Уште 50 домаќинства во Лисиче селектираат пластика


Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти. Проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот […]

Се реновира просторот околу ТЦ Лисиче


Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период конечно добива нов, модерен и уреден изглед. Трговскиот центар претставува едно од главните јадра во овој дел од Аеродром, место кадешто секојдневно гравитираат голем број граѓани и кое има значајна улога во локалното секојдневие. Со проектот се […]

Изгореле две куќи во Лисиче, огнот го пеплосал и покривот на соседите


Во пожар што избил ноќеска во скопската населба Лисиче изгореле две куќи, а од нив огнот се префрлил на покривот на соседната, па и тој е пеплосан, соопшти Територијалната противпожарна единица на Скопје „На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба […]

Аеродром: Во Лисиче ќе се гради само една зграда – нема бетонизација


  Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој предвидува изградба само на една зграда, два паркови и решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината. Финалната верзија на урбанистички план е изработена да го унапреди урбаното живеење […]

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче


Градоначалникот Тимчо Муцунски во Аеродром, по три години управување со Општината, ќе остане запаметен по нереализирање на ниту еден проект и само по усвојување на ДУП-от со кој отпочнува бетонизацијата на Лисиче. Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски” доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно […]

Подобрено снабдувањето со електрична енергија во населбата Лисиче


Електродистрибуција ја заврши првата фаза на проектот за замена на надземните водови со подземна мрежа на ул. „Гаврил Константиновиќ” во скопската населба Лисиче. Среднонапонската дистрибутивна мрежа е целосно реконструирана, а во втората фаза која е во тек, се продолжува со изведба на работни активности на нисконапонската мрежа. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг […]

Без вода повеќе улици во Лисиче


Без вода денеска од 14:15 часот ќе бидат повеќе улици во Лисиче поради уличен дефект на улица „Јован Кукузел“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат оттаму, прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица „Јован Кукузел“ 9А, а без вода ќе бидат корисниците од улица […]

Непријатна миризба се шири во населбата Лисиче – никој не знае од каде


Општинските служби постапуваат по реакциите на граѓаните за непријатна миризба која се шири во населбата Лисиче, соопштија од Аеродром.   Инспекциските служби на Општина Аеродром заедно со одговорните лица од ЈП „Водовод и Канализација“ преземаат активности за утврдување причината за непријатната миризба која се шири во населбата Лисиче. При проверките констатирано е дека миризбата се […]

Пронајдена исчезната малолетничка од Лисиче, предадена е на родителот


Во скопската населба Лисиче денеска била пронајдена 14-годишна малолетничка, која вчера се оддалечила од домот.  -Од тимот за потраги при ОКР Центар и Бит Пазар денеска во населба Лисиче  во Скопје пронајдена е М.К. (14), за која од страна на нејзината мајка Д.К. на 25.09.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот, соопшти вечерва МВР. […]

Битка за скопската населба Лисиче. Кој ќе победи – Општина Аеродром или граѓаните


  Вистинска политичка и граѓанска битка се води во скопската општина Аеродром за Деталниот урбанистички план за населбата Лисиче. Жителите протестираат, Општината црта и прецртува, партиите гледаат како да го извлечат максимумот од оваа борба, компаниите што сакаат да градат го чекаат исходот во кој со секој план се намалува бројот на зградите и станбените […]

Два нови парка и намалување на бројот на станбени површини за 90 проценти


Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој ја крена јавноста на нозе, сега добива трета верзија која предвидува многу зеленило и намалување на бројот на станбени површини за 90 осто. Општина Аеродром ја подготви третата верзија на планот, целосно усогласена и направена согласно барањата на граѓаните и за истата во текот на следната […]

Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче


Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.  Сега, како некое компромисно решение, се готви нов, трет план за новиот ДУП за Лисиче, […]

(ФОТО, ВИДЕО) Нов план за Лисиче: Наместо девет, се нудат три згради – две се повисоки од планираните


Во напната, зовриена атмосфера помина вчерашната јавна презентација на новиот ДУП за Лисиче, Урбан блок ЈИ 09.01. Презентацијата се одржа во средата, во ООУ „Димитар Македонски“, а училницата беше претесна да ги собере стотината жители на населбата Лисиче кои дојдоа да ги видат направените промени и новите решенија кои им ги објаснија планерите од „Тајфа-план“ […]

Коригираниот ДУП за Лисиче, од понеделник, на јавна анкета


Лисичани од наредниот понеделник ќе го имаат на увид коригираниот ДУП за населбата Лисиче, во кој треба да се опфатени и забелешките кои граѓаните ги доставиле преку анкетните листови во периодот кога предложениот ДУП беше ставен на јавна анкета. Транспарентното работење и водењето грижа за интересот на граѓаните остануваат наши приоритети при носењето одлуки кои […]

Плоштад и спортски центар во Лисиче


  Лисиче и „Островска“ добиваат нов плоштад и современ спортски центар, проект кој целосно се реализира со средства на Општина Аеродром. Градоначалникот Тимчо Муцунски и Претседателот на Советот Дејан Митески утрово беа посета во посета на Лисиче каде уште еднаш заеднички потврдија дека активностите за изградба на новиот модерен и повеќенаменски спортски центар на „Островска“ се реализираат согласно […]

Општина Аеродром иницира 50 отсто пониски комуналии за градба на куќи, ќе изгласа ли Град Скопје?


Општина Аеродром иницира постапка за намалување на комуналиите за 50% за индивидуално домување во населбата Лисиче и Горно Лисиче.    Општина Аеродром на последната седница на Советот, усвои предлог иницијатива за обраќање до Град Скопје со цел намалување за 50% на надоместокот за уредување земјиште за изградба на објекти за индивидуално домување (куќи) во населените […]

Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП за дел од населба Лисиче


Општина Аеродром соопшти дека ги прифатиле најголем дел од забелешките на граѓаните за Деталниот урбанистички план Лисиче и дека подготвуваат втора верзија за планот.   По завршувањето на јавната анкета и комплетирање на транспарентниот процес за изготвување на нов Детален урбанистички план за дел од населбата Лисиче, во тек е постапката за ревидирање на истиот […]

Се поставува сигнализација пред основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче


На барање на граѓаните од Горно Лисиче, Општина Аеродром започна активности со кои трајно се решава едно важно сообраќајно прашање и се подигнува безбедноста во сообраќајот на граѓаните во овој дел од општината. – Пред основното училиште „Гоце Делчев“ од денеска активно се работи на поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, легнати полицајци, а се воспоставува […]

Почна изградбата на мултифунционален спортско-рекреативен комплекс во Лисиче


Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваа почетокот на градежните работи за изградба на нов спортско-рекреативен комплекс во Лисиче. Инвестиција целосно обезбедена од општина Аеродром. Муцунски истакна дека во овој дел од општина Аеродром повеќе од 10 години немало ваков тип на инвестиција. „Токму денеска, на оваа локација […]

Град Скопје со мост ќе ги поврзе Маџари и Лисиче?


Освен пешачки мост, според Генералниот урбанистички план бил зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари, објави „Вечер“. Град Скопје деновиве подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците „Февруарски поход“, „Маџари“, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1“ како и […]