Реал најверојатно останува без Рамос и за првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите


Капитенот на европскиот клупски шампион Реал Мадрид – Серхио Рамос, може да биде казнет за првата средба на „кралевите“ од полуфиналето во Лигата на шампиони. Причината за ова е дека шпанскиот репрезентативец слезе до тунелот на „Сантијаго Бернабеу“ за време на драматичниот реванш-меч со Јувентус, кој домаќинот го загуби со 1:3. Тој дури си дозволи […]

Џерард: Сега никој не го сака Ливерпул за противник


Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард искажа многу пофалби до тимот на Јирген Клоп кој го елиминира Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите. – Сега ниту еден од трите потенцијални ривали нема да сака да се падне со Ливерпул во полуфиналето. Навивачите на „црвените“ веруваат во играчите и во менаџерот и се оптимисти […]

Зидан: Би се радувал повеќе на титулата во Ла Лига, отколку во ЛШ


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, призна дека би се радувал повеќе на титулата во Примера, отколку на третиот последователен трофеј во Лигата на шампионите. Според францускиот тренер, освојувањето на шпанскиот шампионат е најтешка задача. Зизу додаде дека нема друго објаснување зошто неговиот Реал е поуспешен во Европа отколку на домашната сцена. – Немам објаснување […]

Повредата на Салах не е сериозна, но ќе го пропушти дуелот против Евертон


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, се повреди на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити и најверојатно ќе го пропушти само дуелот против Евертон. Салах го напушти теренот во второто полувреме на натпреварот против Сити, но по деталните прегледи било утврдено дека не станува збор за потешка повреда. Поголем проблем за Ливерпул претставува […]

Интер го одалечи Милан од Лигата на шампионите


Милан речиси сигурно нема да може да се врати во Лигата на шампионите во текот на летото. „Росонерите“ одиграа 0:0 со Интер во реприза на „Дерби дела Мадонина“ од 27-то коло од Серија А. Ремито ги остави „црвено-црните“ на осум поени од нивниот вечен ривал, кој го зазема последното четврто место, кое носи пласман во […]

Вардар против Висла ќе брка директно четвртфинале


Ракометарите на Вардар го доживеаја вториот пораз во годинешната Лига на шампионите откако пред малку загубија минимално на гостувањето во Нант со 27-26 (18-12). „Црвено-црните“ проиграа дури пред крајот на мечот кога се доближија на два гола, но по една сомнителна судиска одлука во корист на домаќинот, немаше простор за враќање. Најефикасни во редовите на […]

Прв пораз на Вардарки во Европа


Ракометарките на Вардар попладнево на гостувањето кај Мец во Франција загубија со 24:22 и го претрпеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите. Вардарки ќе играт во четврт-финалето на ЛШ без оглед на денешниот пораз, а на македонскиот шампион во последните две кола, против Битигхајн на домашен терен и на гости кај Будуќност, ќе […]

Осминафинале во ЛШ: Севилја и Манчестер Ј. единствени без голови


Фудбалерите на Севилја и на Манчестер јунајтед се единствените кои одиграа без погодоци во првите осминафинални дуели во Лигата на шампиони. Најзаслужен за тоа беше Де Хеа кој со неколку одлични интервенции ги спаси „ѓаволите“ од пораз во шпанската покраина Андалузија. Но, затоа голови имаше во Харков каде Шахтјор ја совлада Рома со 2:1. Калчолигашот […]

Фудбалска Лига на шампиони: Меси како спасител на Барселона во Лондон, Баерн го понижи Бешикташ


Баерн ја оправда фаворитската улога против Бешикташ и со пет гола предност ќе патува на возвратниот дуел во Истанбул во осминафиналето во Лигата на шампиони. По два гола за Баварците постигнаа Томас Милер (43’, 66’) и Роберт Левандовски (79’, 88’), во листата на стрелци се додаде и Кингсли Коман (53’). Турскиот претставник беше комплетен на […]

Запрена серијата на шампионите: Барса го совлада Вардар


Европскиот шампион Вардар го претрпе првиот пораз во ракометната Лига на шампиони оваа сезона. „Црвено-црните“ изгубија со 29:28 на гостувањето од Барселона со што ја прекинаа победничката серија. Најефикасен на мечот беше Даинис Криштопанс со седум гола, Циндриќ постигна пет, а кај Барселона Жалуз предводеше со шест. Арпад Штербик забележа 14 одбрани, кои сепак на крајот […]

