Од јули директни летови од Скопје до Алгеро и Палермо во Италија


Во летната сезона од Скопје ќе се лета за Палермо и за Алгеро во Италија. Со почетокот на летниот ред на летање, кон крајот на март, скопскиот аеродром ќе ја прошири својата мрежа на линии со уште две нови релации – кон Будимпешта и Неапол, додека охридскиот аеродром ќе добие нова линија до Милано. Во […]

Контролорите на летање штрајкуваат во САД: Одложени повеќе од 8.000 летови


Повеќе од 8.000 летови беа одложени низ САД во неделата, бидејќи отсуствата на контролорите на летање од работа поради проблеми со финансирањето на буџетот продолжија да го нарушуваат воздушниот сообраќај во САД, бидејќи финансиската блокада на федералната влада влезе во својот 26-ти ден. Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, изјави дека Федералната администрација за воздухопловство […]

Кои аеродроми во регионот имаат најмногу летови


Пресметувајќи го периодот од последниот ден на јули до шести август, аеродромот во Белград имал најмногу летови во просек – 127,6 дневно. Следен е Сплит, на кој очигледно му оди многу добро оваа сезона – нивниот просек е 84,1. Загреб е трет (62,1), Дубровник е петти (53,4), а Приштина е шеста (45,6). На аеродромот во […]

Наскоро летате со авион? Европските контролори издадоа предупредување: „Ситуацијата е хаотична“


Патниците кои летово ќе патуваат со авион се предупредени на „предизвувачко“ лето. Еуроконтрол, регулатор на воздушниот простор во Европа, очекува контролата на воздушниот сообраќај да биде преоптоварена во многу европски земји. Еуроконтрол издаде предупредување на почетокот на шпицот на туристичката сезона. Тие велат дека се очекуваат околу 33.000 дневни летови низ Европа во следните осум […]

Сѐ повеќе турбуленции на летовите, научна студија открива што ги предизвикува


  Турбуленциите во отворениот простор веќе создаваат значителни трошоци за американските авиокомпании, што резултира со повреди, доцнење на летот и оштетување на авионите. Секоја дополнителна минута помината во турбуленции ги зголемува овие ризици. Новото истражување покажува дека турбуленцијата во воздухот, невидливата форма на турбуленција што се јавува на небото без облаци, се влошила поради климатските […]

Откажани 700 појдовни летови: Штрајк на работниците на безбедносните контролни во Германија


Сите полетувања од четири аеродроми во Германија ќе бидат откажани денеска и утре, поради штрајкот на работниците на безбедносните контролни, на кој повика синдикатот Верди, а со последиците од прекинот ќе се соочат најмалку 100.000 луѓе. Според германското аеродромско здружение АДВ, околу 700 појдовни летови ќе бидат откажани поради штрајкови на аеродромите во Дизелдорф, Хамбург […]

Заштедете при резервација: Ова се деновите во месецот кога авионските билетите се најевтини


Кога ги бараат најевтините авионски билети, многумина го бараат најдоброто време од годината или најдобриот месец, недела или дури и најдобро време од денот за да купат авионски билети. Но, има многу фактори кои влијаат на цените, така што не постои златно правило кое важи за сите летови, ниту пак има одредено време од денот, […]

Нов повик за финансиска поддршка за нови авиолинии


  Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 – 2025 година. Неговата објава следува по поништувањето на претходниот тендер за таа намена откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле […]

Се откажуваат летови во Британија поради минусни температури и магла


Најголемата авио-компанија „Бритиш ервејс“ во Велика Британија откажа околу 80 летови поради исклучително ниските температури на воздухот и маглата. Авио-компанијата синоќа најави дека ќе мора да го намали бројот на летови за околу 15 отсто поради временските услови и ограничувањата на контролата на летање. Ноќеска, температурата падна на -8,4 степени Целзиусови, што е најниска температура […]

Продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови


До 26 јануари напладне е продолжен рокот за доставување понуди на тендерот за субвенции за нови авиолинии, којшто според првичната објава требаше да трае до задутре во 12 часот. Од Министерството за транспорт и врски за МИА  изјавија дека рокот е продолжен поради измени во тендерската документација, каде во критериумите за учество нема да се […]

