Амнести интернешнал ја обвини ЕУ за соучесништво во репресијата врз мигрантите во Либија


Властите во источна и западна Либија во изминатиот месец ги засилија репресивните мерки против мигрантите и бегалците преку масовни апсења, притворања и протерувања, соопшти „Амнести интернешнал“, обвинувајќи ја Европската Унија за соучесништво во прекршувањата. Либија, каде што контролата е поделена меѓу ривалски политички и вооружени фракции, претставува главна транзитна рута за луѓето кои бегаат од […]

Лекари без граници до 9 ноември треба да ја напуштат Либија


Либиските власти со седиште во Триполи им наредија на претставниците на невладината организација Лекари без граници да ја напуштат земјата до 9 ноември. – Длабоко жалиме за оваа одлука на либиското Министерство за надворешни работи и сме сериозно загрижени за влијанието врз здравјето на луѓето на кои им помагаме, посочи раководителот на програмите на Лекари […]

Дипломатски скандал: Делегацијата на ЕУ се обиде да одржи состанок со воениот лидер во Либија и беше прогласена за непожелна


Обидот на Европската Унија да координира план за запирање на протокот на мигранти од Северна Африка се претвори во меѓусебни обвинувања во средаta, откако висок бриселски функционер беше принуден, од воен водач поддржан од Русија, да ја напушти Либија . Европскиот комесар за миграција Магнус Брунер беше прогласен за персона нон грата и протеран од […]

Либија на раб на војна: Рафинериите затворени, Русите и Американците стојат зад сè


Блокадата на либиските нафтени капацитети беше проширена во средата, бидејќи лидерите од источниот дел на земјата побараа од западните власти да се повлечат поради смената на гувернерот на централната банка, клучна позиција во земјата каде што контролата на приходите од нафта е најголемата награда за сите фракции. Властите на истокот, каде што се наоѓаат повеќето […]

Тунис ја затвори границата


Тунис привремено го затвори својот граничен премин Рас Ајдир со Либија со цел да ја зачува безбедноста на своите граѓани поради вооружените конфликти на либиската страна на преминот. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, на либиската страна на граничниот премин се гледа запалено возило, со звуци на пукотници, како и луѓе кои трчаат, […]

Бројот на загинати грчки хуманитарци во сообраќајната несреќа во Либија се зголеми на петмина


Тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи го загубија животот во сообраќајната несреќа во Либија, што се случи од засега непознати причини и под неразјаснети околности, кога возило удрило во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека од аеродромот во Бенгази се упатувале кон градот Дарна, јави дописничката на МИА од Атина. Телата на загинатите […]

Четворица членови на грчкиот спасувачки тим испратен во Либија загинаа во сообраќајна несреќа


Четворица членови на грчкиот спасувачки тим испратен во Либија загинаа во сообраќајна несреќа, пренесоа светските агенции. Четворицата Грци загинаа веднаш по пристигнувањето во Либија за да учествуваат во операциите за пребарување и спасување во областите погодени од поплавите. Несреќата се случила кога грчкиот тим составен од вкупно 19 лица бил на пат од Бенгази кон […]

Во сообраќајна несреќа во Либија повредени припадници на грчката армија, дел од испратената хуманитарна помош


Неколку припадници на грчката армија, дел од хуманитарната помош што денеска пристигна во Либија, се повредени во сообраќајна несреќа на пат кон градот Дерна, кога автобусот со медицинскиот персонал се судрил со возило кое се движело во спротивна насока, соопштија од Генералштабот на националната одбрана на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се […]

ОН: Стотици илјади луѓе погодени од катастрофата во Либија


Стотици илјади луѓе имаат потреба од итна помош по разорните поплави во Либија, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА). Агенцијата во апелот повика на итна помош од 71,4 милиони американски долари „за да се задоволат најитните потреби на 250.000 луѓе од вкупно 884.000 што се очекува да им биде потребна помош […]

Црвениот крст организра донации за Либија


Црвениот крст организира помош за настраданото население од поплавите што на 10 септември зафатија повеќе градови во Либија, каде што бројот на загинати лица досега достигна до 5000, додека 10 000 луѓе се водат како исчезнати. Во знак на солидарност со тамошното население, Црвениот крст објави дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да […]

(Видео) Поплавите во Либија збришаа четвртина од градот Дерна


Откако браните пукнаа во големото невреме што ја зафати Либија, околу четвртина од  град Дерна на истокот на земјата беше збришан, соопшти во вторникот регионалната администрација, а Црвениот крст соопшти дека околу 10.000 луѓе се водат како исчезнати во поплавите низ целата земја. Само во Дерна веќе се извлечени најмалку 1.000 тела. Локалните власти стравуваат […]

Либија: Во бурата „Даниел“ загинаа најмалку 150 луѓе


Најмалку 150 лица загинаа во силното невреме што ја погоди источна Либија. Невремето донесе обилни дождови кои предизвикаа поплави, а оштетени се куќи и патишта, соопштија денеска владини извори. Властите прогласија вонредна состојба, ги затворија училиштата и продавниците и воведоа полициски час од недела. Бурата „Даниел“ ги погоди либиските градови Бенгази, Сус, Ал Бајда, Ал-Марџ […]

ОН: Исчезнаа 2,5 тони ураниум од Либија


Инспектори на нуклеарна контрола од Обединетите нации открија дека околу два ипол тони природен ураниум исчезнале од наоѓалиште во Либија, кое повеќе не е под контрола на владата на државата, јавија западни медиуми. При вчерашната инспекција, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврдиле дека „10 буриња во кои имало околу два и пол […]

Во Либија 17 членови на ИД осудени на смрт


  Во Либија 17 поранешни припадници на Исламска држава се осудени на смрт поради убиството на 53 лица во западниот град Сабрата и уништувањето на државен имот. Не е познато кога ќе бидат извршени смртните казни. За истото дела 16 екстремисти се осудени на затворски казни, од кои двајца на доживотен затвор. Џихадистите го зајакнаа […]

Најмалку 22 мигранти се удавија во близина на Либија


Дваесет и два мигранти, од кои три деца се удавија во близина на брегот на Либан, соопштија вчера Обединети нации. Мигрантите девет дена биле на море во гумен чамец, а 61 човек преживеале. Најголемиот број се државјани на Мали. – Мигрантите на 22 јуни тргнале од либискиот град Зувари, во близина на границата со Тунис. […]

УНХЦР: Првиот бегалски камп на ОН во Либија ќе биде отворен в година


Првиот центар на ОН во Либија за времено прифаќање на бегалци ќе биде отворен кон почетокот на следната година, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди за време на меѓународната конференција „Средоземноморски дијалог“. Тој изрази надеж дека центарот на УНХЦР за времено прифаќање на луѓе, кои бараат меѓународна заштита, да почне со работа […]