Ждрепка за осминафинале во ЛШ: Реал М. против ПСЖ, Челзи со Барселона


Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе игра со ПСЖ, додека Челзи за противник ја доби Барселона во двете мега пресметки од осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување. Ова е епилогот по денешната жрепка во седиштето на Европската фудбалска федерација каде беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Двојки за осминафинале во ЛШ: Јувентус – […]

Лига на шампиони во ракомет: Металург поразен од Спортинг во Лисабон


Спортинг Лисабон му нанесе седми пораз на Металург во Лигата на шампиони во оваа сезона. Португалскиот состав го совлада вицепрвакот на Македонија со 31:27 (полувреме 12:15) во натпревар од десеттото, последно, коло во групата Д. Домашниот ракометар Пасарин беше најефикасен на натпреварот со седум гола. Најголема поддршка притоа имаше од Марцо и Портела кои постигнаа […]

Ракометарите на Вардар го декласираа Кристијанштад во Лигата на шампиони


Актуелниот европски и македонски шампион Вардар делуваше моќно на вечерашниот дуел со шведски Кристијанштад завршувајќи ја 2017 година со убедлив триумф од 31:15. За „црвено-црните“ ова беше осма победа во 10. настап сезонава во Лигата на шампионите. Отпорот на Швеѓаните во СЦ „Јане Сандански“ траеше само тринаесетина минути, по што проработи вардаровиот напад, а одбраната […]

Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ


Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампиони успеа да не прими гол на еден меч. Прекинот на негативниот рекорд и лошата серија долга 11 години на дуелот со Бенфика (2:0) го израдува тренерот на „армејците“, Виктор Гончаренко. „Се разбира дека му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната […]

ПСЖ го демолира Селтик


Натпреварите од 5. коло од Лигата на шампионите ги одбележа високата победа на ПСЖ од 7-1 во дуелот против Селти. По два голови постигнаа Нејмар и Кавани, а еднаш во листата на стрелците се запишаа Верати, Алвеш и Мбапе, кај гостите погоди Дембеле и тоа во првата минута. Манчестер Јунајтед продолжува со лошаат сезона, вечерва […]

Фудбал, ЛШ: Роналдо урна три рекорди, Ливерпул прокоцка 0:3, Бешикташ за историја


Кристијано Роналдо е централна фигура на вечерта во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Португалецот реализира два погодока во убедливата победа на Реал Мадрид против АПОЕЛ со 6:0 и притоа урна три рекорди за амортизирање на критиките во последно време што се однесуваа на неговиот голгетерски пост. Со двете реализации на стадионот „ГСП“ во Никозија, тој […]

Лига на шампиони: Ливерпул и Бешикташ по заверка на лидерските места


Фудбалската Лига на шампиони влегува во завршна фаза. По паузата за репрезентативни активности продолжува престижното натпреварување на УЕФА со денешните осум средби во групите Е, Ф, Г и Х. Внимание привлекуваат неколку од нив од причина што дел од екипите би можеле уште вечерва да се промовираат како осминафиналисти. Ова особено важи за Шахтјор и […]

Европскиот ракометен првак на ниво: Вардар му зема мерка на Рајн Некар Левен


Вардар го совлада Рајн Некар Левен со 30:26 во дербито на осмото коло во ракометната Лига на шампиони што ЕХФ, патем, го прогласи и за меч на неделата. За европскиот првак ова е седма победа со која се зацврсти на чело на табелата во групата А со 15 бода, четири повеќе од нивниот денешен ривал. […]

Ракомет, ЛШ: Вардарки го збришаа Тирингер


Целта е исполнета. Ракометарките на Вардар го совладаа Тирингер со 29:21 и со максимален ефект и осум бода се селат во главната фаза од годинашната Лига на шампиони (ЛШ). Најефикасна на натпреварот беше Александра Лакрабер со седум гола, Јованка Радичевиќ постигна шест, Полина Кузнецова додаде пет, а Андреа Пенезиќ четири. Гостинскиот состав го предводеше Лузумова […]

Радичевиќ: Играта во одбрана ќе биде клучна за успех против Тирингер


Ракометарките на Вардар утревечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ го дочекуваат составот на Тирингер во последното коло од прелиминарната групна фаза во Лигата на шампиони. Желбата е единствена, се однесува на триумф за задржување на максималниот ефект по шест одиграни кола и пренесување на осум бода во вториот круг. „Црвено-црните“ се фаворитки, го […]