата од Битола не е „фантомска“, постои 30 години


  БИТОЛА – Фирмата за лифтови, која вчера беше спомната како „фантомска“ од Антикорупциската комисија, ги негира овие наводи. „Сервис Дака“ од Битола не е фантомска фирма, туку опстојува цели 30 години во бизнисот со лифтови, велат од таму за „Независен“. Според нејзиното портфолио, „Сервис Дака“ проектира, монтира, сервисира и одржува лифтови, а произведува и […]

Ковачевски ги повика ЈО и надлежните институции да го испитаат случајот со фирмата за одржување лифтови


На новинарско прашање како можело да се дозволи компанија што нема лиценца, односно со фалсификувани сертификати, да добие тендери за одржување на лифтови што чинат толкави суми, премиерот Димитар Ковачевски одговори дека го поттикнува Јавното обвинителството и сите надлежни институции веднаш да го испитаат тој случај. – Доколку се работи за вистинити наводи во медиумите, […]

Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери, најмногу во јавни институции, ДКСК бара експресна постaпка


Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за […]

Пет лифтови направени според современи стандарди пуштени во употреба во ГОБ „8 Септември“


Пет нови лифтови направени според современите ЕУ стандарди од кои три болнички со носивост 1600 килограми и брзина на движење до 1,6 метри во секунда и два патнички се пуштени во употреба во Градската општа болница „8 Септември“, изјави денеска директорот на болницата, Христијан Костов. Тој посочи дека лифтовите се со многу подобри карактеристики отколку […]

Формирано Здружение на граѓани корисници на лифтови


Здружението на граѓани корисници на лифтови и друштва во Република Македонија е основано во јануари 2018 година со цел зголемување на свеста за значењето на користењето на лифтовите, како и зголемување на безбедноста на граѓаните при нивно користење. Според Здружението, за овој аспект воопшто не е посветено внимание, а е особено важен за безбедноста и здравјето на граѓаните. Здружението информира […]