Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?


Новите правила за прочистување на отпадните води отвораат дебата меѓу заштитата на животната средина и достапноста на евтините лекови. Новата европска директива за прочистување на комуналните отпадни води отвора жестока дебата меѓу фармацевтската индустрија и научната заедница: како да се заштитат водите од остатоци од лекови, без притоа да се загрози достапноста на евтините генерички […]

Од лажни доктори до ризични предизвици – како дезинформациите стануваат опасни


  ЕЛИЦА БОЧВАРОВСКА Лани четворица доктори до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи пријавиле кражба на идентитет, со ширење на лажно видео креирано со вештачка интелигенција. Од Државното јавно обвинителство ни изјавија дека засега не може да се споделат дополнителни информации, бидејќи истрагата е во тек и најверојатно се работи за поширока […]

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања


Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените.   – Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем, поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание […]

Електронски систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови


Нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови”, е промовиран денеска во Министерството за здравство. Со модулот, како што рече министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција, за прв пат се отпочнува со дигитализација на постапката за ставање на нов лек на позитивна листа. Тој посочи дека модулот […]

Недостигот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи, предупредија европските ревизори


Според извештајот на Европскиот суд на ревизори објавен денес, недостигот на клучни лекови во Европската Унија веројатно ќе продолжи и во иднина. И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, повремено ќе бидат недостапни. Бројот на лекови што се во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. […]

Боцвана прогласи вонредна состојба во здравството поради недостаток на лекови


Претседателот на Боцвана, Дума Боко, прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостаток на основни лекови и медицинска опрема. Тој, исто така, изложи план од повеќе милиони долари за решавање на проблемите со синџирот на снабдување, кој вклучува воен надзор. Тој рече дека решавањето на проблемот ќе биде тешко поради лошата состојба на економијата, но […]

Ќе поскапат ли лековите? Удар од 200 проценти за фармацевтската индустрија во Европа


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека наскоро ќе бидат воведени долгонајавуваните царини за фармацевтските производи, што предизвика сериозна загриженост во индустријата. Предлогот за царина од дури 200% би можел значително да ги зголеми цените на лековите и да ги загрози профитните маржи на фармацевтските компании. Трамп во вторник изјави дека мерките ќе стапат во […]

Онколошки лекови ќе се земаат од аптека


Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје пациентите со рак на дојка ќе може да ја подигнуваат таблетарната терапија од аптеките во своето место на живеење. Станува збор за лековите летрозол и анастразол кои ги употребуваат околу 2.500 пациенти.  Од фондот за здравство велат дека лековите ќе бидат достапни во аптеките за околу три […]

Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?


Европејците плаќаат различни цени за лекови во зависност од тоа во која држава точно живеат, но трошат значително помалку отколку Американците. Претседателот на САД Доналд Трамп во понеделникот ја критикуваше Европската унија кога ги објави плановите за намалување на трошоците за лекови за Американците. „Ќе плаќаме колку и Европа“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи […]

Клековски: Сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини пред велигденските празници


Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски вели дека недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки, но најавува дека пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини. – Во моментот се реализира јавната годишна набавка, таа е отворена минатиот петок, заради […]

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25 отсто и слични давачки за полупроводници и фармацевтски производи, што е најново во серијата мерки што би можеле да ја нарушат меѓународната трговија. Трамп во петокот рече дека нема да воведува царини за автомобили пред 2 април, ден откако […]

Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји


Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји, соопшти денеска телото за спроведување на законот на Европската унија, Европол. Повеќе од 400.000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу […]

На ГП “Ќафасан” албанската полиција спречи шверц на лекови


На граничниот премин “Ќафасан”, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на лекови од македонска територија и уапсила жител на Поградец. -Граничната полиција на преминот  “Ќафасан” уапси 31-годишен маж, идентификуван како Фатјон Вешо, кој се обиде да прошверцува од македонска на албанска територија лиценцирана стока, која ја сокрил во возило, стои во полициското соопштение. Се додава […]

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина


Достапните здравствено осигурувања во САД, „Медикеар“ и „Медикејд“, од наскоро ќе опфаќаат и бесплатни лекови против зголемена телесна тежина, јавија синоќа од Белата куќа. Осигурувањето ќе покрива лекови чија цена надминва 1.000 долари.   -Овој предлог ќе им овозможи на Американците и нивните лекари да одредат најдобар начин за прогрес во водењето поздрав начин на […]

Од 16 септември девет нови лекови на позитивната листа


Деветте нови лекови на позитивната листа пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земаат од 16 септември, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.  На товар на ФЗО ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и […]

(Во живо) Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни


Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари. Како што истакнаа Мицкоски и Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор […]

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови


 Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот […]

Истражување: Петина лекови во Африка се со лош квалитет или се фалсификувани


Петина од лековите во Африка не ги задоволуваат стандардите за квалитет или се фалсификувани, покажува обемно истражување кое предизвикува загриженост дека овој проблем може да доведе до бројни смртни случаи во потсахарското подрачје. Истражувачи од Универзитетот Бахир Дар во Етиопија анализирале 7.508 примероци лекови, а од тој број 1.639 не задоволиле квалитет барем на еден […]

Мицкоски лично во Царина ќе ги гледал фактурите за увоз на лекови


  Премиерот  Христијан Мицкоски ќе ја преземе работата на директорот на Царина и одговорните службеници таму и лично ќе ги прегледувал фактурите за убоз на здравствени медикаменти. Тој денес изјави дека тој и Владата нема да дозволеле „сопствениците на веледрогериите да се богатат на здравјето на граѓаните“. Според него, состојбата во здравството е „апокалиптична“. „Лично […]

ЕК формира Сојуз за критични лекови


Телото за подготвеност и одговор на здравствените кризи на Европската комисија (ХЕРА) во вторник објави повик за изразување интерес за приклучување кон Сојузот за критични лекови, што е една од клучните мерки за спречување и решавање на недостигот на есенцијални лекови. Сојузот за критични лекови е отворен за сите заинтересирани страни и треба да работи […]