Постхумно обновени две книги од Лилјана Дирјан
„Тешка свила“ и „Снег за двајца“ се двете дела на Лилјана Дирјан кои се постхумно обновени од издавачката куќа „Антолог“. „Тешка свила“ е поетска збирка, поделена во три целини. Флуидна поетика на секојдневјето исполнета со носталгични сеќавања од детството, младоста, себеоткривањето преку очите на другиот, брачниот живот, мајчинството, патувањата. Ослободена од тривијална сентименталност и патетика, […]