Авионите од Скопскиот аеродром полетуваат, за еден час одложено слетувањето на авионот од Истанбул


 Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7.55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување. Следното слетување на аеродромот […]

Шефот на „Рајанер“: Заврши ерата на летови што чинат 10 евра


  Шфот на авиокомпанијата „Рајанер“ Мајкл О`Лари изјави дека комапнијата нема повеќе да нуди летови по најниски цени поради растот на цената на горивата, пренесе Би-би-си. Наведува дека ерата на билети кои чинат 10 евра завршила. Просечната цена на авионска карта порасна за отприлика 40 евра и во следните најмалку пет години ќе чини 50 […]

„Виз Ер“ ја најави зимската сезона за летање од Скопје


Wizz Air го финализираше својот распоред за зимската сезона за базата во Скопје, кој започнува на 30 октомври, оваа година и завршува на 25 март, следната година. Унгарскиот нискобуџетен превозник ќе сообраќа на 30 линии од Скопје во текот на сезоната, една помалку од оваа летна сеоза. Релацијата Скопје – Малта е таа што не […]

Сите патници кои летаат за САД мора да се тестираат на Ковид-19


  Сите патници кои по воздушен пат сакаат да влезат во САД мора и понатаму, без разлика дали се вакцинирани или не, да имаат негативен тест на Ковид-19, објави Белата куќа. „Постојано ги проценуваме нашите одлуки, но актуелните правила за тестирање за сега остануваат на сила“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер во средата, […]

Од утре од 17 часот летовите на аеродромот во Скопје се нормализираат


ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие. Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа на 28-ми март и оттогаш досега распоредот на летови […]

Повеќе од 4.000 летови откажани ширум светот


САД– Повеќе од 4.000 летови беа откажани ширум светот во текот на вчерашниот ден, повеќе од половина од американските компании, делумно поради лошите временски услови, но најмногу поради зголемувањето на инфекциите со сојот Омикрон на коронавирусот. Според FlightAware.com, вчера биле откажани 2.400 полетувања кон и од САД. Во светот, повеќе од 11.200 летови доцнеа или беа […]

САД: Продолжи откажувањето летови – на пилотите им нудат тројни плати за да летаат


  До претпладневните часови на истокот на САД откажани се повеќе од 2.300 летови, соопшти денеска сервисот за следење летови ФлајтАвер. Тоа се најмногу откажани летови во еден ден од пред Божик кога авиокомпаниите мораа да откажуваат летови поради зголемен број заразени од Ковид-19 меѓу персоналот, пренесе АП. Повеќе од 12.000 летови во САД се […]

Поради голем снег се откажуваат летови во Јапонија


Повеќе од 100 домашни патнички летови во Јапонија се откажани поради обилни врнежи од снег, соопштија две јапонски авио-компанија. Компанијата АНА Холдингс откажа 77 летови со што се погодени 5.100 патници, рече Јутака Китахара, оперативен директор на компанијата. „Со оглед на временските прилики на североистокот на Јапонија кои и понатаму се неповолни, можни се дополнителни […]

САД: Постојат ризици за комерцијалните летови над Персискиот Залив


САД – Американски дипломати ги предупредија комерцијалните авиокомпании чии авиони летаат над реонот на Персискиот Залив, дека се соочуваат со ризик нивните летала да бидат „погрешно идентификувани“ и да бидат цел на напад. Во услови на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, САД го засилија своето воено присуство во регионот испраќајќи дополнителен број бродови вооружени со […]

Рекорд: Само вчера над македонското небо имало над 1.000 летови


Над македонското небо вчера се забележани рекордни 1.007 летови, со што втор пат оваа година се надмина бројот на летовите, велат од М-НАВ. Директорот на М-НАВ Николче Тасески изјави дека вчера се остварени вкупно 943 прелети и 64 операции на аеродромите во Скопје и Охрид. – Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на […]