Лекарската комора повикува сите да ги почитуваат медицинските протоколи – здравјето на пацентите е приоритет


  Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, апелираат попладнево од Лекарската комора, преку соопштение до јавноста. „Лекарската комора ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани. […]

Во Македонија има 9.900 активни лекарски лиценци


Оваа година Лекарска комора одбележува 20 години од добивањето на јавни овластувања за издавање на лиценци за работа на докторите на медицина, организирање на полагање стручен испит и акредитација на настаните од континуираната медицинска едукација, како многу значаен систем за акредитација на медицинската професија кој директно нè приближува до европските стандарди. По тој повод денес […]

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа


Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница (https://lkm.org.mk/mk/record/121/962/lista-na-doktori-so-vazhechki-licenci) објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа. Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е […]

Што побара Лекарската комора од министерот Таравари: Истакнати три приоритетни реформи


Електронско водење на целокупната медицинска документација, запазување на начинот на упатување на пациентите во здравствениот систем и инклузивен процес за проширувањето на Позитивната листа на лекови се приоритетните реформи што Лекарската комора ги истакна на првата средба со новиот министер за здравство д-р Арбен Таравари, што се одржа денес во просториите на Комората. „Сметаме дека […]

Лекарска комора одбележа 32 години постоење


Лекарската комора одбележа 32 година од постоењето како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја на свеченоста организирана во „Куќата на уметноста“, во село Кнежино, во присуство на претставници на органите и телата на Комората, претставници на државни институции како и доктори од целата држава. Пригодни обраќања имаа претседателката на […]

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата


Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата потпишаа денеска трите медицински комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје. Како што беше истакнато на прес-конференцијата по овој повод, целта на Декларацијата е создавање поширок фронт за поддршка на вакцинацијата и одржување континуитет на активностите за промоција […]

Лекарска комора бара веднаш да се расветли убиството на матичниот доктор


Лекарската комора на Македонија преку социјалната мрежа Фејсбук го осуди убиството на матичниот лекар на паркингот на Поликлиниката Железара. Бараат од истражните органи да го расветлат случајот. -Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела. Истакнуваме дека никаков вид на […]

Лекарската комора постои 31 година: Благодарници за докторите кои придонесоа за развој на трансплантација и органодарителство


Лекарската комора одбележа 31 година од постоењето на свеченост организирана во црквата „Света Софија“ во Охрид на која присуствуваа членовите на органите и телата на Kомората и високи претставници на државни институции. Пригодни обраќања имаа претседателката на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, заменик претседателот на Комората, доц. д-р Беким Исмаили и заменик министерката за […]

Лекарската комора може да му ја одземе лиценцата на анестезиологот од Тетово најмногу до 7 години


Лекарската комора одлучи да покрене постапка за анестезиологот Ваљон Дервиши од Тетовската болница пред судот на честа. Обвинителот на Судот на честа на ЛК ја прифатил пријавата и доставил обвинение против. -Со предлог да му изрече мерка за одземе на лиценцата за работа, согласно правните регулативи, информираа денеска од Лекарската комора. Од таму се извинија […]

Лекарска комора го осуди инцидентот во болницата во Тетово, итно ќе се испита случајот


 Лекарската комора најостро го осудува инцидентот кој се случи во болницата во Тетово во кој видео снимка од пациенти се објави на социјалните медиуми. -Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот […]

Лекарска комора: Заканата за безбедноста врз лекарите е и закана за грижата за пациентите


Со цел подигнување на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници и поттикнување на преземање на мерки за негово намалување Лекарската комора се придружува кон одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат. Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат […]

Лекарска комора: Одземањето на лиценца не може да се прави по лично убедување на поединци


Лекарската комора денеска преку соопштение информираше дека останува остворена за соработка со надлежните институции со цел да се расветлат сите случаи кои упатуваат на пропусти во постапките за лекување на пациенти со Ковид -19. – Лекарската комора изразува длабоко жалење за личните трагедии на пациентите и семејствата и останува отворена за соработка со надлежните институции, […]

Калина Гривчева Старделова реизбрана за претседател на Лекарската комора


Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора на Република Северна Македонија на денешната конститутивна седница на Собранието на Комората што се одржа во просториите на Градската општа болница „8. Септември“. Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска […]

Предлог на словенечката Лекарска комора: На боледување до три дена без посета на лекар


За да се одобри кратко отсуство од работа поради здравствени причини, на вработените во Словенија не им требаше лекар во најтешките фази на пандемијата и оптоварувањето на здравствениот систем, а лекарите предлагаат повторно да се воведе tаа мерка. Лекарската комора на Словенија во предлогот до Владата наведува дека можноста за оправдано отсуство од работа до […]

Лекарска комора: Континуираната едукација е клучна за зголемувањe на опфатот со вакцинација


Вакцинација е најдобрата заштита од сериозни заразни болести, но и една од најуспешните и најисплатливите инвестиции на јавното здравство, а лекарите имаат клучна улога во проширувањето на опфатот со вакцини, соопшти Лекарската комора по повод Светската недела на имунизација, која се одбележува последната недела од април, а чие мото годинава е „Долг живот за сите“. […]

Меморандум за соработка меѓу ЗНМ и Лекарската комора


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Лекарската комора со  Меморандум се обврзуваат заедно да работат на подигнување на нивото на соработка меѓу професиите кои ги застапуваат и унапредување на здравствената култура во нашата земја. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа претседателите на двете организации, Младен Чадиковски и Калина Гривчева-Старделова. Како што соопшти ЗНМ, двете […]

Хирург од Гостивар го доби највисокото признание од Лекарската комора


Д-р Гафур Мемети, специјалист по општа хирургија од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар е добитник на Плакетата „Св. Наум Охридски“, највисокото признание на Лекарската комора на Македонија. Наградата на Мемети му беше врачена на свеченоста која се одржа завчера во Битола, каде Лекарската Комора одбележа 26 години од формирањето. Д-р Мемети е активен хирург […]

За четири месеци од државата заминале 110 лекари, колку за цела година лани


Во првите четири месеци од годинава 110 лекари побарале потврда за нивниот статус од Лекарската комора, што безмалку е колку потврдите што Комората ги издала за цела 2017 година, кога тој број бил 120. Овие потврди лекарите најчесто ги користат за да заминат на работа во странство, мал дел и за едукација надвор. Но, бројот […]