Се бараат изведувачи за ремедијација на малата депонија во „Охис“


Владата, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), организираше „Форум за јакнење на капацитетите на добавувачи“ во рамки на Националниот еколошки фонд за чистење на контаминираните локации на поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Форумот привлече 28 домашни и меѓународни компании, даватели на еколошки услуги, технички експерти и релевантни институции и беше […]

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вечерва информира дека нема никакво истекување на линдан од поранешниот индустриски комплекс ОХИС, уверувајќи дека процесот на негово чистење се одвива континуирано и безбедно. -МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, се наведува […]

Исчистени 450 тони линдан и 250 тони контаминирана земја – остана уште петтиот лот


Вкупно 450 тони отпад од линдан и 250 тони контаминирана земја се ископани од четвртиот канал (лот) на малата депонија во кругот на ОХИС. Целата количина линдан е спакувана во буриња, при што 240 тони веќе се извезени, а наскоро и остатокот. Контаминираната земја ќе се транспортира до крајот на октомври. Досега, од малата депонија […]

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4


Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија. Воедно, денеска […]

На Пеленица има околу 40.000 тони контаминирана почва со линдан


Истражувања покажуваат дека на месноста Пеленица, Драчево, фрлени се одредени количини на опасен отпад од линдан и како резултат на тоа на локацијата има околу 40.000 тони контаминирана почва, рече директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски на денешната прес-конференција. Во 2018 година е донесена забрана за пристап на деца, а пред две […]

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција


Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и […]

Надвор од кругот на ОХИС нема надминување на концентрациите на линдан


Согласно добиените мерења од акредитирана лабораторија, надвор од кругот на ОХИС во воздухот од испарувањата нема надминување на концентрациите на линдан што се дадени во планот за управување и негово отстранување од депонијата, изјави директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. -Во кругот на ОХИС има на една точка надминување на концентрациите. Таа точка […]

Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во „ОХИС“ каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија. По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната […]

Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата


  Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за […]

Се шири миризба од ОХИС, од Инспекторатот велат дека доаѓа од големата депонија со линдан


Поради зголемување на температурите можно е во одредени временски интервали да се јавува непријатен мирис, кој потекнува од големата депонија и оваа состојба е години наназад. Големата депонија локациски се наоѓа веднаш до малата, која се чисти. ДИЖС континуирано врши инспекциски надзори – 15 дена нема активности во шаторот-мала депонија, велат од надлежниот Инспекторат за […]

Во следниот период уште 20 контејнери со опасниот линдан заминуваат од ОХИС


  Вчера за Франција замина првиот товар со опасниот линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС, а денеска министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека уште 20 контејнери во следниот период ќе бидат однесени од државата. „Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок […]

МЖСПП: Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од државава


Започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант ОХИС, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и […]

Чистењето на линданот од ОХИС оди побрзо од очекуваното


Чистењето на малата депонија со линдан во кругот на ОКТА во Скопје, оди побрзо од очекуваното, потврди денеска министерот за животна средина Насер Нуредини.  Досега е исчистен едниот базен во кој се наоѓале 450 тони линдан и околу 150 тони контаминирана почва, која е пониско концентрирана. Отпадот е безбедно складиран и се планира да се […]

Следната недела почнува чистењето на линданот од ОХИС


Следната недела започнува чистењето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС, а загадената земја со специјални контејнери ќе биде пренесена во Франција и во Холандија, каде треба да се деконтаминира. – Денеска сме сведоци на завршување на подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот, едно повеќедецениска, жешка еколошка точка, во […]

Ќе се отстранува линданот од „Охис“, чистењето ќе трае од три до пет години


Владата најавува активно решавање на проблемот со отстранувањето на индустрискиот токсичен отпад „линдан“ којшто со години се наоѓа во две депонии во фабриката „Охис“ во Скопје. Отстранувањето ќе трае од три до пет години, а која метода ќе се примени ќе зависи од собраните средства преку Фондот којшто денеска се формира во соработка со Канцеларијата […]